Skip to main content

DiscoverEU

If you're 18 and a resident in an Erasmus+ Programme country, it's time to expand your comfort zone

#DiscoverEU фото & видео #Competition

Како изгледа зелено живеење?

Замисли иднина во која зелените градови се норматив. Како би изгледале тие? Во августовското издание на натпреваруваањето на фото и видео снимки, DiscoverEU Photo & Video Competition, ве покануваме да ги доловите глетките и звуците на зеленото живеење (#greenliving). Можеби сте наишле на зграда покриена со растенија, или бујна градина на покривот – дома или на некое патување. Само споделете фотографија или видео снимка, и добијте награди во вредност од 100 евра!

Натпреварот на тема #NewEuropeanBauhaus ќе трае до 15 септември! 

Правила:

  1. Споделете ја вашата фотографија или кратко видео (од максимум 15 секунди) на вашиот јавен профил на Инстаграм.
  2. Додајте ги ознаките #DiscoverEU и #Competition во својата објава.
  3. Означете го инстаграм профилот на European Youth @european_youth_eu на фотографијата или во објавата на социјалните мрежи.
  4. Пополнете го формуларот за согласност на адресата: https://youth.europa.eu/discovereu/competition/consent 
  5. Замолете ги пријателите да ја „лајкнат“ вашата фотографија/видео.

Натпреварот е отворен само за млади луѓе кои се пријавиле на еден од круговите во рамките на #DiscoverEU во 2018, 2019, 2021 и 2022 година (избрани и неизбрани учесници).

Победниците ќе добијат награда во вредност од 100 евра!

Прочитајте ги целосните правила и услови за учество

Show external content

This content is hosted by a third party. By showing the external content you accept the terms and conditions of instagram.com.