Патната пропусница ќе биде издадена со назначена земја на живеење. Тоа е земјата која си ја навел во својата пријава. Не е можно да се стави друга земја на живеење на патната пропусница која е различна од онаа мазначена во пријавата. Патувањето во твојата земја на живеење со патната пропусница е ограничено на едно излезно и едно влезно патување.
Пропусницата за патување во твојата земја на живеење можеш да ја искористиш два пати: едно излезно патување (излегувајќи од твојата земја) и едно влезно патување (влегувајќи во твојата земја). Тоа не мора да биде прво или последно патување, и може да се случи во секој момент од твоето патување. Ако ти треба повеќе од едно излезно и влезно патување, на пример за да ја преминеш твојата држава за време на патувањето, секогаш можеш да си купиш дополнителни поединечни билети од железничкиот превозник во твојата земја. Излезното и влезното патување мора да се реализираат во текот на два од 7 дена за патување на вашата пропусница, во рамките на нејзината важност од еден месец.