Правила на конкурсот за иницијативата DiscoverEU¹
1. Опис
DiscoverEU е иницијатива во рамки на програмата Еразмус+ (2021-2027) Таа има за цел да им понуди на младите луѓе на 18 годишна возраст, искуство преку патување кое што ќе го зајакне нивното чувство за припадност на Европската унија, ќе им овозможи да ја истражат разноликоста на Европа, нејзиното културно наследство и историја, како и да ги поврзе луѓето од целиот континент и на крајот да се спознаат самите себе.
Во пролетта 2026 година, Европската комисија и Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA) планираат да им доделат патни пропусници² и картици за попусти на околу 40 000 млади лица, и така ќе им овозможат да ја истражат Европа. Планираниот буџет за овој круг на повикот за пријави изнесува 23.500.000,00 евра.
Младите луѓе може да се пријават на Европскиот младински портал.
Се планира периодот за поднесување на пријавите да започне на 1 октомври 2026, во 12:00:00 часот (напладне, по средноевропско време-Брисел), и да заврши на 15 октомври 2026, во 12:00:00 часот (напладне, по средноевропско време-Брисел).
Успешните кандидати ќе добијат патни пропусници за да патуваат и да ја истражат Европа во периодот од 1 март 2027 година до 31 мај 2028 година. Во овој период, учесниците ќе можат да ја користат својата патна пропусница за патување со воз до 7 дена, во рамките на избраниот период од најмногу 30 дена³. Откако ќе ја резервираат и добијат својата патна пропусница, успешните кандидати се сметаат за учесници⁴.
Учесниците, по правило, патуваат со еколошки најприфатливиот начин на превоз. За да им се овозможи пристап на поширок круг на учесници, иницијативата нуди алтернативни превозни средства кога тоа e неопходно, а притоа земајќи ја во предвид грижата за околината, времетраење на патувањето и растојанието.
Во исклучителни ситуации, а кога не се достапни други транспортни средства, дозволено е патување со авион. Ова ќе им овозможи на младите луѓе кои што живеат во далечни региони или на острови да имаат шанса да учествуваат во DiscoverEU.
Избраните учесници исто така ќе добијат и картичка за попусти од иницијативата DiscoverEU. Картичката ќе им овозможи на младите попусти за сместување, за посети и активности во областа на културата, за учење, спорт, локален превоз, храна и слично.
2. Кандидати кои ги исполнуваат условите
За да можат да учествуваат, кандидатите треба:
- да навршиле или да навршат 18 години во периодот помеѓу 1 јануари 2026 и 31 декември 2026, т.е. млади лица родени помеѓу 1 јануари 2008 и 31 декември 2008 (вклучително и тие датуми).
- да се државјани или легални резиденти на една од:
- 27-те земји членки на Европската унија вклучувајќи ги и нејзините надворешни региони (Француска Гвајана (ФР), Гвадалупе (ФР), Мартиник (ФР), ла Реунион (ФР), Мајот (ФР), Свети Мартин (ФР), Азурите (ПТ), Мадеира (ПТ) и Канарските острови (ЕС)), или
- на прекуморските земји и територии поврзани со Европската унија: Аруба (НЛ), Бонаир (НЛ), Курacао (НЛ), Француска Полинезија (ФР), Француски јужни и антарктички територии (ФР), Гренланд (ДК), Нова Каледонија (ФР), Саба (НЛ), Свети Бартоломеј (ФР), Свети Еустатиус (НЛ), Свети Мартен (НЛ), Свети Пјер и Микелон (ФР), Валис и Фортуна острови (ФР), или
- трети земји кои се поврзани со програмата Еразмус+: Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција;
- да го внесат бројот на нивната лична карта, пасош или на дозволата за легален престој во интернет формуларот за пријавување.
- да се согласат со Изјавата за чест во образецот за пријавување.
Избраните учесници ќе може да патуваат само ако:
- планираат да патуваат најмногу 7 дена, во период од максимум еден месец, во рамките на одобрениот период за патување од 1 март 2027 година до 31 мај 2028 година;
- планираат да патуваат во барем една друга земја која ги исполнуваа условите за учество во DiscoverEU (види погоре);
Ниеден кандидат кој што не ги исполнува критериумите за учество, нема да биде земен во предвид во процесот на избор.
3. Постапка на пријавување
Пријавите за учество за иницијативата DiscoverEU се поднесуваат преку посебен онлајн образец на Европскиот младински портал. Нема да биде можно да се поднесе пријава пред или по периодот за пријавување наведен во точка 1.
