
How do we get more young people in Europe to volunteer?

вовед
Комесарот Тибор Наврачич - Европскиот комесар за млади, сака да им помогне на многу млади лица да се вклучат во нивните заедници преку волонтирање и други активности. Тој неодамна дискутираше со многу млади лица он-лајн и во живо на разни теми, а сега би сакал да слушне што имаат да предложат останатите млади од Европа.
Сака да ги чуе Вашите идеи и мислења за за тоа што треба да се промени и да се олесни за младите лица да се вклучат во нивните заедници преку волонтирање и други активности.
Ова ќе биде спроведено од него и од неговиот тим кој ќе влијаат на политиките и практиките на Европско и национално ниво.
Неговите дискусии со млади лица, заедно со формалното истражување на оваа тема, ги расветли некои од работите кои ги обесхрабрува младите лица да се вклучат во нивните заедници преку волонтирање и други активности, вклучувајќи ги:
- Недостаток на мотивација и информација за тоа како да се започне со волонтирање;
- Многу малку примери од кои треба да бидат инспирирани младите лица;
- Не доволна информираност за можностите и за проектите кои се достапни;
- Трошоците кои настануваат за учеството можат да бидат многу високи;
- Недоволно признавање на вложениот труд;
- Неприфаќање / непризнавање на новите вештини кои се стекнати преку учеството во активностите од потенцијалните работодавци.
Ние сакаме да ги дознаеме вашите погледи на тоа што треба да се прави за да се намалат или отстранат бариерите и се друго што го прави тежок пристапот на младите лица да се вклучат во нивните заедници.
Ве молиме да посветите доволно време за секое прашање и да ги додадете вашите мислења и предлози.
Ние со нетрпение очекуваме да прочитаме што имате да кажете!
Ве молиме да се вратите подоцна и да ги рангирате сите предлози се со цел да ни помогнете кои предлози се најбитни за вас.
Имате можност да бидете во тек со оваа консултација преку нашиот Фејсбук профил и да не следите нас Твитер.
Исто така ќе ве известуваме и по е-маил доколку ја внесете вашата е-маил адреса откако ќе ги објавите Вашите идеи или мислења (ова е волонтерско – вашиот пост ќе биде сочуван дури и да не ја внесете вашата е-маил адреса!)
Ви благодариме за учеството!!
позадина
Волонтирање низ Европа
Последното истражување за Европската Унија за Младинскиот Извештај во 2015 покажува дека еден од четворица (25%) млади лица во ЕУ биле вклучени во некаков вид на на волонтерска активност. Во секој случај, истото истражување покажало дека стапките на вклученост се многу различни и варираат од држава во држава, со највисок процент 40% и најнизок околу 10%.
Следниве графикони ги покажуваат различните нивоа на ЕУ земјите.
Истражувањето исто така покажало дека како стареат младите лица, само неколку учествуваат во волонтерска активност. Во 2014 година, низ ЕУ, 29% од 15-19 години се активни, но само 23% од 25-29 години.
Следниот приказ ја покажува различноста на активностите кои младите лица ги имаат како волонтери, најпопуларни се во добротворни настани, хуманитарни и проекти за развој, како и активности кои се поврзани со образование, обука и спорт:
Кој е одговорен за вклучување во заедницата?
Повеќето вклучувања и волонтирање се во задницата на локално ниво, организирани од групи како што се НВО, групи на заедницата, клубови и здруженија како и локалните власти. Одговорноста за политиките за законите кои го засегаат вклучувањето во заедницата и волонтирањети се креирани од националните влади на 28 земји членки на ЕУ. Одговорноста исто така може да биде пренесена и на регионалните и локалните влади, во зависност од тоа како е организирана земјата.
Европскиот Комесар за млади и Европската Комисија можат да помогнат на земја членка да направи подобрување со предложување на нови политики, истражувања, проекти во тек, како и споделување на добри практики помеѓу различни земји. Ова е направено во соработка со земјите членки преку ЕУ стратегијата за млади, која има посебен дел за волонтерски активности.
Покрај ова, Европската комисија е задолжена и за меѓународните европски иницијативи како Европски Волонтерски Сервис (ЕВС) (дел од програмата Еразмус+) и ЕУ Помош за волонтери. Исто така таа помага со промовирање на волонтерството преку Европски Младински Портал и со финансирање преку Еразмус+ програмата.
земи учество
Ви благодариме на сите за вашиот придонес на прашањето. Во моментот тие се анализираат и се претворуваат во предлози кои што можете да ги оцените по датумот наведен- ве молиме да се логирате тогаш и да ги оцените сите идеи! Во меѓувреме, кликнете на прашањето подолу за да ги видите сите придонеси кои биле објавени.
сите прашања

погледни
Како можеме да ги инспирираме младите лица како тебе да волонтираат?
Што се треба да се направи за да се мотивираат младите лица како тебе да волонтираат во вашата заедница? Како можеме да ги промениме ставовите на младите лица да бидат попристапни и поатрактивни за волонтирање? И кој сметате дека треба да превземе одговорност за ова- самите млади лица, училиштата, колеџите, универзитетите, НВО, работодавачите, локалните власти, националните власти, Европската Комисија и итн.?

