Посебна изјава за заштита на приватноста – Европски младински портал
ЗАШТИТА НА ТВОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Оваа изјава за заштита на приватноста содржи информации за
обработката и заштитата на твоите лични податоци.
Процес на обработка: Посебна изјава за заштита на приватноста – Европски младински портал (ЕМП)
Контролор на податоци: ГД.ОМСК.A4 (DG.EAC.A4) – Генерален директорат за образование, млади, спорт и култура (DG EAC) / Директорат А – Политичка стратегија, аналитички информации за земјите и млади / Оддел А.4 – Млади и меѓугенерациска правичност
Референтна ознака на записот: DPR-EC-00371.7
Европската комисија (во понатамошниот текст "Комисијата") се обврзува да ги заштити твоите лични податоци и да ја почитува твојата приватност. Комисијата собира и понатаму обработува лични податоци во согласност со Регулативата (ЕУ) 2018/1725 на Европскиот парламент и на Советот од 23 октомври 2018 година за заштита на физичките лица во однос на обработката на лични податоци од страна на институциите, органите, канцелариите и агенциите на Унијата и за слободно движење на такви податоци (ставање вон сила на Регулативата (ЕЗ) 45/2001).
Во оваа изјава за приватност се објаснува зошто Комисијата ги обработува твоите лични податоци, како ги собира, како постапува со нив и обезбедува заштита на сите твои лични податоци и какви права имаш во поглед на твоите лични податоци. Исто така наведени се и податоците за контакт на надлежниот контролор на податоци на кого можеш да му се обратиш за да би ги остварил твоите права, службеникот за заштита на податоците и Европскиот надзорник за заштита податоците.
Подолу се наведени информации во врска со операцијата за обработка DPR-EC-00371.7, која се однесува на Европскиот младински портал (ЕМП) и поврзанитесо него услуги на интернет, како што се интернет-страниците и мобилните апликации, а која ја спроведува Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура / Директорат А – Политичка стратегија, аналитички информации за земјите и млади / Одделение А.4 – Млади и меѓугенерациска правичност (DG.EAC.A.4), се наведени подолу.
Цел на постапката за обработка: ГД.ОМСК.A4 (DG.EAC.A4) собира и користи лични податоци со цел да обезбеди информации и можности за младите луѓе ширум Европа, во рамките на темите опфатени со младинските програми на ЕУ.
Целите за собирање на податоци се:
Овозможување на информации
Наведување на информации за контакт (во форма на име и презиме и / или адреси на е-пошти на луѓе поврзани со статии, настани или вести) на јавноста.
Да им се овозможи на овластените корисници да се регистрираат на ЕМП како автори / уредници и спрема потребата да обезбедат техничка помош.
Образец за поставување на прашања
Да им се овозможи на поединците да постават прашање преку ЕМП и да добијат одговор од Евродеск Брисел Линк, мрежата на Евродеск и/или администраторите на ЕМП.
Европски солидарен корпус
Да им се овозможи на младите да се пријават за учество во Солидарниот корпус наведувајќи ги нивните основни лични информации и податоци за контакт. Исто така, на регистрираните членови на корпусот ќе им се овозможи и доброволно да достават дополнителни информации за контакт, поединости за нивните преференци во поглед на видовите активности за кои би биле заинтересирани, како и вештини и искуство што можат да ги пренесат на активностите, резиме на нивното образование и вработување како и сите претходни волонтерски искуства.
Да им се овозможи на регистраните членови на корпусот да добиваат пораки по е-пошта, билтени и други известувања поврзани со Солидарниот корпус и други иницијативи на Европската комисија/надвор од Европската комисија насочени кон младите, како и анкети и други методи за собирање повратни информации од регистраните членови. Регистрираните членови на корпусот можат да одредат кои соопштенија сакаат да ги добиваат.
Да му се овозможи на корпусот да им обезбеди можности за обука на регистрираните членови на корпусот.
Да им се овозможи на регистраните членови на корпусот да даваат повратни информации за услугите и процесите.
Да им се овозможи на учесниците во корпусот да ги евидентираат своите исходи од неформалното учење во надворешната алатка "Youthpass"
Да им се овозможи на овластените претставници на организациите кои се овластени за водење на активностите на корпусот да ги одржуваат профилите на своите организации, вклучувајќи ги и имињата и презимињата и/или адресите на е-пошта на лицата поврзани со организациите и нивните активности во корпусот.
Да им се овозможи на овластените претставници на организациите овластени за спроведување активности во рамките на Корпусот да вршат пребарување во базата на податоци на регистрираните на лица во Корпусот, со цел да идентификуваат потенцијални волонтери за конкретни активности, преку усогласување на податоците за предложената активност со личните податоци и преференциите наведени од регистрираните лица во Корпусот.
Да им се овозможи на тие овластени претставници да ги контактираат избраните кандидати, ако тие регистрирани кандидати се согласат да ги контактира организацијата.