Постапката за пријавување се состои од 7 чекори:
- Прво се проверува дали кандидатите ги исполнуваат условите за учество, што значи дека во пријавата треба да го внесат својот датум на раѓање, место на живеење и државјанство. Ако тие податоци не се во согласност со условите за учество наведени под точка 2 „Кандидати кои ги исполнуваат условите за учество“, тие нема да можат да продолжат на следниот чекор. Освен тоа, ќе треба да потврдат дека се согласуваат со Изјавата за чест, со правилата на повикот за пријавување на иницијативата DiscoverEU, дека се согласуваат на тоа да нивните лични податоци се чуваат и обработуваат за потребите на тој повик за пријавување, како и дека се согласуваат да бидат контактирани во врска со иницијативата DiscoverEU, од страна на Европската комисија и организациите овластени од неа за тие цели, како и од ЕИАОК и националните агенции на Еразмус+ и Еуродеск. Кандидатите ќе мора да се согласат да постанат амбасадори на иницијативата DiscoverEU⁵.
- Кандидатите ќе мора да наведат дали тие сакаат да патуваат сами или во група од максимум 5 луѓе.
- Кандидатите ќе треба да наведат важечка адреса на е-пошта. Откако ќе го направат тоа, ќе добијат автоматска порака од Европскиот младински портал со цел да потврдат дали е-поштата е важечка. Оваа потврда на е-поштата е потребна заради комуникацијата со кандидатите по изборот која што ќе се одвива преку е-пошта. Барајќи од кандидатите да ја потврдат својата адреса на е-пошта, Европската комисија и ЕИАОК спречуваат други лица неовластено да ја користат таа е-пошта.
- По потврдувањето на нивната е-пошта, младите луѓе ќе треба да пополнат образец за пријавување. Прво, тие ќе треба да ги дадат своите лични податоци: државјанство, датум на раѓање, име, презиме, пол, адреса на е-пошта, телефонски број, земја на живеење, поштенски код, регион, занимање и број на национална лична карта (ИД), пасош или дозвола за престој.
- Откако ќе ги внесат нивните лични податоци, сите кандидати треба да одговорат на 5 прашања од квизот со повеќе понудени одговори во врска со општото познавање за Европската унија и за другите иницијативи за млади на ЕУ. На крајот, ќе треба да одговорат и на додатно прашање. Со ова додатно прашање од кандидатите се бара да дадат колку што е можно приближно точен одговот, со цел е да го одреди редоследот меѓу кандидатите што освоиле ист број поени на петте прашања од квизот. По завршување на периодот за пријавување, одговорот на додатното прашање се извлекува од системот за пријави. Кандидатите што освоиле ист број поени на петте прашања од квизот потоа ќе бидат рангирани врз основа на нивниот одговор на додатното прашање: нивното рангирање ќе се одреди според тоа колку нивниот одговор е најприближен до точниот одговор. Кандидатите ќе бидат избрани во рамки на расположивиот буџет и ќе бидат рангирани според точноста на одговорите. Во случај на изедначен резултат и како крајна мерка, Европската комисија/ЕИАОК ќе ги рангира кандидатите според времето на праќање на одговорите.
- Кандидатите ќе треба да дадат дополнителни информации за нивните планови за патување (т.е. кога планираат да го започнат патувањето, дали им е прв пат да патуваат сами без родителите, што сакаат да научат од тоа искуство, како ќе го финансираат патувањето и како дознале за DiscoverEU). Информациите внесени во тој дел не се обврзувачки и нема да влијаат врз процесот на избор. Собраните податоци ќе се користат за статистички цели и како информација за Европската комисија и ЕИАОК со цел подобрување на DiscoverEU.
Пред да ја поднесат својата пријава, од кандидатите ќе се бара да ја проверат и потврдат нивната пополнета пријава. Измени на одговорите од квизот и на додатното прашање не се можни по поднесувањето на пријавата. Дополнително, барањата за повлекување на пријава ќе се обработуваат по завршувањето на периодот за поднесување пријави и по утврдувањето на постоење на поднесени повеќекратни пријави.
Сите апликанти ќе добијат потврда по е-пошта преку Европскиот младински портал, откако ќе ја поднесат нивната пријава. Во таа порака ќе има известување за приемот и регистрацијата на нивната пријава, кодот на пријавата и временскиот распоред за објава на одлуката за избор на кандидатите.
Кандидатите треба да го зачуваат кодот на пријавата за понатамошна комуникација. Ако апликантот сака да покани луѓе да се придружат на неговата/нејзината група, тогаш тој/таа станува носител или претставник на таа група и ќе треба да им го даде кодот на другите членови на групата за да можат тие да се регистрираат. Врз основа на кодот доставен од носителот(водачот) на групата, останатите членови на групата ќе треба да се регистрираат на интернет и да ги внесат своите лични податоци.
