Сите учесници кои ќе ја пополнат анкетата, која им се ипраќа автоматски по комплетирањето на нивното патување, ќе добијат потврда за учество. Таа потврда ги документира резултатите од учењето, вклучува елементи на стекнатите клучни компетенции и е инспирирана од потврдата Youthpass.
Навистина, преку патувањата, учесниците можат да го зајакнат својот европски идентитет и да разберат за што се залага ЕУ. Тие ќе може да се поврзат со други луѓе од цела Европа, да разменуваат идеи и да се вклучат во меѓу-државни мрежи. За некои од нив, тоа ќе биде прв пат да патуваат сами. Преку нивното искуство со DiscoverEU, тие ќе развијат клучни компетенции како што се јазични вештини, самодоверба, приспособливост, отпорност кон стрес, потпирање на себе, интерперсонални вештини, вештини за решавање проблеми, организациски вештини и вештини за градење на тим.