Да им се овозможи на овластените претставници да им понудат посебни активности на регистрираните кандидати на корпусот и да управуваат со дадените понуди.
Да им се овозможи на администраторите на корпусот да управуваат со базата на податоци на регистрираните членови на корпусот и да им обезбедат помош на истите.
Да им се овозможи на националните агенции надлежни за спроведување на програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус да ги спроведуваат проверките, ревизиите и евалуациите на проектите што добиваат поддршка од ЕУ и во кои учествуваат регистрираните лица, како и да им обезбедуваат помош на овластените претставници на организациите преку ограничен пристап до базата на податоци на Корпусот.
Да им се овозможи на администраторите на корпусот да ги управуваат активностите на корпусот и постапките на пребарување/совпаѓање на корпусот и да им пружаат помош на овластените претставници на организациите овластени да ги извршуваат активностите на корпусот.
Да им се овозможи на администраторите на корпусот и на другите доверливи страни да им испраќаат информации и известувања на регистрираните членови на корпусот и овластените претставници на организациите за корпусот и за другите со него поврзани активности.
Да им се овозможи на администраторите на корпусот да ги анализираат податоците за регистраните членови и повратните информации добиени од нив.
Да им се овозможи на делегациите на ЕУ да добиваат информации за учесниците во Европскиот солидарен корпус ангажирани во земјите во кои се наоѓаат тие делегации, преку ограничен пристап до базата на податоци на Корпусот.
База на податоци за организации и можности
Наведување на податоци за контакт на јавноста (во форма на име и презиме и/или адреси на е-пошти на луѓе поврзани со организациите на Европскиот корпус за солидарност кои поседуваат ознака за квалитет).
Да им се овозможи на организациите на Европскиот солидарен корпус кои поседуваат ознака за квалитет, да управуваат со објавените податоци за контакт на своите организации.
Да им се овозможи на организациите на Европскиот солидарен корпус кои поседуваат ознака за квалитет да ги огласуваат своите можности на потенцијалните кандидати и да им се овозможи на младите да стапат во контакт со тие организации.
Да им се овозможи на администраторите на ЕМП да им пружат техничка помош на организациите.
DiscoverEU
- Да им се овозможи на младите луѓе да се пријават за иницијативата преку доставување на нивните основни лични податоци, податоци за контакт, како и дополнителни информации поврзани со патувањето.
- Кандидатите да може да добиваат пораки преку е-пошта и други известувања поврзани со иницијативата DiscoverEU и со други иницијативи на Европската комисија/ или на други организации вон Европската комисија насочени кон младите, вклучително и анкети и други начини за прибирање повратни информации од кандидатите, како и комуникациски и промотивни материјали и покани за настани, од Европската комисија, Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA), националните агенции за програмата „Еразмус+“, Eвродеск и други организации овластени од Европската комисија (врз основа на согласност).
- Да им се овозможи на администраторите на иницијативата DiscoverEU пристап до податоците на кандидатите кои се зачувани на интернет, за да го спроведат изборот на кандидатите, да ги анализираат податоците и повратните информации од кандидатите, да контактираат преку телефон или е-пошта со кандидатите како и да им пружат помош на кандидатите (поддршка од втор степен). Поддршката од прв степен ја обезбедуваат националните канцеларии на Евродеск.
- Да му се овозможи на овластениот изведувач одговорен за доделување на патните пропусници да добива ограничен обем на податоци за избраните кандидати и на тие на резервната листа, со цел да ги контактира преку е-пошта или телефон.
- Да им се овозможи на националните агенции за Еразмус+ и на Евродеск пристап до податоците на избраните кандидати и на тие на резервната листа, за да можат да ги контактираат по е-пошта или телефон со цел да им испраќаат покани за настани.
- Сите други активности за обработка на податоци поврзани со акцијата DiscoverEU се опфатени со Записот DPR-EC-38151.1.
Мрежа на млади новинари во Европа
- На Европската комисија и нејзиниот обработувач, Евродеск Брисел Линк, им се овозможува да примаат пријави од млади кои сакаат да бидат дел од мрежата, да селектираат членовите за мрежата, да организираат настани, да комуницираат со младите новинари и да објавуваат на Европскиот портал замлади, на интернет-страниците на Европската комисија и на социјалните мрежи на Евродеск, статии кои се напишани од младите новинари. Пријавувањето е еднаш годишно, а селектираните членови на мрежата активно креираат содржини приближно една година. Мрежата која првпат била создадена за време на Европската година на младите во 2022 година, е управувана од Евродеск. Младите новинари создаваат содржини базирани на различни ставови по различни теми од интерес за младите и во различни формати (написи, видеа, подкасти и други).
Општи напомени:
За некои од гореспоменатите карактеристики, Европскиот младински портал и неговите под-портали од време на време организираат натпревари, за кои може да биде потребно давање на лични податоци. Учеството во таквите натпревари е потполно доброволно; потенцијалните учесници се известуваат за сите импликации во поглед на личните податоци пред поднесувањето.