Доколку кандидатите навеле дека сакаат да патуваат сами, сепак можат да додадат пријатели во својата пријава или да се приклучат на постоечка група по поднесувањето на пријавата и пред конечниот рок, следејќи ја истата постапка наведена погоре.
Напоменуваме дека членовите на групата не треба да одговараат на прашањата од квизот и на додатното прашање, бидејќи тие се наменети само за носителот на групата. Сепак, тие треба да ги пополнат нивните лични податоци со цел да се потврди нивната пријава. Меѓутоа, другите членови на групата треба да да ги исполнуваат истите критериуми за учество.
Групата пријава ќе се разгледува како единствена пријава. Само оние членови на групата кои ја пополниле пријавата за учество користејќи го кодот даден од страна на носителот на групата ќе бидат земени во предвид за избор. Членовите на групата не треба да се регистрираат поединечно.
Членови на групите може да бидат лица со различни државјанства кои живеат на различни места.
Може да се поднесе само една пријава по лице во истиот круг на пријавување. При изборот во предвид ќе се земе само првата пријава примена и регистрирана на Европскиот младински портал. Поединци не може да се пријавуваат во различни групи. Ако во текот на било која фаза на постапката се откријат повеќе пријави, во предвид ќе се земе само првата пријава регистрирана на Европскиот младински портал, а останатите ќе бидат одбиени.
Млади лица кои веќе резервирале DiscoverEU патна пропусница во рамките на некој од претходните кругови на пријавување нема да можат да добијат уште една патна пропусница во овој круг. Тоа ќе биде откриено при поднесувањето на пријавата и новата/ите пријава/и ќе бидат одбиени. Ако во било која фаза од спроведување на акцијата, Европската комисија, ЕИАОК или изведувачот кој што е назначен од нив да ги спроведува резервациите за патување, се откријат пријави на млади кои добиле пропусница за патување од DiscoverEU во рамките на некој од претходните циклуси на пријавување, тој кандидат ќе биде дисквалификуван.
4. Постапка за избор и критериуми
На успешните кандидати ќе им бидат доделени патните пропусници во согласност со условите утврдени во член 244 од Финансиската регулатива 2024/2509⁶.
За секоја земја е утврдена квота на патни пропусници. Распределбата се заснова на клучната акција 1 (индивидуална мобилност – млади) од програмата „Еразмус+⁷.
Постапката на избор ќе се изврши врз основа на местото на живеење кое кандидатот ќе го наведе во пријавата. Во случај да има помалку пријави од фиксната квота за земјата, останатите патни пропусници ќе бидат прераспределени на апликантите кои што живеат во земји со повеќе пријави од фиксните квоти.
Местото на живеење на носителот на групата ја определува резидентноста која што ќе биде земена предвид за пресметување на квотите. Доколку некоја група е последна на листата на избрани кандидати по земја, а квотата за таа земја веќе е исполнета, сепак ќе биде изберена целата група..
Кандидатите прво ќе треба да ја поминат проверката на критериумите за учество, односно да имаат соодветен датум на раѓање и соодветно живеалиште или државјанство, како што е наведено во точките 2 и 3, врз основа на тоа што сами го изјавиле. Имај во предвид дека ова автоматски ќе се проверува во текот на пријавувањето, а доставените податоци дополнително ќе бидат проверени врз основа на придружни документи по доделувањето, од страна на изведувачот назначен од Европската комисија и EACEA за спроведување на постапката за резервација на патувањата. Доколку надворешниот изведувач при проверка на личната карта, пасош и/или дозвола за престој, открие дека кандидатот дал неточни податоци, кандидатот ќе биде исклучен/а од конкурсот.
Доколку сите критериуми за учество се исполнети, кандидатите потоа ќе треба точно да одговорат на 5-те прашања од квизот и на додатното прашање. Доколку се работи за групи, само носителот на групата ќе треба да ги одговори 5-те квиз прашања и на додатното прашање. Одговорите на водачот на групата на прашањата од квизот и на додатно прашање важат за целата група, како и времето на поднесување на пријавата на водачот.
Кандидатите ќе бидат групирани според местото на живеење и рангирани според бројот на точни одговори на 5-те прашања од квизот, а потоа според одговорот на додатното прашање.
По истекувањето на периодот за поднесување пријави, комисијата за евалуација ќе ја разгледа анализата дадена од Европскиот младински портал за нивната конечна оценка.
Аоколку има премногу еднакво рангирани пријави (поединечни или групни) на границата на фиксната квота, комисијата за евалуација ќе го примени принципот „прв дојден прв услужен” односно последните места ќе ги додели на тие кои се пријавиле први.
