Погледни ја инфографиката: Флексибилна и Фиксна (pdf)
Флексибилна можност за патување | Фиксна можност за патување |
Датумите на кои патуваат избраните кандидати се флексибилни и можат да се менуваат се додека не се активира пропусницата за патување. | Избраните кандидати/ки ќе му ја кажат на изведувачот нивната посакувана маршрута на патување со фиксни денови и времиња на патување и претходно одредени дестинации.. Датумите и дестинациите на патувањето не можат да се менуваат откако ќе биде резервиран фиксниот билет. Патувањето треба да се одржи во период од највеќе еден месец. |
Избраните кандидати/ки ќе може да патуваат во период од максимум еден месец, со утврден број на денови за патување (7). Ова значи дека тие можат да патуваат со возови било кои 7 дена во период од максимум 1 месец. Флексибилната можност за патување им овозможува на избраните кандидати/ки да отпатуваат во колку сакаат земји кои се вклучени. | Избраните кандидати/ки ќе може да посетат највеќе до 2 земји кои што се дел од Европската унија или трети земји поврзани со програмата Еразмус+ (види точка 2) за време на донесување на одлуката за избор (ова не ја вклучува нивната земја на тргнување и земјите низ кои учесникот/та ќе помине) во период од максимум еден месец. |
Откако ќе биде активирана пропусницата за патување, избраните кандидати/ки може да патуваат во последователни денови или да ги распределат деновите за патување во период од еден месец. Тие имаат дозвола да патуваат со возови управувани од Европските железнички компании, како и со некои траекти и други транспортни средства избрани од страна на изведувачот назначен од Европската комисија и ЕИАОК. За некои возови можеби ќе се бара дополнителна резервација на седиште. Учесниците во кругот 2024-1 и во наредните кругови кои ќе одберат флексибилна патна пропусница, ќе можат бесплатно да резервираат до 4 седишта преку онлајн систем кој изведувачот го става на располагање во апликацијата DiscoverEU Travel*. Европската комисија или ЕИАОК нема да ги надоместат трошоците за други резервации на седишта или пак други трошоци што ќе настанат во текот на патувањето. | Сите трошоци за резервации се вклучени во фиксната можност за патување, но вкупниот трошок не смее да надмине 283.26 евра и на тоа треба да се внимава. Избраните кандидати треба да се осигураат дека нивната маршрута е изводлива со воз. |
*Учесниците/чките не можат бесплатно да резервираат седишта во прва класа, резервации за спиење во ноќните возови или резервации за возови кои железничките превозници не ги нудат преку интегрираниот систем за онлајн резервирање. За сите бесплатно направени резервации не може да се добие поврат на средствата нити може да се заменат.