Zdruzhenie na lezbejki,gej, biseksualci/ki i transeksualci/ki LGBT JUNAJTED Tetovo

Zdruzhenie na lezbejki,gej, biseksualci/ki i transeksualci/ki LGBT JUNAJTED Tetovo

LGBT JUNAJTED TETOVO

JNA No.73, 1200, Tetovo, North Macedonia

www.lgbtunited.org - +38978 385 571

περιγραφή της οργάνωσης

ЛГБТ Јунајтед Тетово е невладина, непрофитна и мултиетничка организација, која вклучува членови, кои се граѓански активисти, индивидуалци/ки со различен профил, од различни етнички групи, како и религии. ЛГБТ Јунајтед Тетово е основана во Мај 2012 година.
Целта на ЛГБТ Јунајтед Тетово е заштита, промоција и почитување на човековите права, првенствено на ЛГБТИ лицата, обезбедување на еднаков пристап до здравствена заштита и обезбедување на други витални социјални и правни услуги, со што се гарантира рамноправност и вклучување на ЛГБТИ лицата во сите свери на животот преку создавање на поддржувачка и толерантна атмосфера која вклучува разновидност и слобода.
Во овој контекст целите на ЛГБТ Јунајтед Тетово се:

- Зајакнување на ЛГБТИ заедницата;
- Имплементацијата и потполното уживање на правата на ЛГБТИ лицата и борба против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет;
- Подигнување на свеста за правата на ЛГБТИ лицата како човекови права;
- Застапување и лобирање за ЛГБТИ лицата со цел промена на постоечките закони (законодавство);
- Подобрување на сексуалното здравје преку превентива од ХИВ/СИДА и други сексуално преносливи болести помеѓу ЛГБТИ популацијата.

Визијата на Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово е општество во кое се почитуваат универзалните човекови права на сите, без оглед на сексуалната ориентација, родовиот идентитет и било кои други карактеристики и идентитети, во кое сите се почитувани и живеат во еднаквост и слобода.

Мисијата на Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово е мултиетничка, граѓанска организација, која работи на зајакнување и промоција на човековите права на ЛГБТИ популацијата, со цел нејзино зајакнување и целосно вклучување во сите процеси и сфери во општеството.

ЦЕЛНИ ГРУПИ НА ЛГБТ ЈУНАЈТЕД СЕ:
• ЛГБТИК популација;
• Родители, пријатели и поддржувачи на ЛГБТИК популација;
• Локалната заедница, локална самоуправа;
• Професори;
• Пратеници;
• Млади;
• Граѓански организации;
• Влада на Република Северна Македонија;
• Универзитети;
• Министерство за образование и наука;
• Министерство за труд и социјална политика;
• Министерство за внатрешни работи и
• Други министерства, државни агенции и институции во областите на интерес (Министерство за култура, Министерство за здравство, Секретеријат за ЕУ прашања, Одделение за соработка со НВО секторот итн.).


КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ НА ЛГБТ ЈУНАЈТЕД ТЕТОВО СЕ:
• Обезбедување на услуги за поддршка и социјализација на ЛГБТИК заедницата;
• Обезбедување бесплатна правна и психо-социјална помош за ЛГБТИК заедницата;
• Активности за зајакнување на ЛГБТИК Заедницата, на локално ниво во седум градови;
• Зајакнување на родителите, пријателите и поддржувачите на ЛГБТИК заедницата преку подигнување на свесноста, информираноста и градење на доверба;
• Информирање за сексуалното здравје преку превентива од ХИВ/СИДА и други сексуално преносливи болести и инфекции помеѓу ЛГБТИК популацијата;
• Изработка на локални стратегии за заштита и борба против дискримнација во седум општини во државата;
• Анализа на високо-образовни програми, во поглед на третирање на ЛГБТИК прашањата;
• Придонес во спроведување на стратегијата „Едно општество за сите”, на национално и локално ниво, со застапување на интересите на сексуалните малцинства и ЛГБТИК заедницата;
• Подигнување на свеста на јавноста за правата на ЛГБТИК лицата;
• Мониторинг на медиумите во поглед на третирање на ЛГБТИК прашањата;
• Обуки на наставен кадар за пристапи кон третирање на ЛГБТИК прашањата и
• Развивање на институционална, програмска и финансиска одржливост на ЛГБТ Јунајтед Тетово.

Вo склоп на ЛГБТ Јунајтед Тетово функционира и Центарот на ЛГБТИ заедницата во Тетово. Центарот функционира секој работен ден и во него припадниците на ЛГБТИ заедницата може да се социјализираат, де се информираат за различни теми, да добијат информативни материјали поврзани со ЛГБТИ тематиката. Освен за припадниците на ЛГБТИ заедницата центарот е отворен и за родителите, роднините, пријателите и поддржувачите на ЛГБТИ заедницата.

Ο οργανισμός αυτό διαθέτει σήμα ποιότητας του Ευρωπαϊκού Σώματος Αλληλεγγύης. Το σήμα ποιότητας πιστοποιεί ότι ο οργανισμός είναι σε θέση να εκτελεί έργα σύμφωνα με τις αρχές και τους στόχους του Ευρωπαϊκού Σώματος Αλληλεγγύης.

Πεδίο Εθελοντισμός

Ρόλος Ημερομηνία λήξης
Υποδοχή31/12/2027
OID: E10257858
Τελευταία επικαιροποίηση στις 20/04/24

Θεματικά αντικείμενα της οργάνωσης

Equality and non-discrimination

Community development

Culture