На 250-те најдобро рангирани кандидати од сите земји приклучени кон програмата, ќе им биде понудено бесплатно ноќевање во младински хостел (тоа важи за сите членови на групата во случај на групна пријава). Понудата за бесплатно ноќевање важи за време на патувањето преку инцијативата DiscoverEU, само во хостели што учествуваат во иницијативата, како што ќе биде наведено од страна на изведувачот, во зависност од достапноста, во заеднички соби/спални соби. Задолжителна е претходна резервација, согласно упатствата обезбедени од изведувачот. Од учесниците може да биде побарано да покажат важечка патна карта DiscoverEU на рецепцијата на хостелот.
5. Комисија за избор
Комисијата за избор составена од претставници на Европската комисија и ЕИАОК ќе се состане по затворањето на постапката за пријавување Тие ќе донесат одлуки за резултатите за избор врз основа на горенаведените критериуми. Комисијата ќе направи проценка и ќе ја утврдат конечната ранг-лист на избраните кандидати на кои ќе им бидат обезбедени патни пропусници, врз основа на нивните одговори на квизот и на додатното прашање, земајќи ги во предвид квотите по земја и времето на поднесување на пријавата во случај на кандидати со ист број поени. Комисијата за евалуација ќе утврди главна листа, резервна листа и листа на одбиени кандидати. На кандидатите од резервната листа може да им се доделат патни пропусници во подоцнежна фаза во случај да преостанат недоделени средства, или ако избрани кандидати се откажат од своите патни пропусници или не ги активраат (види точка 7).
Врз основа на решението на комисијата за избор, ЕИАОК ќе донесе одлука за избор со вкупниот број на доделени патни пропусници и картички за попуст, вкупниот износ на средста издвоени за нив, листата со кодови наменети за избраните кандидати, резервната листа и листата на одбиени кандидати.
6. Известување за резултатите
Кога постапката за избор ќе заврши, можеш да провериш дали си помеѓу избраните кандидати со внесување на твојот код од пријавата на Европскиот младински портал.
Ќе добиеш и известување преку е-пошта од Европскиот младински портал во кое се наведува дали:
- си вклучен/-а како корисник/чка на главната листа (избрани кандидати) или
- си предложен/а за резервната листа или
- не си изберен/а (одбиени апликации)
Понатамошната комуникација ќе се одвива помеѓу изведувачот назначен од EИАОК и избраните кандидати за да се направи резервацијата. Повеќе информации може да најдете во точка 8.
7. Резервна листа
Откако ќе се достигне прагот на расположливите патни пропусници, се составува резервна листа. Кандидатите на резервната листа се рангираат според нивните одговори на квизот и на додатното прашање, како и според времето на поднесување на пријавата во случај на изедначен резултат. ЕИАОК може да додели патни пропусници на кандидатите кои се вклучени на резервната листа во следниве случаи: ако се обезбедат дополнителми средства, ако избраните кандидати ја повлечат својата пријава, или ако не ја активираат својата патна пропусница до дадениот рок. Овој механизам може да се применува до целосно користење на расположливиот буџет.
Со вклучувањето на резервната листа, Европската комисија и ЕИАОК не се обврзуваат и не гарантираат дека ќе бидеш избрана/а во подоцнежната фаза.
Кандидати од резервната листа може да бидат контактирани преку Европскиот младински портал за да им се понуди патна пропусница. Тие што ќе бидат контактирани од изведувачот бидејќи се на резервната листа, не може да бараат надомест за патувања резервирани или остварени пред да ја добијат поканата, ниту да бараат продолжување на периодот за патување.
8. Резервирање на билетите за патување и правила на патувањето
Учесниците треба да го започнат своето патување во земја која е дел од мрежата на Интерраил-Interrail и да патуваат во најмалку една земја која учествува во иницијативата DiscoverEU и која што е различна од земјата на живеење. Целото патување може да трае од минимум 1 ден до максимум 1 месец, вклучително. Периодот за патување е планирано да започне на 1 март 2027 година и да заврши на 31 мај 2028 година. Патната пропусница може да се користи во земјата на живеење само за едно излезно и едно влезно патување.
Патните пропусници за избраните кандидати ќе бидат резервирани, купени и доставени исклучиво од страна на изведувачот назначен од ЕИАОК. Избраните кандидати во никакви околности не смеат сами да резервираат патни пропусници или билети за воз, авион, брод или автобус, ниту пак преку патничка агенција која не е определена за оваа намена од страна на ЕИАОК во рамките на иницијативата DiscoverEU. Пропусници или билети купени директно од страна на избраните кандидати нема да бидат надоместени.
