Skip to main content

DiscoverEU

If you're 18 and a resident in an Erasmus+ Programme country, it's time to expand your comfort zone.

Finding new teammates starts here

DiscoverEU - пријавувањето е завршено

Кругот за пријавување моментално е завршен. Има двa круга на пријавување годишно, еден на пролет и еден на есен. 
Следниот круг за пријавување ќе биде во пролетта 2027 година и ќе биде отворен за кандидати родени помеѓу 1 јули 2008 и 30 јуни 2009 година.
Почнувајќи од 2027 година, Обединетото Кралство ќе се приклучи на програмата „Еразмус+“, вклучително и на иницијативата „DiscoverEU“

Имаш 18 години и живееш во земја-членка на ЕУ или во земја придружена на програмата Еразмус+? Подготви се да ја истражиш Европа! 

Што претставува DiscoverEU?

DiscoverEU е иницијатива од програмата Еразмус+ која што ти нуди можност да ја истражиш разновидноста на Европа, да научиш за нејзиното културно наследство и историја, и да се поврзеш со луѓе од целиот континент.  

Ќе ти биде понудена патна пропусница за патувања главно со воз. За оние кои живеат на островите или во оддалечените области, одговорите на прашањата се наведени во одделот - правила.

Како избрани патник, ќе добиеш Европска младинска картичка за попусти од DiscoverEU , која овозможува разни попусти за културни посети, едукативни активности, спорт, локален транспорт, сместување и храна.

Како функционира програмата?

За да можеш да учествуваш мора да ги исполнуваш следните услови:

  • да имаш 18 години на денот на првиот ден на периодот за патување;
  • да го внесеш бројот од личната карта (ID), пасош или бројот на дозволата на легален престој во онлајн образецот за пријавување.
  • да бидеш државјанин или резидент* на една од:
    • земјите членки на ЕУ вклучувајќи ги и нивните најоддалечени региони, или
    • Прекуморските земји и територии (ПЗТ) поврзани со Европската Унија, или 
    • третите земји придружени на програмата Еразмус+: Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција; 
  • да ја прифатиш Изјавата за чест во образецот за пријавување.

* За повеќе информации види во Правила, одделот 2 „Услови за учество на кандидатите”.

Потоа треба да учествуваш во квиз (освен во случаите ако се пријавуваш како член на група).

Имај во предвид дека ако имаш инвалидитет или здравствен проблем кој ти го отежнува патувањето, ќе ја добиеш потребната помош и поддршка. Повеќе информации ќе пронајдеш во одговорот на прашањето Ц.10 во делот Често поставувани прашања.

Дали можам да патувам со моите пријатели?

Да, секако дека можеш! Можеш да патуваш самостојно или да приклучиш до максимум 4 пријатели во твојата група, само ако и тие ги исполнуваат горенаведените услови за учество. Тие може да се пријават со твојот код на пријавата. Види ги одговорите во делот Често поставувани прашања од Б.5 до Б.11 за повеќе информации.

Истотака можеш да испланираш заеднички патувања со други млади патници кои учествуваат во иницијативата DiscoverEU! Добра платформа за тоа е фејсбук групата DiscoverEU доколку се согласуваш со користење на таа друштвена мрежа*. Придружи и се на групата и позборувај со останатите учесници.

Откако ќе бидеш избран/а, националните агенции на Еразмус+ ќе ти помогнат за организирање на состаноци како би се запознал/а со другите патници за да се подготвите за патувањето.

* Обработката на лични податоци подлежи под посебни услови за заштита на податоци и на посебната изјава за заштита на лични податоци на компанијата Фејсбук, која дејствува како посебен администратор на лични податоци..

Сподели ги своите доживувања

Избраните кандидати автоматски стануваат DiscoverEU Амбасадори. Како амбасадор, ќе те поканиме да ги споделиш своите доживувања од патувањето на социјалните мрежи преку ознаката #DiscoverEU. Можеш дури да направиш и презентација во твоето училиште или локална заедница.

Сакам да дознаам повеќе!

Те интересираат претходните кругови на пријавување? Види ги информативните листови за иницијативата DiscoverEU, за да дознаеш повеќе за иницијативата и искуствата на некои од нашите млади патници со DiscoverEU.

Европа чека на тебе да ја изтражиш. Направи го првиот чекор.     

 

Инспиративно TedX видео од Винсент-Имануел Хер