погледни
Кој е најдобриот начин според вас да ви се каже како вие можете да волонтирате во вашата заедница?
Постојат многу различни начини на кои ви можете да волонтирате во вашата заеница, и многу организации кои што бараат млади лица кои ќе бидат вклучени. Како ние можеме да ви олесниме на вас да најдете проекти и организации кои што би ве заинтересирале? Кои се најдобрите начини да бидете свесни дека овие информации навистина постојат?

погледни
Што треба ние да направиме за да се осигураме дека вие сте добиле соодветно признание за вашите волонтерски работи?
Волонтирање може да биде тешка работа која што ви одзема и многу од вашето време, но исто така тоа претставува и одличен начин за да научите нови вештини кои што ќе бидат корисни кога би барале работа или место на колеџ или универзитет. Како би требало ние да се осигураме дека вашиот вложен напор е признаен? И што треба да направиме дека компаниите и останатите тела целосно ги разбираат и прифаќаат новите вештини кои младите лица штио волонтираат ги имаат.

погледни
Што уште треба да направиме за да ви го олесниме процесот на почнување на волонтирањето?
Кои се потреби треба да ги промениме за да се олесни волонтирањето за вас и младите лица да волонтираат во вашата заедница? На пример дали можете да си дозволите да волонтирате? Или пак дали работењето и студирањето значи дека немате доволно време за волонтирање? Дали постојат теми кои се поврзани со осигурување, здравствен или социјален систем кои го прават потешко волонтирањето за вас? Или е нешто друго? Кажете ни!
кажи го твоето мислење
Ви благодариме на сите за вашиот придонес на прашањето. Во моментот тие се анализираат и се претворуваат во предлози кои што можете да ги оцените по датумот наведен- ве молиме да се логирате тогаш и да ги оцените сите идеи! Во меѓувреме, кликнете на прашањето подолу за да ги видите сите придонеси кои биле објавени.

Што се треба да се направи за да се мотивираат младите лица како тебе да волонтираат во вашата заедница? Како можеме да ги промениме ставовите на младите лица да бидат попристапни и поатрактивни за волонтирање? И кој сметате дека треба да превземе одговорност за ова- самите млади лица, училиштата, колеџите, универзитетите, НВО, работодавачите, локалните власти, националните власти, Европската Комисија и итн.?
-
Преку информирање на децата уште од млада возраст во училиштата за придобивките од волонтерството
-
Преку промовирање вистински животни приказни од волонтери
-
Преку мотивирање во вид на награда и/или церемонија со доделување награди
-
Преку обезбедување поширока палета на забавни можности од коишто би можеле да избираат, како на локално ниво, така и подалеку
-
Преку обезбедување поддршка и ресурси за младите луѓе да водат сопствени неформални волонтерски проекти
-
Преку вклучување на градењето на заедницата во наставниот план и програма на училиштето
-
Преку претворање на искуствата од волонтерска работа во услов за упис на факултет, покрај дипломите од средно образование
-
Преку телевизиска серија во којашто главниот лик е волонтер
-
Преку вклучување познати личности во промовирањето на волонтерството
-
Преку правење на искуствата од волонтерска работа услов за вработување, исто како што се квалификациите

Постојат многу различни начини на кои ви можете да волонтирате во вашата заеница, и многу организации кои што бараат млади лица кои ќе бидат вклучени. Како ние можеме да ви олесниме на вас да најдете проекти и организации кои што би ве заинтересирале? Кои се најдобрите начини да бидете свесни дека овие информации навистина постојат?
-
Преку обезбедување на училиштата со ресурси и поддршка, со цел подобра информираност за придобивките од волонтерството и за тоа како да се вклучите
-
Преку социјалните медиуми за споделување информации за конкретни можности
-
Преку подобрување на координираноста помеѓу организациите што нудат можности за волонтерство и факултетите, така што студентите ќе можат да слушнат за можностите што се однесуваат на нивните студии
-
Преку создавање привлечни промотивни материјали и кампањи (на пример, ТВ кампањи, кампањи на интернет, кампањи што не се на интернет)
-
Преку апликација за социјални медиуми со информации за можностите како да се вклучите во вашата локална област и нивно прикажување на виртуелна апликација
-
Преку подобрување на Европскиот младински портал за да може полесно да се ажурира
-
Преку инвестирање во промовирање на Европскиот младински портал така што ќе прерасне во единствено место на коешто ќе му се навраќаат сите волонтери и организации
-
Преку обезбедување постери за волонтерство во секоја училница
-
Преку активирање голема кампања „Ти можеш да го сториш тоа“, која ќе вклучува работење на низа локални проекти и нивно презентирање во училиштата
-
Преку охрабрување на родителите и наставниците и тие да се вклучат активно во нивните заедници

