Со неговата шарена и динамична архитектура, португалскиот крајбрежен град Порто, ќе ти го подари најинтригантното и топло добредојде. Дом на иновациите и инклузивноста, неодамна на градот му е доделен грант од Европскиот инсититут за иновации и технологии за неговиот проект Порто тинк танк.
Порто исто така е дом и на проектот за Социо-еколошка инклузија, кој има за цел да собере, да рашири и да им предаде скапоцено знаење на идните генерации за видовите на медицински лековити растенија.
Потопи се во средновековната армосфера на Порто, шетајќи низ динамичното предградие Рибиера. Вклучено на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, тој нуди бројни крајбрежни места, каде можеш да седнеш и да уживаш во атмосферата и да пробаш од локалните специјалитети. Додека си таму прифати ги уникатните современи елементи, што на реонот му ги дава живата улична уметност, и препушти им се да те инспирираат неговите прекрасни и шарени мурали.
Откриј ја ултрамодерната Каза да музика – геометриска зграда распослана на 9 ката во која е сместена футуристичка концертна сала. И ако не ти е доволна современата архитектура, тогаш не пропуштај да го посетиш бродскиот терминал во форма на спирала во пристаништето Леиксоес.
Некои проекти базирани во Порто, биле номинирани за наградите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ) за 2021 година. Мултидисциплинарното дизајнерско студио, Тхеформ, фокусирано кон впечатливи индивидуални искуства, заеднички креации и дигитално производство, беше финалист за наградата, Ѕвезда во подем.
Дом на инспиративниот и инклузивен проект Умбрела скај, кој ги обликувал некои од улуците во градот со разнобојни чадори, вратите на Агуеда се отворени за секој кој го привлекува неговата динамична атмосфера. Посети го овој динамичен португалски град и ќе видиш како боите влијаат не само на градската естетика, туку и на твоите емоции.
Целосно претставувајќи го духот на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), иновативниот пристап на Агуеда, исто така го збогатува туристичкото искуство, преку иницијативи како што се мобилни апликации, кои ти помагаат во планирањето на обиколката низ градот, до места за споделување на велосипеди, кои ти помагаат да уживаш во возењето низ живописните улици на градот.
Но, исто така треба да се запознаеш и со средновековната страна на Агуеда. Посети го Ламас до Воуга да го видиш мостот Понте Медиевал до Рио Марнел – живописен мост, изграден над реката Марнел во 1200-та год., и уживај во спокоен пикник крај реката. Градскиот фестивал на уметноста АгитАгуеда е уште една популарна атракција, која значително придонесува за неговото културно наследство. Тој привлекува различни музички уметници и промовира урбана уметност, преку креирање на уметнички поставки во градот и по зградите.
Недалеку од градот, во Авеиро, можеш да се повозиш по каналите на традиционален дрвен чамец молициеро, и да го посетиш гробот на принцезата Жоана – споменик во повеќе бои, во барок стил и од мермер.
Бадахос, скриен скапоцен камен во шпанскиот регион Екстрамадура, тој ги вдахнува вредностите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ) преку неговото постојано инвестирање во реновирање и ревитализација на поранешни индустриски објекти. На пример, локалниот проект Лафабрика детодалавида е одликуван со наградата на Новиот Европски Баухаус во категоријата “Обновени урбани и рурални пространства“ за своите одржливи и инклузивни пристапи.
Бадахос им нуди на своите посетители примамливи градски и природни пејзажи. Разгледај го целиот прекрасен колорит на градот за време на обиколката на неговите импресивни плоштади и добро зачувани историски градби. Прошетај се околу плоштадот Плаза де Сан Франциско, седни на клупа, рачно украсена со плочки од мажолика, и отиди до Пуерта де Палмас и назад до Ренесанса, поминувајќи преку мостот Пуенте де Палмас на реката Гуардиана.
И секако не пропуштај да го видиш урбаното ремек-дело на Бадахос – елегантниот плоштад Плаза Алта, правоаголен плоштад, со лакови украсени во традиционални и живописни Мудехарски мотиви.
Динамичната и безвременска аура на шпанската Метропола ќе инспирира секој кој ја посети. Симбол на модерноста вкоренета во долгата историја, Мадрид просперира благодарение на реставрацијата на неговите урбани знаменитости. Најдобар пример за тоа е КашаФорум Мадрид, поранешна електро централа, каде сега се презентираат возбудливи и интерактивни современи уметнички изложби.
