Skip to main content
DiscoverEu Meetp-up

Што треба да знаеш за твоето патување со DiscoverEU пред да се спакуваш!

Последно ажурирана на Среда, 08/10/2025

Европа е полна со луѓе за да ги запознаеш, култури да ги доживееш, јазици што чекаат да ги научиш и историја да ја откриеш! За да ти помогнеме да ја започнеш твојата авантура, подготвивме практични совети за патување кои ќе ти бидат корисни на патот:

Да ja прославиме 40-годишнината од постоењето на Шенген!

Шенген зоната е едно од најголемите достигнувања на ЕУ. Благодарение на овој договор, потпишан на 14 јуни 1985 година, денес можете слободно да патувате од една во друга во 29-те земји во Шенген зоната, од кои, 25 земји-членки на ЕУ и 4 земји вон ЕУ — Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, без гранична контрола!

Да ја прославиме 40-годишнината од Шенген, сподели ги на инстаграм моментите од преминување на границите за време на твоето патување преку иницијативата DiscoverEU! Само напиши „Шенген“ во полето за пребарување на гифови на инстаграм и најди ги специјалните сликички за годишнината — и покажи им на пријателите колку земји си посетил/а.

Истотака излезе и комуникацискиот комплет за Шенген. Помогни ни да го промовираме!

Пред да тргнеш

Намали ја веројатноста за изненадувања! Настојувај патувањето да го резервираш однапред за да имаш време да ја истражиш достапноста на местото кое сакаш да го посетиш.

Колку подобро се организираш и подготвиш за патувањето, толку тоа помалку ќе ти биде стресно, бидејќи ќе знаеш што да очекуваш. Имај и резервен план (план Б) за секој случај.

Се што треба да знаеш за твоето патување

  • Чувај ги личните работи и информирај се за твоите патнички права.
  • Грижи се за себе – понеси ја својата Европска картичка за здравствено осигурување.
  • Мисли на одржливоста – купи шише за вода за многукратна употреба за да избегнеш прекумерен отпад.
  • Уживај во времето за прошетка, не брзај од едно место до друго и води сметка за трошоците.
  • И, се разбира верувај во себе – знаеш повеќе отколку што мислиш. Запознај го локалното население и дознај повеќе за нивната култура, пробај нови јадења и истражи помалку познати места – никогаш не знаеш што може да откриеш!

Мисли на безбедноста

Претходна подготовка е клучна за намалување на ризиците. Проучи ги добро своите дестинации, резервирај го однапред твоето сместување и за секој случај понеси испечатени копии од сите твои резервации и важни документи. Истотака треба да го информираш своето семејство и пријатели за твојот целосен план за да знаат каде се наоѓаш во секое време. Доколку е можно, најдобро е да патуваш во група со луѓе кои ги познаваш и во кои имаш доверба, за да се грижите едни за други. Не заборавај да понесеш и кутија за прва помош! Најважно е претпазливо да ја набљудуваш околината околу себе и доколку забележиш нешто сомнително, потпри се на својата интуиција. 

Твоите документи и контролен список

Иако тоа можеби не е највозбудливиот дел од патувањето, но документацијата е една од најважните работи. Внимавај да не заборавиш дома некои важни документи, со проверка и штиклирање на нашата листа за документи! Исто така, не заборавај да ја погледнеш рубриката од А-Ш за подготовка за DiscoverEU. 

Ајде да одиме! Авантурата не чека! 

DiscoverEU ти дава можност да откриеш нови земји и култури, да излезеш од твојата комфорна зона и да пробаш нови нешта. Зошто да не го слушнеш звукот на тркалата по шините, да го почувствуваш неодоливото задоволство на седењето до прозорецот додека размислуваш за мистериите на вселената, или да го искусиш задоволството на читање без да ти се сврти во глава?

А и како што велат, самото патување е дестинација. Зошто да не ја истражиш Европа патувајќи по некои од најубавите железнички рути?

Информативен пакет за патувањето:

а)   Водич низ правилата / спецификациите на DiscoverEU

б)   Што да се види и прави за време на патувањето

Водич за инспирација на патниците за кои места да ги посетат и што да прават, како што се активности надвор од зацртаните патеки, патување вон сезоната, виртуелна култура, железнички рути итн.

в)   Трикови за патување

г)   Референтни точки

д)  Безбедносни ЧПП

ѓ)   Како да се подготвиш

е)   Следни чекори

  • Како да станеш амбасадор на иницијативата DiscoverEU

  • Што после твоето патување преку иницијативата DiscoverEU

  • Дознај како твојата идеја истотака може да ја преобрази Европа!