Skip to main content

DiscoverEU

Ви благодариме за заинтересираноста. Периодот за пријавување е завршен. Резултатите за пролетниот циклус се готови – проверувајте ја Вашата електронска пошта. Планирано е следниот циклус за пријавување ќе биде отворен на есен 2023 година (точните дати ќе бидат објавени подоцна). Ако имате 18 години или ќе наполните 18 години во 2023 година, гледајте го овој простор за да добиете патување од DiscoverEU!

 

Дали имате 18 години и сте правен резидент на една од земјите членки на ЕУ или третите земји поврзани со Еразмус+? Подгответе се да ја истражите Европа! DiscoverEU се гордее што е дел од семејството на програмата Еразмус+!

 

Што претставува DiscoverEU?

DiscoverEU е акција од програмата Еразмус+ која што Ви дава можност да ја откриете Европа преку искуства на учење. Патувајќи главно со воз (дозволени се исклучоци за оние кои што живеат на островите или во далечните региони), Вие ќе ги откриете неверојатните пејсажи на Европа и нејзината разноликост на градови. Можете да се пријавите на двата циклуси за пријавување кои што се одвиваат секоја година. На успешните апликанти им се доделува патување.

Како 18 годишен резидент на Европската унија или една од третите земји поврзани со програмата Еразмус+, како што се Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција, DiscoverEU Ви нуди можност да учествувате во патувачко искуство кое што ќе Ви овозможи да ја истражите разновидноста на Европа, да научите повеќе за нејзиното културно наследство и историја, како и да се поврзете со луѓе од целиот континент. Исто така, DiscoverEU Ви овозможува, како на млад човек, да ги развиете животните вештини кои ќе Ви бидат важни за во иднина, како што е независност, самодоверба и отвореност кон други култури.  

Избраните учесници ќе добијат Европска младинска картичка DiscoverEU со која ќе можe да имаат попусти за културни посети, активности за учење, спорт, локален транспорт, сместување, храна итн.

Кога е следниот циклус?

Повеќе од 200.000 млади луѓе добија патување од првиот циклус на пријавување во јуни 2018 година. Нов циклус ќе се одвива од среда, 15 март 2023 година во 12:00:00 (на пладне временска зона Брисел) до среда, 29 март 2023 година во 12:00:00 (на пладне временска зона Брисел). На главниот ден ќе се појави копче „Пријави се сега“ на оваа страница! 

За да можете да се пријавите, потребно е:

  • да сте родени помеѓу 1 јули 2004 (вклучително) и 30 јуни 2005 (вклучително);
  • да го внесете точниот број на лична карта, пасош или карта за правен резидент во онлајн формуларот за пријавување;
  • да бидете граѓани или правни резиденти* на една од следните земји: 

          - една од земјите членки на Европската унија вклучувајќи ги и прекуморските држави и територии (OCTs) или 
          - една од третите земји поврзани со програмата Еразмус+: Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција. 

* За повеќе информации видете го делот за Правилата „2. Погодни апликанти“

Потоа ќе треба да учествувате во квиз (освен ако не сте се пријавиле како член на група).

Ако бидете избрани, ќе можете да патувате во период од минимум 1 ден до максимум 30 дена помеѓу 15 јуни 2023 година и 30 септември 2024 година

Имајте предвид дека ако имате попреченост или здравствен проблем кој што го прави Вашето патување предизвикувачко, тогаш ќе добиете помош и поддршка за да Ви се помогне да учествувате во акцијата. Проверете ги нашите НПП C.13 за да дознаете повеќе.

Дали сте премлади за да учествувате во овој циклус? Не грижете се! Секоја година ќе има циклус на пролет и на есен.

Дали можам да патувам со моите пријатели?

Да, можете! Навистина зависи од Вас. Можете да одите сами или да додадете максимум до 4 пријатели во Вашата група ако истите ги исполнуваат горенаведените услови за погодност. Тие ќе го користат Вашиот код на пријава за да ја поднесат својата сопствена пријава. Проверете ги нашите НПП Б.5 до Б.11 за да дознаете повеќе.

Можете, исто така, да комбинирате планови за патување со други патувачи на DiscoverEU! Фејсбук групата DiscoverEU е добра платформа за да се направи тоа. Придружете се на групата сега за да разговарате со другите учесници.

Откако ќе бидете избрани, националните агенции на Еразмус+ ќе Ви помогнат да се поврзете и да научите, преку организирање на средби пред патување и средби меѓу патувачите.


„Надвор има цел свет. Спакувајте го Вашиот ранец, Вашиот најдобар пријател и тргнете.“

 

Споделете ги искуствата 

Како амбасадор, на DiscoverEU, ќе Ве поканиме да ги споделите Вашите искуства од патувањето преку алатките на социјалните мрежи – Инстаграм, Фејсбук и/или Твитер – користејќи ја ознаката #DiscoverEU. Можете да изберете да направите презентација во Вашето училиште или локална заедница. Уште повеќе, можете да учествувате на натпреварот за слика/видео на #DiscoverEU и да освоите одлични награди. 

Сакам да знам повеќе!

Заинтересирани за претходните циклуси на пријавување? Проверете ги фактите за DiscoverEU за да прочитате повеќе за акцијата и искуствата од некои од младите патувачи на DiscoverEU.

 

Европа е под твоите стопала. Направи го првиот чекор.
 

 

Инспирација за TedX видеото од Винсент-Имануел Хер