Skip to main content

Европската комисија сака да добие повратен одговор од младите луѓе кои патуваат и ги охрабрува да ги споделат нивните искуства и авантури. Затоа сите учесници може да станат Амбасадори на DiscoverEU. Тие се повикуваат да ги споделат нивните искуства од патувањето преку алатките на социјалните медиуми или да одржат презентација во нивното училиште или нивната локална заедница. Учесниците се добредојдени да се придружат на #DiscoverEU официјалната Фејсбук група.

Учесниците, додека делуваат како амбасадори на DiscoverEU, се потсетуваат дека нивните лични ставови и мислења што ги изразуваат остануваат лично нивни и дека не треба на никаков начин да создадат впечаток дека тие ставови и мислења се подржани или одобрени од Европската унија. Понатаму, тие треба да се воздржат од дејствување кое не е во согласност со целите и принципите на Европската унија или на програмата DiscoverEU или на кој било начин што би било незаконско.

А. ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ (ПРАВИЛА)
Weight
10