Избраните кандидати ќе добијат е-пошта од Европскиот младински портал со покана да ја резервираат својата патна пропусница на платформата за резервации на изведувачот. Кандидатите треба да се осигурат дека електронското поштенско сандаче што го користеле за пријавувањето може да ја прими е-пораката со известувањето за резултатите (на пример, сандачето да не биде преполно). По извршената резервација од страна на успешниот кандидат, изведувачот ќе ја обезбеди патната пропусница, заедно со пристап до потребните информации што ќе им помогнат на учесниците да ги организираат и подготват своите патувања. На избраните кандидати истотака ќе им биде доделена и картичката за попусти на DiscoverEU.
Оваа картичка ќе им овозможи пристап до разни попусти и погодности во сите земји учеснички во програмата Еразмус+. Картичките за попусти купени директно од страна на учесниците нема да бидат надоместени.
Изведувачот ќе ги избере најконкурентните и најповолните превозници кои ги исполнуваат условите од неговиот договор со ЕИАОК.
датумите на кои изберениот кандидат може да патува остануваат флексибилни се додека патната пропусница и избраните денови за патување, не бидат активирани од учесникот.
Избраните кандидати ќе можат да патуваат:
- во период од најмногу 1 месец, во кој може да патуваат 7 дена.
- кои се еден по друг или да се распределени во текот на еден месец,
- во онолку земји кои се дел од програмата, колку што тие сакаат.
Избраните учесници кои се пријавиле во есента 2026 година имаат рок до 15 март 2027 година да ја активираат својата патна пропусница⁸. Ова значи дека тие ќе треба да го наведат датумот на почеток на важноста од 1 месец на патната пропусница до предвидениот рок. По активирањето на патната пропусница, датумот на почеток на патувањето сè уште може да се промени до крајот на периодот за патување (односно од 01.03.2027 до 31.05.2028), под услов промената да биде направена пред почетокот на избраниот датум за почеток на патувањето. Ако датумот на тргнување е веќе започнат, или ако е поминат, повеќе не може да се промени.
Ако учесниците не ја активираат патната пропусница до предвидениот краен рок, или не реагираат на со тоа поврзаните известувања, патната пропусница може да им се откаже и понуди на кандидатите од резервната листа.
За некои возови задолжително е резервирање седишта или тие се нудат како дополнителна опција. На учесниците им е дозволено бесплатно резервирање на најмногу 4 (четири) седишта. Сепак, тие не можат бесплатно да резервираат седишта во прва класа, места за спиење во ноќни возови или за возови што не се наведени во системот за резервација на седишта. Сите бесплатно направени резервации се неповратни и не можат да се заменат.
Ниту Европската комисија ни ЕИАОК не надоместуваат никакви додатоци или доплонителни трошоци настанати во текот на патувањето.
Избраните кандидати кои сакаат да патуваат во Кипар, Исланд, Ирска или Малта мора за тоа да го информираат изведувачот. Квотата наведена во делот "Квота по држави" на Европскиот младински портал, ќе се применува за патниците од Кипар, Исланд, Ирска и Малта. За избраните кандидати кои сакаат да патуваат во Кипар, Исланд, Ирска и Малта, ќе се примени најмногу тројна таква квота. Авионските билети до овие конкретни дестинации ќе бидат резервирани според редоследот на поднесување на пријавата во рамките на достапниот буџет. Избраните кандидати и учесници не смеат сами да ги купуваат тие билети.
Отстапување од условот за периодот на патување може да се примени за млади луѓе кои живеат во земја што е дел од Европската Унија или трети земји партнери придружени на програмата Еразмус+ (види точка 2) кои имаат задолжителна воена обврска или цивилна служба. Во тој случај, периодот на патување ќе биде продолжен на 6 месеци по завршувањето на нивните законски обврски.
9. Видови на транспортни средства
Избраните кандидати, по правило, ќе патуваат со најеколошкиот начин на превоз. Меѓутоа, за да се овозможи пристап на што поширок круг на учесници, програмата DiscoverEU треба да понуди алтернативни начини на превоз кога е потребно, земајќи ги предвид еколошките аспекти, времето и оддалеченоста. Се патува во втора класа.
Патување со авион може да се дозволи само во посебни ситуации и ќе биде организирано за избраните кандидати. Ова е во случај кога младите луѓе живеат:
- Во деветте најоддалечени региони (односно Гваделупе, Француска Гвајана, Мартиник, Реинион, Мајот, Сен Мартен, Мадеира, Азори и Канарски Острови);
- Учесниците кои живеат во прекуморските земји и територии на ЕУ (Аруба, Бонаир, Куракао, Француска Полинезија јужни и антарктички територии, Гренланд, Нова Каледонија, Саба, Свети Бартоломеј, Свети Еустатиус, Свети Мартин, Свети Пјер и Микелон, Валис и Футуна)
- Во земји/региони кои се дел од програмата и кои не се достапни со други превозни средства;
- Кога младите лица треба да патуваат повеќе од 18 часа со копнен или поморски превоз пред да стигнат до најблиската меѓународна железничка станица што е дел од мрежата Interrail.