За да пристапат кон некои функционалности, од корисниците може да се побара да се пријават и да се автентицираат пред да можат да ги користат овие функции. За таа цел, ЕМП може да го користи системот на Европската комисија за управување со идентитет (ИМС), преку системот EU Login. Тој систем има своја Изјава за заштита на приватноста.
Европската комисија и организациите одговорни за спроведување на карактеристиките на Европскиот младински портал нема да ги обработуваат собраните лични податоци за било која друга цел освен претходно опишаните погоре.
Твоите лични податоци нема да се употребуваат за автоматизирано донесување на одлуки, вклучувајќи и правење на профил.
Главните правни основи за обработка на лични податоци за карактеристиките на Европскиот портал за млади се Регулативата (ЕУ) 2021/888 за воспоставување на програмата на Европскиот корпус за солидарност и за ставање вон сила на Регулативите (ЕУ) 2018/1475 и (ЕУ) Бр.375/2014, Регулативата (ЕУ) 2021/817 за воспоставување на програмата "Еразмус+" и за ставање вон сила на Регулативата (ЕУ) Бр. 1288/2013, и Одлуката на Европската комисија за годишните работни програми за 2018, 2019 и 2020 година за подготвителната акција на „DiscoverEU: бесплатни патни пропусници за Европјаните кои навршуваат 18 години”.
Ние ги обработуваме твоите лични податоци затоа што:
(а) обработката е неопходна за извршување на задача од јавен интерес или за извршување на службени овластувања доделени на институцијата или телото на Унијата;
(б) обработката е неопходна заради исполнување на правната обврска на која и подежи контролорот;
(в) субјектот на податоците дал согласност за обработка на своите лични податоци за една или повеќе конкретни цели.
Следниве активности за обработка се засноваат на (писмена)изричита согласност на учесниците:
- Користење на податоците за контакт на учесниците (адресите на е-пошта) за да им се овозможи да добиваат пораки преку е-пошта и други известувања поврзани со иницијативата DiscoverEU и со други иницијативи на Европската комисија/ или на други организации вон Европската комисија насочени кон младите, вклучително и анкети и други начини за прибирање повратни информации од кандидатите, како и комуникациски и промотивни материјали и покани за настани, од Европската комисија, Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA), националните агенции за програмата „Еразмус+“, Eвродеск и други организации овластени од Европската комисија (врз основа на согласност).
Да им се овозможи на печатените, телевизиски или радио медиуми избрани од Европската комисија да контактираат со избраните кандидати, само откако кандидати ќе ја дадат својата изречна согласност да бидат контактирани.
Овозможување на информации за статии, вести, настани и приказни. Тие рачно се внесуваат и одржуваат од страна на Евродеск Брисел Линк и мрежата на националните организации на Евродеск. За прикажување и објавување на лични податоци во овие статии, вести, настани и приказни, потребна е изричита согласност од засегнатите лица.
Согласноста за обработка на личните податоци за целите наведени погоре ја даваат носителите на податоци веднаш штом се регистрираат во корпусот или се пријават за учество во иницијативата DiscoverEU со означување на полето, кое не е автоматски означено. Во однос на содржината објавена на Европскиот младински портал, согласност се дава преку обрасци за согласност, кои се потпишуваат пред објавувањето на содржината.
За спроведување на оваа операција за обработка, одделот DG.EAC.A.4 ги собира следните категории на лични податоци:
Овозможување на информации
Поединци од јавноста поврзани со дадена статија, настан или вест: Име, презиме, адреса на е-пошта.
Вработените во Евродеск Брисел Линк или во мрежата на националните организации на Евродеск: Име, презиме, адреса на е-пошта, држава.
Образец за поставување на прашања
Поединци од јавноста кои одлучат да постават прашање преку посебен образец треба да го наведат своето име и адреса на е-пошта.
Европски солидарен корпус
Поединци од јавноста кои одлучат да се приклучат на корпусот мора да ги достават следните основни информации: име, презиме, датум на раѓање, пол, земја на законско престојување, државјанство, адреса на е-пошта, посакуван јазик за контакт, видови на активности на корпусот за кои се заинтересирани, претходно знаење и искуство, како и назнака дека ја прифаќаат мисијата и принципите на корпусот.
По начелниот процес на регистрација за да му се приклучат на корпусот, тие можат доброволно да достават дополнителни информации за себе: поштенска адреса, телефонски броеви, резиме на образование и работно искуство, детали за претходно волонтерско искуство, јазични вештини, достапност за активностите на корпусот, мотивација за волонтерство во некоја од активностите на корпусот, мотивација за учество во некоја од активностите на корпусот, посакувани земји во кои сака да се волонтира, посакувани професии, дополнителни информации што корисникот сака да ги даде, подготвеност да се примаат пораки по е-пошта, билтени, известувања и други известувања од корпусот. Кога поднесуваат пријава за некоја можност објавена од страна на организациите, тие исто така можат да достават дополнителни информации кои организациите може да ги побараат.