Градскиот совет на Мадрид неодамна се согласи да се приклучи кон ЕИТ Клајмејт-КИЦ во неговата програма за демонстратори на одржливи и еколошки градови, претворајќи го Мадрид, во еден од градовите кој се стреми кон намалување на емисиите до 65% до 2030 година.
Недалеку од црвените згради на градскиот динамичен плоштад Плаза Мајор, во резидентската област Карабанчел, ќе откриеш запрепастувачка архитектура која си игра со боите и формите. Додека една зграда со 18 апартмани изгледа како гигантска шарена коцка од пиксели, друга пак подсетува на тетрис. Проектот за јавни згради за живеење во Карабанчел покажува посмела употреба на боите и вистинскиот дух на вредностите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ). Архитектите ги бојадисале едноставните јавни згради со различни светли бои, следејќи ја идеата, дека боите можат да влијаат позитивно на нашето распложение. И на крај, не може а да не се инспирираш од уметничките, разиграни умови на шпанските архитекти и да ја искусиш суштината на Новиот Европски Баухаус.
За љубителите на зелени градски места, задолжително посети го музејот Сорола, кадешто можеш да уживаш во вибрантните уметнички дела на Жоаких Сорола, и во тишината на музејските градини. Прошетај се низ динамичниот парк Мадрид Рио, исполент со историски споменици, места за опуштање и за културни активности, во хармонија со биодиверзитетот на околниот простор. И ако и самио/та си уметник/ца, искористи ја можноста да ја посетиш непрофитната организација Конкомитенес, која од 2018 год.,се бави со промовирање на создавање и дисеминација на уметнички дела.
Целосно прифаќајќи го духот на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), шпанскиот крајбрежен град Барселона е богат во поглед на одржливата трансформација на градските знаменитости. Со множество на проекти, наградени на конкурсот на Новиот Европски Баухаус во 2021 година., Барселона го осветлува и предводи патот на новата одржлива урбана архитектура. Еден прекрасен проект е покривот на Иксфајр: “Плутачка“ Дива Градина, која се базира на на архитектонско подмладување и хармонија со околината.
Барселона исто така е домаќин и на добитникот на Европската награда за современа архитектура за 2022 година. - Миес Ван Дер Рохе: Ла Борда – кооперативни живеалишта направени од страна на Лакол. Овој прект е направен под влијание од политичките и градски промени и е базиран на социјални и економски одржлив избор.
Градскиот динамичен и инклузивен дух целосно е рефлектиран во низата на импресивни згради, кои смело ги прифаќаат како боите, така и пристапноста. Топлата атмосфера и боите на Парк Гуел, ќе те инспирираат кога ќе го забележиш преливањето на делата на Гауди како со природата, така и со урбаното срце на градот.
Барселона исто така го прифатила и модернизмот со неколку енергетско-ефикасни градби. Една од нив е неповторливата Торе Глориес – највисокиот градски облакодер, – кој ги менува боите преку денот додека сонцето се движи по неговата рефлектирачка површина.
Вториот град по големина во Ирска, Корк, доживеа процут во последните неколку години. После неколку проекти, поврзани со градската одржливост, пристапноста и развојот, Корк сега просперира благодарение на основните вредности на Новиот Европски Баухаус. Благодарение на неговата загриженост без преседан, за благосостојбата на граѓаните и околината, градот добил бројни награди за проекти како што се Мостот Каванах, и модернистичкиот, обложен со дрво надворешен дел на уметничката галерија Глуксман.
Разгледај ја историската страна на градот и посети ја импресивната катедрала Света Фин Баре, готски споменик кој се издигнува во средината на прекрасен зелен пејзаж уште од 12-ти век. Или пак препушти им се на глетките на блискиот град Кинсеил, кој важи за најразнобоен град во Ирска, за да ти го разубави денот. И ако тоа не ти е доволно, на 25 минути возење со кола на југоисток од Корк ќе стигнеш до Коб, кадешто можеш да уживаш во прошетка кон катедралата Свети Колман, меѓу уште поразнобојни куќи и динамични улици.