Само нивното дојдовно и појдовно патување може да биде со авион, со соодветно земање во предвид на можните буџетски ограничувања дадени од изведувачот или од EACEA. За остатокот од нивното патување, важи основното правило.
Младите луѓе од најоддалечените региони и прекуморски земји и територии може да изберат било која дестинација која што ги исполнува зададените барања. Избраните кандидати кои сакаат да патуваат во најоддалечените региони и прекуморски земји и територии, можат да го сторат тоа, ако трошокот за патувањето не го преминува достапниот буџет.
Успешните кандидати кои живеат на Кипар, Исланд, Ирска или Малта, или во прекуокеански земји и територии, можат да патуваат со авион до континентална Европа. Тие не треба сами да ги купат авионските билети: повратниот билет ќе им биде организиран од страна на надворешниот изведувач.
10. Вредност на патните пропусници и картичките со попусти
Избраните кандидати ќе добијат само патни пропусници и DiscoverEU картичка за попусти. Трошоците за сместување, храна, осигурување, додатоци за патување или какви било други трошоци поврзани со патуваги покриваат самите избрани кандидати.
По правило секој избран кандидат има право на патна пропусница и картичка за попуст. Ќе се патува само во втора или економска класа, најчесто со воз, а по потреба со брод или авион. Патувањето со авион може да се организира од надворешниот изведувач во посебните ситуации наведени подолу:
- Ако избраните кандидати патуваат од најоддалечените региони на ЕУ и прекуморските земји и територии до континентална Европа. Откако ќе пристигнат во континентална Европа, се применува основното правило и за нив.
- За избраните кандидати надвор од гореспоменатите географски зони кои мора да патуваат со авион до континентална Европа. Откако ќе пристигнат во континентална Европа, се применува основното правило и за нив.
- Во посебни случаи, од кои секој ќе се разгледува поединечно (на пр., за избрани кандидати што живеат на други острови кои се придружени кон програмата Еразмус+), трошоците за дополнително патување може да се надоместат.
За избраните кандидати кои се со намалена подвижност и/или со посебни потреби: може да се оствари надокнада на трошоците за посебна помош (за придружник, куче водач за слепи итн.), врз основа на соодветни документи со кои се оправдува потребата за помош, во согласност со националното законодавство на земјата на престој.
Изведувачот ќе ги резервира сите дојдовни и појдовни летови, во согласност со можните буџетски ограничувања.
11. Индикативен временски распоред
Период за пријавување | од 1 октомври 2026, во 12:00:00 часот (почеток), пладне по средноевропско време-Брисел до 15 октомври 2026, во 12:00:00 часот (крај), пладне по средноевропско време-Брисел |
Известување за резултатите | Јануари 2027 |
Период на патување | Од 1 март 2027 (вклучително) до 31 мај 2028 (вклучително) |
12. Повлекување и откажување на патувањето од страна на успешниот апликант
Секоја патна пропусница ќе важи за точно одредено име и не може да се пренесува на друго лице. Името поврзано со патната пропусница не може да се менува.
Избраниот учесник кој се пријавил во есента 2026 година треба да ја активира својата патна пропусница до наведениот рок. Ако патната пропусница не биде активирана до тој датум и/или учесникот не одговори на поврзаните пораки, изведувачот назначен од EACEA за доставување на патните пропусници ќе ја откаже пропусницата и ќе ја прераспредели на друго лице од резервната листа, почнувајќи од највисоко рангираниот кандидат.
Ако избраниот кандидат/ка од било кои причини го одбие патувањето, пред изведувачот назначен од ЕИАОК, да ја резервира патната пропусница, неговото/нејзиното место ќе се додели на кандидат/ка од резервната листа, при што предност имаат највисоко рангираните. Избраните кандидати се повикуваат да стапат во контакт со изведувачот пред да направат билокаква резервација.
Ако некој член на дадена група (водач или член на групата) се откаже од патувањето пред изведувачот одреден од ЕИАОК да ја резервира патната пропусница, тоа откажување нема да го доведе во прашање патувањето на целата група. Останатите членови од групата и понатаму може да патуваат по планот. Сепак, лицето кое што се откажало не може да биде заменето. Неискористената патна пропусница ќе биде доделена на лице од резервната листа при што предност имаат највисоко рангираните.
Можно е некои членови на групата на крајот да одлучат да патуваат индивидуално, и тоа нема да влијае на целата група.