Тие исто така можат да постават лична биографија во форма на документ, при што се подразбира дека сите информации содржани во личната биографија, вклучувајќи ги и податоците за контакт и сите други лични податоци, ќе им бидат достапни на претставниците на организациите овластени да ги спроведуваат активностите на корпусот, кои можат да ги користат како дел од нивните процеси за избор на членови за нивните активности.
Европскиот солидарен корпус ќе служи како платформа за олеснување на поврзувањето меѓу организациите и поединците, при што Генералниот директорат за ОМСК (DG EAC) нема да врши процена на личните аспекти на лицата чии податоци се обработуваат.
Овластени претставници на организации овластени за проведување на активностите на корпусот: име, презиме, корисничко име, адреса на е-пошта, организација(и) со кои лицето има право да управува, прифаќање на мисијата и принципите на корпусот.
База на податоци за организации и можности
Поединци од јавноста поврзани со организациите на Европскиот солидарен корпус кои поседуваат ознака за квалитет: Име, презиме, адреса на е-пошта.
Раководители на организацијата: име, презиме, корисничко име, адреса на е-пошта, организација(и) со кои лицето има право да управува.
DiscoverEU
a) Европската комисија ги обработува следните податоци:
Поединечните членови или водачите на групи кои ќе решат да се пријават за иницијативата DiscoverEU мора да ги наведат основните лични податоци во својата пријава, и тоа конкретно: име, презиме, датум на раѓање, пол, земја на легален престој, државјанство, адреса на е-пошта, број на лична карта или пасош, телефонски број и занимање. Прашањето со одговор „да/не“ за тоа дали кандидатот има попреченост или здравствен проблем е изборно. Кандидатите исто така мора да одговорат на низа прашања поврзани со патувањето, како што е посакуваниот период на патување, дали е тоа нивно прво пат патување во друга земја на ЕУ, дали прв пат патуваат без нивните родители/старатели, што би сакале да научат од ова искуство, кои активности би сакале да ги направат за време на нивното патување, како би ги финансирале своите трошоци и како дознале за иницијативата.
Во случај на групна пријава, водителот/ката на групата мора да ги достави истите информации, по што ќе се генерира код, кој ќе го употребат другите членови на групата за пополнување нивните лични податоци.
б) Европската комисија може да ги споделува со овластени изведувачи и трети страни следните податоци:
- Адресата на е-пошта и телефонскиот број на избраните апликанти може да се споделуваат со медиумските куќи избрани од Европската комисија и ЕАЦЕА (EACEA), по добивањето на изречна согласност од кандидатите да бидат контактирани од страна на медиумските куќи, како и со претставништвата на Европската комисија и Службата на портпаролот на Европската комисија (SPP). Откако кандидатите се согласат да ги достават своите адреси на е-пошта на медиумските институции, тие треба да бидат свесни дека подлежат на соодветната изјава за заштита на приватноста на одредената надлежна медиумска институција.
- Европската комисија и EACEA може да ги споделуваат личните податоци на избраните кандидати за DiscoverEU (конкретно: име, адреса на е-пошта, телефонски број, датум на раѓање и земја) со својот овластен изведувач надлежен за комуникациски активности, како што се организирање и менаџирање на настани и натпревари, како и испраќање покани за настани или резервирање патни билети за присуство на некој настан.
- Европската комисија и EACEA може да ги споделуваат личните податоци на избраните кандидати за DiscoverEU (конкретно: код на апликацијата, идентификациски број на кандидатот, име, презиме, пол (доколку е наведен од кандидатот), државјанство, статус на избор, регион, код на регионот, јазик, датум на раѓање, земја на издавање на личната карта/пасошот, број на личната карта/пасошот, земја на престој, поштенски број, занимање, потврда („да/не“) за постоење на посебни потреби (без конкретни медицински информации што се бараат преку Порталот), адреса на е-пошта, телефонски број, код на земјата, телефонски број и структуриран идентификациски број) со овластениот изведувач надлежен за доделување на патните пропусници и картичките за попуст, како и авионските или другите патни билети.
- Европската комисија и EACEA може да ги споделуваат личните податоци на избраните кандидати за DiscoverEU и на тие кои се наоѓаат на резервната листа (конкретно: име, адреса на е-пошта, телефонски број, датум на раѓање и земја) со националните агенции за програмата Еразмус+ и Евродеск, со цел испраќање покани за настани.
- Мрежа на млади новинари во Европа
Поединците кои се пријавуваат за да бидат дел од Мрежата мора да ги достават следниве основни информации: име, презиме, земја на живеење, националност, датум на раѓање. При поднесување на пријавата до Евродеск, од нив се бара да ја прифатат политиката на Евродеск за ГДПР (Општата уредба за заштита на податоци)
Селектираните млади новинари кои сакаат да учествуваат на настани во странство, по покана на Евродеск или Европската комисија, треба да обезбедат дополнителни лични податоци неопходни за резервација на патување и сместување од страна на Евродеск.
