Рута на културата на DiscoverEU
Од високите готски кули до модните колекции кои го менуваат текот на модата, музичките композиции кои го дефинираат музишкиот жанр и народни приказни кои се пренесуваат од колено на колено, јасно е дека културата е биечкото срце на Европа. И тоа толку многу, што всушност, може да биде тешко да знаеш каде и како да го доживееш најдоброто од сето тоа, додека патуваш низ континентот само неколку денови или недели со патната пропусница на DiscoverEU. Не грижи се, ние сме тука да ти помогнеме! Културната рута на DiscoverEU е збир на европски дестинации, внимателно одбрани за љубителите на филмот, модата, храната, ликовната уметност и многу повеќе.
Од Гимараеш до Ескишехир и од Ставангер до Валета, Културната рута на DiscoverEU ќе те однесе на авантура за да дознаеш и научиш за огромното и разновидно културно наследство на Европа. Избери патување по една од нашите под-рути – секоја е со тема околу различен аспект на културата, вклучувајќи дизајн, историја, музика, архитектура, книжевност, мода, ликовна уметност, театар, кино, народна уметност и храна – или едноставно направи сопствен избор! Како и да е, ќе бидеш третиран/а со низа културни понуди за да го смириш својот ум и душа.
Некои од овие дестинации се здобиле со признание за Европска престолнина на културата, додека други се ставени на престижната листа на светско наследство на УНЕСКО, или се горди носители на ознака за Евроспко наследство. Истотака ќе најдеш и градови означени со обележјето, награда за Пристапен град ; тоа се градови кои се надминале за да станат попристапни за сите, без оглед на возраста, мобилноста или способноста.
Затоа, избери културна тема која те интересира и започни да истражуваш…!