Волонтирање може да биде тешка работа која што ви одзема и многу од вашето време, но исто така тоа претставува и одличен начин за да научите нови вештини кои што ќе бидат корисни кога би барале работа или место на колеџ или универзитет. Како би требало ние да се осигураме дека вашиот вложен напор е признаен? И што треба да направиме дека компаниите и останатите тела целосно ги разбираат и прифаќаат новите вештини кои младите лица штио волонтираат ги имаат.
-
Обезбедување сертификат за секој волонтер во којшто се наведени волонтерските активности и стекнатите вештини
-
Признавање на вештините стекнати преку волонтерство од страна на глобалните политики на вработување
-
Обезбедување кредити во образованието за волонтерска работа
-
Олеснување на вработувањето на младите кои волонтирале
-
Запознавање на јавноста со активностите на компаниите во врска со нивната корпоративна социјална одговорност
-
Пренесување сведоштва на волонтери со цел општеството да ја разбере виталната улога на волонтерите и да стане свесно за неа
-
Зголемување на свеста на работодавците за Youthpass
-
Доставување препораки за квалитет на поранешни волонтери што ќе можат да ги користат при аплицирање за работа (на пример, писмо за препорака)

Кои се потреби треба да ги промениме за да се олесни волонтирањето за вас и младите лица да волонтираат во вашата заедница? На пример дали можете да си дозволите да волонтирате? Или пак дали работењето и студирањето значи дека немате доволно време за волонтирање? Дали постојат теми кои се поврзани со осигурување, здравствен или социјален систем кои го прават потешко волонтирањето за вас? Или е нешто друго? Кажете ни!
-
Обезбедување финансиска поддршка за покривање на трошоците и ослободување од надоместоци за социјално и друго осигурување на волонтерите
-
Овозможување индивидуално аплицирање за волонтерските можности како што се аплицира за работа, т.е. без потреба од организација којашто испраќа волонтери
-
Создавање повеќе краткорочни можности за коишто ќе може да се аплицира за краток временски период
-
Промовирање и обезбедување поддршка на младите лица од сите слоеви на општеството
-
Поддржување на социјалните служби во обидот да вклучат млади лица кои се исклучени од општествениот живот
-
Обезбедување повеќе можности за млади лица под 18 години и поместување на возрасната граница до 35 години
-
Повикување на работодавачите и факултетите на поголема флексибилност за да можат да се исполнуваат обврските кои произлегуваат од волонтерството
-
Овозможување пријателите заедно да волонтираат на проекти
-
Поврзување на училиштата со локалните организации што имаат потреба од волонтери
-
Обезбедување гаранција дека новите НВО исто така ќе добијат можност за добивање средства за волонтерство
-
Поедноставување на постапката за организациите (на пример, постапки за акредитирање) – на тој начин организациите би можеле да понудат повеќе можности за волонтерство
-
Создавање стандардни договори со приватниот сектор (на пример, волонтерот да има предност за даночни олеснувања и за аплицирање за хипотеки)
повратна инфомрација
Оваа консултација се уште е во тек, така да резултати сеуште не се достапни. Доколку ни ја дадете вашата е-маил адреса откако ќе ја постирате вашата идеа или предлог, ние ќе ви доставуваме е-мејлови од време на време за да бидеме во контакт со вас. (доколку сакате да престанете да добивате информации, Ве молиме да не контактирате на адреса преку Контакт делот.)
Иста така можете да бидете во тек со консултацијата преку нашиот Фејсбук профил и нашиот Твитер употребувајќи го хаштагот #AskNavracsics.
Процесот на консултација завршува на 31/12/2016, а откако ќе заврши процесот на рангирање тогаш резултатите автоматски ќе бидат објавени за секое прашање.
Предлозите и нивното рангирање ќе бидат анализирани се со цел за подобро разбирање што треба да се направи и кое е најдоброто да се направи, на пример што треба да се направи на европско ниво односно која е одговорноста на националната власт да го промени.
Планирано е Комесарот да ги најави конечните резултати и како понатаму планира да ги следи. Резултатите и плановите кои следуваат ќе бидат објавени по завршувањето на Младинската Конференција на ЕУ.
Контакт
Ова консултација е организирана од Одделението за младински политики на ГД Образование и Култура на Европската Комисија, по препорака на Европскиот Комесар за млади, Тибор Наврачич.
Доколку имате прашања за оваа консултацијата или доколку сакате да престанете да добивате е-маилови од нас ве молиме контектирајте не со порака на : eac-eyp@ec.europa.eu
Исто така можете да не контактирате преку нашиот Фејсбук профил на или твитер @EuropeanYouthEU.