Името на младите новинари се објавува заедно со написите што тие ги подготвуваат.
Кратка биографија, подготвена од самите млади новинари, се објавува во посебен дел на Европскиот младински портал.
Давањето на лични податоци е задолжително само со цел да се исполнат барањата за учество во програмите DiscoverEU и Европскиот солидарен корпус. Ако не ги дадете вашите лични податоци, нема да можете да учествувате во програмите.
ГД.ОМСК.А.4 (DG.EAC.A.4)/EACEA ги чува твоите лични податоци само онолку долго колку што е потребно да се исполни целта за која се собираат или за нивна понатамошна обработка.
Личните податоци содржани во прилозите, вестите, приказните и настаните ќе бидат архивирани, заедно со изворната содржина, во рок од 2 години по истекот на датумот до кој содржината е објавена.
Личните податоци кои се содржат во корисничките сметки, креирани за уредници и автори, кои се чуваат на Европскиот младински портал, ќе бидат архивирани 2 години по последната најава на корисниците на ЕМП преку овие кориснички сметки.
Личните податоци содржани во корисничките сметки на Европскиот солидарен корпус ќе бидат избришани 3 години откако корисникот ќе ја достигне горната возрасна граница за учество во Корпусот, освен ако корисникот не се согласил да се приклучи кон некоја алумни-програма (програма за поранешни учесници) што е формирана во тој момент, преку е-пошта известил дека сака да ја задржи корисничката сметка или, преку учество во програмата, добил финансиски средства од ЕУ. Во тој случај, податоците се чуваат пет години од последната финансиска трансакција, согласно заедничката листа на рокови за чување на податоците.
Личните податоци содржани во пријавите на кандидатите кои не биле избрани и за кои не биле резервирани патни пропусници во рамките на иницијативата DiscoverEU ќе бидат избришани 2 години по истекот на рокот за поднесување на пријави за соодветниот повик, освен ако кандидатите не навеле дека сакаат да бидат информирани или вклучени во други услуги на Европскиот младински портал. Во тој случај, податоците се чуваат најмногу 5 години од истекот на рокот за поднесување на пријави за соодветниот повик за учество. По истекот на тој период, нивните лични податоци ќе бидат анонимизирани и ќе се чуваат исклучиво за статистички цели, во форма на збирни (агрегирани) податоци.
Личните податоци содржани во пријавите на избраните кандидати за учество во иницијативата DiscoverEU на кои им биле резервирани патни пропусници ќе бидат избришани / анонимизирани 5 години по истекот на рокот за поднесување пријави за соодветниот повик, согласно заедничката листа на рокови за чување на податоците, освен ако корисникот не изразил интерес да се повлече од статусот „избран корисник“ и не користел финансиска поддршка од ЕУ преку иницијативата. Во тој случај, податоците се чуваат најмногу 2 години по истекот на рокот за поднесување пријави за соодветниот повик за учество.
Сепак, може да чуваме анонимизирани информации подолг период за историски, статистички или научни цели, со примена на соодветни мерки за заштита на податоците.
Сите лични податоци во електронски формат (е-пошта, документи, бази на податоци, поставени групи на податоци итн.) се чуваат на серверите на Европската комисија. Сите постапки на обработка се извршуваат во согласност со Одлуката на Комисијата (ЕС, Еуратом) 2017/46 од 10 јануари 2017 година, за сигурност на комуникациските и информациските системи во Европската комисија.
Изведувачите одберени од Комисијата, се обврзани со посебна договорна клаузула за сите постапки на обработка на твоите податоци во име на Комисијата, како и за обврските за доверливост кои произлегуваат од Општата уредба за заштита на податоците (‘ОУЗП’ Уредба (ЕУ) 2016/679).
Европски солидарен корпус:
Со прифаќање на оваа посебна изјава за заштита на приватноста, организацијата овластена да ги води активностите на корпусот се согласува да ги користи информатичките системи на Европскиот солидарен корпус, исклучиво за барање на регистрани членови на корпусот за активности, како и за контактирање на регистрани членови на корпусот и давање понуди за активност. Тие активности може да бидат на сопствена иницијатива или на иницијатива на друга организација која ја официјално ја претставува овластената организација.
Конкретно, овластената организација се обврзува да усвои технички и оперативни мерки за безбедност соодветни на ризикот својствен за обработката на личните податоци на регистрираните лица, со цел:
да спречи пристап на неовластени лица до компјутерските системи за обработка на лични податоци, а особено
неовластено читање, копирање, менување или отстранување на носачите за складирање на податоци;
неовластено внесување на податоци, како и неовластено откривање, менување или бришење на зачувани лични податоци;
неовластени лица кои ги користат системите за обработка на податоци преку средства за пренос на податоци;
да осигура дека овластените корисници на системот за обработка на податоци имаат пристап само до личните податоци, за кои се однесува нивното право на пристап;
да запишува кои лични податоци биле соопштени, кога и на кого;
да осигура дека личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите за заштита на податоците утврдени во националното законодавство;
да осигура дека во текот на соопштување на лични податоци и транспорт на носачите за складирање на податоците, тие не можат да бидат прочитани, копирани или избришани без дозвола;
да ја дизајнира својата организациска структура на таков начин што ќе ги исполнува барањата за заштита на податоците.