Пропусницата за патување не може да се замени ниту да се добие повраток на пари.
13. Виша сила
Во случај да патувањето е нарушено поради непредвидливи исклучителни ситуации или настани кои се надвор од контрола на учесникот, а не се резултат на негова/нејзина грешка или небрежност, можно е да се додели нова патна пропусница. Извршната агенција за образование и култура ЕИАОК (EACEA) и Европската комисија ќе ги проценуваат таквите ситуации заедно со изведувачот, поединечно за секој случај.
14. Известување за патувањето
Европската комисија сака да слушне од учесниците во програмата и ги охрабрува младите DiscoverEU патници да ги споделат своите искуства и авантури. Избраните кандидати стануваат амбасадори на иницијативата DiscoverEU Тие се повикуваат да известат за нивните искуства од патувањето, на пример преку социјалните медиуми или да одржат презентација во нивното училиште или во локалната заедница.
Кандидатите можат да се приклучат на официјалната група #DiscoverEU на фајсбук доколку се согласат со правилата на користење на оваа социјална мрежа⁹. Младите патници, исто така, ќе треба да достават повратни информации преку онлајн анкета што ќе им биде испратена од страна на изведувачот на EACEA по завршувањето на нивниот период на патување. По нејзиното пополнување, патниците ќе добијат сертификат за учество кој што е автоматски генериран и во кој се нагласени способностите и вештините стекнати благодарение на нивното искуство со патувањето.
15. Виза
Во зависност од нивното државјанство и нивната испланирана рута на патување (вон Шенген-зоната), на учесниците може да им се потребни една или повеќе визи. Издавањето на визи е во надлежност на земјите учеснички во програмата.. Учесниците треба да се информираат од официјални извори, и навреме да ги поднесат нивните барања до надлежните органи. Издавањето на виза може да потрае неколку недели и/или месеци. Поради тоа, барањата за виза треба да се поднесуваат повеќе од еден месец пред планираниот датум на тргнување. DiscoverEU патната пропусница нема да биде повторно резервирана поради одложено добивање на виза, во случај да барањето за виза е направено помалку од 4 недели пред датумот на заминување или помалку од 8 недели пред крајот на периодот на патување. Изведувачот ќе обезбеди помош (општи совети) во овој поглед. Во секој случај, учесниците се одговорни да ги подготват своите документи пред да тргнат на пат.
Европската комисија, ЕИАОК и договарачот не се во позиција да влијаат на одлуките на националните власти во однос на визата.
Трошоците за издавање на виза ќе бидат покриени од DiscoverEU.
Ако за добивање на виза е задолжително да се има здравствено осигурување, тоа ќе биде обезбедено од договарачот. Поврзаните со тоа трошоци, ќе ги покрие DiscoverEU.
Учесниците се должни да достават придружна документација за обработка на барањата за надомест во рокот што ќе им го соопшти изведувачот.
16. Осигурување
На учесниците им се советува да обезбедат соодветно здравствено и патничко осигурување за целото времетраење на патувањето. Основното здравствено осигурување најчесто е обезбедено од националното здравствено осигурување на учесникот за време на неговото/нејзиното патување преку европската картичка за здравствено осигурување.
Сепак, европската картичка за здравствено осигурување или приватното здравствено осигурување може да не ги покриваат и опфаќаат сите можни случаи, особено ако е потребен повраток во земјата или одредена медицинска интервенција. Во тие случаи, се препорачува дополнително осигурување.
17. Изјава за одрекување од одговорност
Европската комисија, ЕИАОК и нејзиниот изведувач ќе обезбедат само патни пропусници и картичка за попусти од DiscoverEU, а по потреба ќе ги покријат и трошоците за издавање виза и трошоците за осигурување, како што е објаснето погоре. Во посебни случаи и ако тоа однапред е одобрено од ЕИАОК, може да се земе во предвид и покривање на трошоци поврзани со посебни потреби, намалена подвижност, прекини на патувањето поради виша сила или слично. Трошоците за сместување, издршка, основно осигурување, додатоци за патување или било какви други трошоци поврзани со патувањето ќе треба сами да ги покријат избраните кандидати.
Европската комисија, EACEA и нејзиниот изведувач нема да сносат одговорност за каква било штета предизвикана или претрпена од кој било од учесниците, вклучително и за каква било штета предизвикана на трети лица или од трети лица како последица на или за време на спроведувањето на субвенционираните активности.
Европската комисија, ЕИАОК и нејзиниот надворешен изведувач не сносат одговорност за било каква можна материјална, нематеријална или физичка штета претрпена од избраните кандидати или нивните придружници во случај на некакви посебни потреби за време на нивното патување или престој.
