Skip to main content
Submitted by Olivia-Eliza C… on
Draw lines
Yes
Color
#000000
Cities/Points
Name
Загреб
Country
Croatia
Population
806800
Why visit?

Ако имаш страст за изведувачките уметности, дојден/а си на вистинското место. Загреб е дом на околу 20 театри и сцени, и сезонски и постојани, кои можат да задоволат секакви желби и потреби. Хрватскиот национален театар и во исто време и опера и балет, додека театарот Керемпух, кој е именуван по народен херој, е посветен на сатиричен театар. Сакаш мјузикли? Посети го театарот "Комедија" на улица Каптол. Загреб е исто така и роден град на познатиот хрватски актер Лука Перош, кој глумеше во серијата на Нетфликс Ла Каса де Папел (Мани Хеист). Додека си во хрватската престолнина, не пропуштај да го посетиш чуднио Музеј на прекинати врски, каде што се изложени лични предмети поврзани со поранешни партнери.

Image
Загреб
Coordinates
45.8402941,15.894292
Tags with icon
Rich in Music
Notable Museums
Great for Performance Arts
Name
Осијек
Country
Croatia
Population
103200
Why visit?

Близу сливот на реките Сава, Драва и Дунав се наоѓа Осијек кој е четврти град по големина во Хрватска. Хрватскиот народен театар во Осиjек кој постои од 1866 година, е една од главните културни институции во градот и нуди богат избор на театар, балет, опера, па дури и на куклени претстави. Во потоплите месеци, Осијечките летни ноќи нудат музички и драмски настапи, додека преку зимата, се прикажуваат театарски и книжевните настапи на фестивалот Денови на Мирослав Крлежа. Додека си во Осијек, не заборавај да го посетиш мостот за пешаци преку реката Драва - култен симбол на градот.

Image
Осијек
Coordinates
45.5463866,18.6538395
Tags with icon
Historic Architecture
Plenty of Nature
Walkable City
Name
Нови Сад
Country
Serbia
Population
277500
Why visit?

Како Eвропска престолнина на културата во 2022 година, Нови Сад ќе биде домаќин на повеќе од 1.500 културни настани, многу од нив во соработка со меѓународни уметници. Театарскиот фестивал од Даблин, италијанската театарска компанија КапоТраве и Фестивалот за театар и танц од Гетеборг ќе придонесат за живописната програма на годината на културните прослави во Нови Сад. За уникатно доживување, посети ги новооснованите Културни станици , каде што ќе најдеш современи културни настапи во убаво реновирани историски згради. Не пропуштај ги уличните уметнички мурали во Нови Сад, кои може да се најдат низ целиот центар на градот.

Image
Нови Сад
Coordinates
45.2715065,19.8144217
Tags with icon
European Capital of Culture
Rich in Music
Walkable City
Name
Тимисоара
Country
Romania
Population
328200
Why visit?

Ако сакаш да искусиш историја со многу природа, не барај подалеку од Тимисоара - една од трите Eвропски престолнини на културата во 2023. Не помалку од 60 национално признати историски споменици го исполнуваат градот, а има и 36 паркови и зелени површини ако имаш потреба од малку зеленило, вклучувајќи го и паркот на розите, во кпј цвеќињата се во полно цветање од мај па наваму. Тимисоара е единствениот град во Романија со три национални театри; Романски, Унгарски и Германски, кои организираат разновиден спектар на повеќејазични перформанси. За уникатно музејско искуство, посети го Музејот на селото Банат, изложба на отворено на традиционалниот романски селски живот.

Image
Тимисоара
Coordinates
45.741163,21.1465502
Tags with icon
European Capital of Culture
Historic Architecture
Notable Museums
Great for Performance Arts
Plenty of Nature