За да ги заштити твоите лични податоци, Комисијата има воспоставено низа технички и организациски мерки. Техничките мерки вклучуваат соодветни акции за решавање на безбедноста на интернет, ризикот од губење на податоци, менување на податоците или неовластен пристап, земајќи го во предвид ризикот поврзан со обработката, и природата на обработените лични податоци. Организациските мерки вклучуваат ограничување на пристапот до личните податоци единствено на овластените лица со легитимна потреба да знаат за целите на таа постапка на обработка.
Пристап до вашите лични податоци му е овозможен на персоналот на Комисијата кој е одговорен за спроведување на оваа постапка за обработка и на овластениот персонал според принципот на „нужен пристап“. Таквиот персонал ги почитува законските и, според потреба, дополнителните спогодби за доверливост.
Овозможување на информации
Широката јавност ќе ги види релевантните лични податоци за контакт на сите лица, кои се овластените уредници на ЕМП ги додале на статии, вести или настани, на пример лицето за контакт со јавноста за даден настан или вест.
Тие детали исто така се достапни и на персоналот на Евродеск во Евродеск Брисел Линк и мрежата на националните организации на Евродеск.
Администраторите на EМП исто така имаат пристап до тие информации.
Образец за поставување на прашања
Податоците за контакт ќе бидат достапни за Евродеск Брисел Линк и мрежата на националните организации на Евродеск и администраторите на ЕМП.
Европски солидарен корпус
Широката јавност ќе ги види личните податоци за контакт на претставниците на организациите овластени да водење на активностите на корпусот, ако самата организација ја додаде оваа информација на својот профил на корпусот објавен на интернет-страниците на корпусот.
Регистрираните субјекти на корпусот можат да ги прегледуваат и чуваат своите лични податоци со пријавување на нивната сметка на Европскиот солидарен корпус. Тие се одговорни за квалитетот на своите податоци и имаат право да ја избришат својата сметка во било кое време.
Личните податоци на регистраните во корпусот се достапни на овластените претставници на организации, овластени да водат активности во полза на корпусот.
Личните податоци на регистраните субјекти на корпусот се достапни на националните агенции одговорни за спроведување на програмата Еразмус+ и на Европскиот солидарен корпус, за да им пружат помош на овластените претставници на организациите, како и за целите на спроведување на проверки, ревизии и евалуации на проекти кои добиваат поддршка од ЕУ и во кои се вклучени регистраните субјекти.
Личните податоци на регистраните членови на корпусот исто така се достапни за администраторите на корпусот и администраторите на различните програми на ЕУ, преку кои овластените организации му овозможуваат активности на Европскиот солидарен корпус.
Личните податоци можат да се споделуваат со други служби на Европската комисија кои би можеле да бидат заинтересирани да контактираат со регистраните субјекти.
Личните податоци на избраните кандидати може да бидат споделени со печатени, телевизиски или радио медиуми избрани од Европската комисија по изричита согласност на избраните кандидати.
Ограничени лични податоци на регистраните субјекти на корпусот (име, презиме, датум на раѓање, земја на престој, државјанство, адреса на е-пошта) може да се испратат до други алатки управувани од ГД ОМСК и кои се достапни за овластените организации, националните агенции и администраторите на корпусот.
Ограничени лични податоци на учесниците во корпусот (име, презиме, датум на раѓање, земја на престој, државјанство, адреса на е-пошта, пол) ќе бидат испратени до изведувачот на Европскиот солидарен корпус, за да управува со осигурителните полиси на учесниците во Европскиот корпус за солидарност. Известувањето за заштита на личните податоци на Хенер (Hennerr) осигурувањето е валидно за проектите што се спроведуваат во рамките на тековната повеќегодишна финансиска рамка (МФР) 2021–2027, а кои започнале на или по 7 февруари 2023 година.
Ограничени лични податоци на учесниците во корпусот (име, презиме, датум на раѓање, адреса на е-пошта, земја на престој) ќе бидат испратени до надворешната алатка "Youthpass" за да им се овозможи на учесниците да ги запишат своите резултати од неформалното учење, ако го сакаат тоа.