Планираното патување зависи од ограничувања поврзани со буџетот, времето и достапноста на патни пропусници и картички за попусти. Поради тоа, истото може да подлежи на промена, а надворешниот договарач назначен од Европската комисија и ЕИАОК не може да гарантираат дека посакуваното патување ќе се реализира.
Европската комисија и EACEA го задржуваат правото да ги изменат правилата утврдени во точките 10 и 11 во случај на исклучителни околности.
18. Применливо право
Овој конкурс е регулиран според правото на ЕУ. Судот на правдата на Европската Унија е единствениот суд надлежен за секој спор меѓу Унијата и било кој кандидат или учесник во поглед на толкувањето, примената или валидноста на правилата на овој повик за пријавување т.е конкурс, доколку таквиот спор не може да се реши на мирен начин.
19. Заштита на податоците
Бараните податоци ќе се користат само за доделување на патни пропусници на кандидатите, овозможувајќи им да резервираат билети за патување и да им обезбедат услуги поврзани со DiscoverEU, како што се едукативниот циклус или промотивните кампањи на иницијативата DiscoverEU Учесникот може во овој случај да биде контактиран од страна на Европската комисија,EACEA, организациите овластени од Европската комисија и EACEA, Националните агенции за програмата Еразмус+ и Еуродеск.
Сите лични податоци се обработуваат од страна на Европската комисија и EACEA во согласност со Регулативата (ЕУ) 2018/1725 на Европскиот парламент и на Советот од 23 октомври 2018 година (со ставање вон сила на Регулативата (ЕЗ) бр. 45/2001) и во согласност со „известувањата за постапките за обработка“ доставени до Службеникот за заштита на податоци (DPO) на Европската комисија (јавно достапни во регистарот на DPO). Податоците ќе бидат обработувани од страна на „заедничките контролори на податоци“, Европската комисија и EACEA, за целите на повикот за поднесување пријави, спроведувањето и следењето на иницијативата или за заштита на финансиските интереси на ЕУ.
Кандидатите и учесниците имаат право во секое време да се обратат до Европскиот надзорен орган за заштита на податоците (EDPS).
Документите во кои се опишува начинот на кој се обработуваат личните податоци и целите за кои се обработуваат се наведени подолу.
EAC
EACEA
20. Жалби
Формулар за жалба ќе биде достапен на интернет страната на договарачот назначен од Европската комисија и ЕИАОК за организирање на резервациите за патувањата. Избраните кандидати ќе бидат известени за оваа можност при резервирање на нивните патни пропусници.
¹ Оригиналот на англиски јазик има приоритет пред преводите на сите други јазици.. Истото важи и за другите информации и документи за иницијативата DiscoverEU објавени на Европскиот портал за млади.
² Патна пропусница претставува билет кој на патникот му дозволува неограничени патувања во рамките на фиксен временски период на точно определена географска територија.
³ Доколку мораш да користиш во алтернативен превоз (авион, траект и сл.), времето поминато на тоа патување не се вбројува во 7-те дена од твоето патување Меѓутоа, почетокот и крајот на патувањето треба да останат во рамките на избраните 30 дена и во рамките на периодот за патување од 1 март 2027 до 31 мај 2028 година.
⁴ Младите лица кои поднесат пријава преку Европскиот портал за млади се нарекуваат „кандидати“. Доколку нивната пријава е успешна, тие се означуваат како „изберени кандидати“. Од моментот кога ќе ја резервираат и добијат патната пропусница, тие се сметаат за „учесници“.
⁵ Кандидатите/учесниците, додека дејствуваат како амбасадори на иницијативата DiscoverEU, се потсетуваат дека нивните изразени ставови и мислења се само нивни и дека на кој било начин не треба да создаваат впечаток дека тие ставови и изрази се поддржани или одобрени од Европската Унија. Понатаму, тие треба да се воздржат од однесување што е неусогласено со целите и принципите на Европската Унија или на програмата DiscoverEU или на кој било начин што би било незаконско.
⁶ Регулатива (ЕУ, Евратом) 2024/2509 на Европскиот парламент и на Советот од 23 септември 2024 година за финансиските правила што се применуваат на општиот буџет на Унијата (преработена верзија) („Финансиска регулатива на ЕУ“) (Службен весник L, 2024/2509, 26.9.2024).
⁷ Види Квота по држави.
⁸ Активација на патна пропусница: учесниците треба да ги следат упатствата што изведувачот ќе ги достави преку е-пошта итн. Активирањето на Европската младинска картичка (EYCA) не значи дека е активирана и патната пропусница.
⁹ Обработката на лични податоци е регулирана со посебни услови за заштита на податоци и со посебната изјава за приватност на фејсбук, кој делува како независен контролор на податоци.
