Ако бидеш избран/а за да добиеш патна пропусница, но плановите ти се променат, единствено што може да направиш е да се откажеш од учеството (види правило Б.9) бидејќи твојата патна пропусница не можеш да ја пренесеш на твои пријатели. Освен тоа, секоја патна пропусница е поврзана со посебно лице и не може да се промени или да се пренесе на друго лице т.е да ја искористи некој друг.
Ако член на твојата група (или носителот на групата) ги откаже неговите/нејзините планови за патување, таа одлука нема да влијае на остатокот од групата. Останатите членови од групата и понатаму може да патуваат по планот. Лицето кое што ќе се откаже од патување не може да го замени друго лице. Твојата неискористена патна пропусница ќе ја добие лице од резервната листа.