Ограничени лични податоци на регистрираните членови/учесниците во корпусот (име, презиме, адреса на е-пошта, корисничко име за EU Login, јазик за контакт, земја на престој, град (ако е дефиниран)) кои се заинтересирани да ги следат општите курсеви на интернет за обука или обуката за волонтерство во подрачјето на хуманитарна помош, ќе бидат испратени на платформата на Академијата на ЕУ за да им се овозможи на регистраните членови/учесници да имаат пристап до овие обуки. Регистраните членови/учесниците во корпусот ќе бидат информирани за Известувањето за заштита на податоците за општата обука на интернет пред нивните податоци да бидат пренесени од ЕМП на платформата на Академијата на ЕУ. Оваа платформа има сопствена изјава за заштита на приватноста достапна на нејзината интернет-страница. Покрај тоа, регистрираните лица во Европскиот солидарен корпус кои изразиле интерес за волонтерство во подрачјето на хуманитарна помош ќе имаат можност да следат посебна обука на платформата на Академијата на ЕУ, достапна преку нивниот профил на корпусот. Регистраните лица ќе бидат информирани за Известувањето за заштита на податоците за општата обука на интернет пред нивните податоци да бидат пренесени од ЕМП на платформата на Академијата на ЕУ.
Содржината генерирана од корисниците и коментарите објавени од страна на регистрираните лица на корпусот за нивното искуство во корпусот се исто така достапни за администраторите на корпусот.
Ограничени обем на лични податоци на учесниците во Корпусот ( име, презиме, регистрациски број на учесникот (PRN), пол, адреса на е-пошта, државјанство, земја и град/место на живеење, поштенски број, датум на започнување и датум на завршување на ангажманот, земја и град/место на ангажирање; Податоци за поддржувачка организација и организацијата домаќин на учесникот: идентификациски број (OID), идентификациски код на учесникот (PIC), име и земја) ќе им бидат достапни на делегациите на ЕУ, за да можат брзо да ги контактираат волонтерите во случај на безбедносни итни случаи и да ги поканат на настани.
База на податоци за организации и можности
Лични податоци за контакт на лица поврзани со организациите на Европскиот солидарен корпус кои поседуваат ознака за квалитет, при што можностите се видливи за широката јавност.
Овластените претставници на организациите на Европскиот солидарен корпус кои поседуваат ознака за квалитет можат да пристапат до личните податоци за контакт на лицата поврзани со овие конкретни организации и нивните проекти.
DiscoverEU
- Личните податоци на кандидатите се достапни за администраторите на DiscoverEU.
- Ограничен обем на лични податоци за избраните кандидати и тие на резервната листа може да им биде ставен на располагање или да им биде споделен на националните агенции за програмата Еразмус+ и на Евродеск.
- Личните податоци на избраните кандидати и тие на резервната листа може да му бидат доставени на овластениот изведувач надлежен за доделување на патните пропусници.
- Личните податоци на кандидатите може да се споделуваат со други служби на Европската комисија и EACEA кои би можеле да имаат интерес да ги контактираат регистрираните лица, (врз основа на дадена согласност).
- Кандидатите може да бидат контактирани од страна на Европската комисија/EACEA преку е-пошта или телефон.
- Избраните кандидати и тие на резервната листа може да бидат контактирани преку е-пошта или телефон од страна на националните агенции за програмата Еразмус+, Евродеск, овластениот изведувач надлежен за доделување на патните пропусници и други организации овластени од Европската комисија/EACEA.
Мрежа на млади новинари во Европа
- Личните податоци на кандидатите и на селектираните млади новинари ги добиваат Европската комисија и Евродеск Брисел Линк, давателот на услуги на Комисијата кој делува како обработувач на податоците.
- Јавноста ќе може да ги види името и кратката биографија на младите новинари во написите што тие ги пишуваат, како и во посебната секција на Европскиот младински портал.
- Лимитирани лични податоци може да се споделат со други служби на Европската комисија, националните канцеларии на Евродеск и Националните агенции за Еразмус+ и Европскиот солидарен корпус, кои можат да имаат интерес да стапат во контакт со младите новинари (со нивна претходна согласност).
Покрај тоа, сите лични податоци ќе бидат достапни на:
Службеници на единиците на ДГ ЕАЦ/ЕИАОК кои се одговорни за спроведување на услуги преку Европскиот младински портал и се одговорни за спроведување на Европскиот солидарен корпус и иницијативата DiscoverEU.
Персоналот на одделот за информатика (ИТ) на ГД ОМСК.
Персоналот на други надлежни служби на Европската комисија кои се соодговорни за спроведување на услугите преку Европскиот младински портал.
Личните податоци исто така можат, ако е потребно, да се откријат, на:
Персоналот на Службата за внатрешна ревизија на ГД ОМСК
Персоналот на ГД за внатрешна ревизија
Персоналот на ОЛАФ
Следниве надворешни обработувачи можат да имаат пристап до личните податоци бидејќи се овластени од Европската комисија:
Евродеск Брисел Линк(Eurodesk Brussels Link);
Национални организации на Евродеск;
Овластени организации од Европскиот солидарен корпус;
Изведувачот за осигурување на Европскиот солидарен корпус;
Национални работни групи за дијалог на ЕУ со младите;
Изведувачи ангажирани од инцијативата DiscoverEU;
Националните агенции за Еразмус+ и Европскиот солидарен корпус (вклучувајќи ја нивната РЕЈ(RAY) мрежа);
овластени подизвршители на обработката на националните агенции;
Делегации на ЕУ.
