Дигиталната рута на DiscoverEU
Бараш идеи за тоа каде да патуваш на твојата DiscoverEU авантура? Дали некогаш си се запрашал/а како би изгледал градот на иднината?
Ова е твојата шанса да ги истражуваш градовите на иднината! Ја представуваме дигиталната рута, мапа на дигитално паметни европски градови, кои предничат во користењето на дигитални технологии во своите згради, улици и околини. Во многу од тие градови, можеш да се поврзеш со бесплатен WiFi на јавни места, да користиш апликација за да провериш колку минути е оддалечен следниот автобус, или да се качиш на електричен велосипед за да го откриеш градот.
Некои од тие градови можат да се пофалат со титулата Eвропска престолнина на иновации – градови кои ЕУ ги препознала по нивните иновативни решенија за предизвици како што се транспортот и пристапот до јавните услуги. Други пак се "паметни градови" кои користат податоци и вештачка интелигенција за да ги направат поефикасни градските операции - како уличното осветлување или собирањето на отпадот - или "интелигентни градови" кои користат најсовремени технологии за да го подобрат животот на жителите на зелен, одржлив и одговорен начин. Многу од градовите долж рутата исто така нудат обуки за жителите за да ги подобрат нивните дигитални вештини.
Овие градови се во авангардата на #DigitalEU, отворајќи го патот кон иднината заедно со иницијативи како Програмата за дигитална Европа и #WiFi4EU – затоа погледни ја мапата подолу и истражи ги подетално. Освен тоа, ако си заинтересиран/а за одржливост и сакаш да додадеш неколку зелени градови на твојата патничка маршрута, тогаш зошто да не ја истражиш и Зелената рута на DiscoverEU?