Можеш да ги најдеш деталите за контакт на овие надворешни обработувачи преку следнава врска: https://youth.europa.eu/privacy/external-processors_en.
Покрај тоа, Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура (DG EAC) и EACEA дејствуваат како заеднички контролори на податоците во врска со иницијативата DiscoverEU, бидејќи заеднички ги обработуваат личните податоци на кандидатите кои поднесуваат пријава преку Европскиот младински портал со цел да добијат DiscoverEU патни пропусници.
Меѓународен пренос на податоци:
Личните податоци на регистраните лица на корпусот, се пренесуваат на организации од трети земји надвор од ЕУ/ЕЕА кои имаат ознака за квалитет на Европскиот солидарен корпус (земји учеснички во програмата и партнерски земји), но за кои не постои одлука за адекватност (вклучувајќи ги и земјите учеснички во програмата - Турција, Србија и Северна Македонија). Во овој случај, нивото на заштита на твоите лични податоци ќе зависи од законот или праксата на таа трета земја. Сепак, твоите права во поглед на заштитата на податоците можеби нема да се еднакви со оние во земја на ЕУ/ЕЕА или земја со одлука за адекватност.
Kако "субјект на податоци“ имаш посебни права согласно со поглавје III (членови 14 - 25) од Регулативата (ЕУ) 2018/1725, особено правото на пристап до твоите лични податоци и нивна исправка доколку тие се неточни или нецелосни. Доколку е применливо, имаш право да ги избришеш твоите лични податоци, да ја ограничиш обработката, да се спротивставиш на обработката, како и на правото на преносливост на податоците.
Имаш дадено согласност за обработка на твоите лични податоци од страна на DG.EAC.A.4 за целите на оваа операција за обработка. Можеш да ја повлечеш твојата согласност во секое време со праќање на известување до контролорот на податоци. Повлекувањето нема да влијае на законитоста на обработката која е спроведена пред да ја повлечете согласноста.
Своите права можеш да ги оствариш така што ќе се обратиш до контролорот на податоци или, во случај на спор, до службеникот за заштита на податоците. Ако е потребно, можеш да се обратиш и до Европскиот надзорен орган за заштита податоците. Нивните информации за контакт се наведени во точка 9 подолу.
Ако сакаш да ги оствариш своите права во поглед на една или повеќе конкретни постапки за обработка, наведи ги јасно во барањето (т.е. нивниот број на запис, како што е посочено во точка 10 подолу) во вашето барање.
Откако ќе биде спремна и објавена, оваа изјава за заштита на приватноста е достапна на Европскиот младински портал (https://youth.europa.eu/privacy_en), во одделот "Приватност" во долниот дел. Понатаму, изјавата за заштита на приватноста ќе биде споделена со субјектите на податоци веднаш откако ќе биде позната нивната адреса на е-пошта.
Контролор на податоци
Доколку сакаш да ги оствариш твоите права согласно со (ЕУ) Регулативата 2018/1725, или доколку имаш коментари, прашања или загриженост, или ако сакаш да поднесете жалба во врска со собирањето и користењето на твоите лични податоци, слободно контактирајте го Контролорот на податоци:
Генерален директорат за образование, млади, спорт и култура
Директорат А – Политичка стратегија, аналитички информации за земјите и млади
Оддел А.4 – Млади и меѓугенерациска правичност (DG.EAC.A.4)
Email: EAC-EYP@ec.europa.eu
Поштенска адреса: Rue Joseph II 70, B-1049, Брисел
Службеник за заштита на податоците (СЗП) на Комисијата
Можеш да го контактираш службеникот за заштита на податоците на е-поштата (DATA-PROTECTION-OFFICER@ec.europa.eu), во врска со прашања поврзани со обработката на твоите лични податоци согласно со (ЕУ) Регулативата 2018/1725.
Европски надзорен орган за заштита на податоците (ЕНОЗП)
Имаш право да се обратиш (т.е. можеш да поднесеш жалба) до Европскиот надзорен орган за заштита податоците(edps@edps.europa.eu) доколку сметаш дека контролорот на податоци со обработката на твоите лични податоци ги повредил твоите права според Регулативата (ЕУ) 2018/1725.
Службеникот за заштита на податоците(СЗП) на Комисијата го објавува регистарот на сите документирани и пријавени постапки на обработка на лични податоци кои ги спроведува Комисијата. Можеш да пристапиш кон регистарот преку следната врска: http://ec.europa.eu/dpo-register.
Оваа посебна постапка за обработка е вклучена во јавниот регистар на службеникот за заштита на податоците(СЗП) под следнио број на запис: DPR-EC-00371.7.