Германскиот град кој постојано евоулира, Дрезден потполно ја претставува силата на градското воскреснување и еволуција. Градот ги комбинира древната убавина и современиот градски развој, преку неколку реконструирани историски згради, перфектно слеани во уникатен модернистички и динамичен пејзаж.
Поранешната електро централа Крафтверк Митте, која сега претставува културно и уметничко средиште, и Културлпаласт Дрезден, изградена во 1969 год. и двапати реконструирана во последните неколку години, се само 2 примери кои го прават Дрезден идеален град во кој можеш да го запознаеш Новиот Европски Баухаус (НЕБ).
Додека си таму, и го доживуваш историското урбано воскреснување на градот, не пропуштај да ги видиш модерните елементи на Дрезден. Откриј го неверојатниот дизајн на палатата на киното на УФА на улица Прагер, или куполата на зградата Јенидзе – поранешна фабрика за цигари.
Посети ја Острава за да ја откриеш фасцинатната смеса на урбан дизајн во Моравско-Шлезискиот регион на Чешка. Историски во својата основа, но исполнет со Советски и пост-индустриски пејзажи, градот Острава ги прифаќа модерните и револуционерни мислители со неговата еклектична и динамична атмосфера.
Тука, во полна хармонија со вредностите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), модернизмот ги опфаќа природата и одржливоста. Постои активна ревитализација на градските паркови и старите индустриски згради, креација на велосипедски рути и силна посветеност за намалување на емисиите на јаглероден диоксид до 2030 година. Острава истотака се развива благодарение на инклузивноста и социјалниот развој. Неодамна претставениот проект за највисок облакодер во Чешка, презентира планови за градење на канцеларии, станбени единици, хотел и други нешта во негови рамки.
Додека си во градот, не пропуштај ја шансата да дознаеш повеќе за индустриското минато на градот, така што ќе го разгледаш Долни Витковице, поранешна индустриска зона, која сега е претворена во музеј под отворено небо и место за уметнички настани.
Град кој се занимава со одржливо урбано планирање и дизајн, предводник на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), Брно величествено ги спојува стариот историски стил со модерни згради и инсталации. Градот целосно е посветен кон промена на намената и реструктуирање на поранешните индустриски објекти, како на пример Дистилеријата: Социјалниот реактор, кој сега е културен центар, исполнет со уметнички и социјални иницијативи.
Искористи ја можноста да го посетиш Изложбениот центар на Брно, кадешто моментално е поставен прототипот на Сити Сел – дрвена скулптура кој собира податоци за насади на зеленила во градот и управувањето со дождовната вода.
Брно е клучен град каде се присутни основите на автентичниот Баухаус. А за тоа нема поголем доказ од Тугендхат вила, модернистичка водечка зграда која е уникат, проектирана од еден од пионерите на модернистичката архитектура - Германско-американскиот архитект Лудвиг Миес Ван Дер Рохе - и е ставена на листата на светското наследство на УНЕСКО.
Братислава е политичкото, културното и економското срце на Словачка. Комбинирајќи стари и современи градби со широки природни пејзажи, и целосно прифаќајќи ги вредностите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), градот нуди спектакл на отворено во секој поглед
Градот е успешен благодарение на одржливата модернизација, уметноста и образованието. Едно од големите дела на неговата модернистичка архитектура е Мостот на СНП (Мостот на Словачкото национално востание). Високо на него, ќе видиш палуба и ресторан во форма на НЛО (неидентификуван летечки објект), кои нудат целосна воздушна глетка на градот и реката Дунав.
Прошетај по Наместие Слободи, градскиот плоштад на слободата, со величествената челична фонтана Дружба во неговиот центар, опкружена со зелени површини. Понатаму, не заборавај да запреш до неверојатната зграда на Словачкото радио, структура на наопаку свртена пирамида, која ќе те остави без зборови. И ако сакаш одржлива дрвена архитектура, никако не го пропуштај Корзо Залесие со неговата мирна, природна атмосфера, која исто така е вклучена во компасот на Новиот Европски Баухаус.
Сакаш да откриеш уште нешто? Модернистичките фасади на Братислава и историјата зад нив, се добро одразени на инстаграм страницата @modernistbratislava
Унгарскиот шести по големина град е чудесен пример за целите и вредностите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ). Гиор е динамично место кое просперира благодарение на прогресот и еволуцијата. Од 70-тите години на минатиот век па наваму, градот претрпел неколку трансформации, за да се претвори во балансиран, одржлив урбан простор. Градот инвестирал во иднината за да се трансформира во паметен град, како и за да ги обнови своите плоштади, згради и споменици, како и да воведе бесплатен градски превоз.
Атмосферата во Гиор ќе те направи да се почувствуваш како да патуваш назад во времето – што претставува тестамент за хармонијата помеѓу неговото минато и иднината. Прошетај се помеѓу многуте централни градски згради, и ќе откриеш дека тие се добро сочувани споменици – како бенедиктинската црква Свети Игнатиус, со нејзината воодушевувачка деталистичка внатрешност во барок стил.
Исто и универзитетот Сзекени Иштван во Гиор неодамна отвори Дизајн кампус – со цел да се претвори во регионален центар за креативна индустрија и центар за иновации, фокусиран на отвореноста, флексибилноста, и умешноста за решавање на проблеми. И додека се шеткаш покрај Дунав, не пропуштај да видиш едно вистинско ремек-дело на модернистичката архитектура покрај плажа: Соблекувалната и бифето на Рудолф Пит.
Дом на принцот од Лихтенштајн и екстремно прогресивно место, Вадуз ги нуди сите предности на град на иднината. Благодарение на воведувањето на иницијативата за градски центар без автомобили, ќе можеш да се движиш слободно по неговите живописни улуци и да се нурнеш во неговата историска атмосфера.
Во силен контраст, но во исто време перфектно интегриран во зелениот, природен пејзаж на долината на Рајна, ќе пронајдеш прекрасни дела на соврмената архитектура во Кунтсмузеј Лихтенштајн. таа ултрамодерна зграда, во која се наоѓа една од најстарите приватни уметнички колекции во Европа, е номинирана за наградата на EУ за Современа архитектура – Миес Ван Дер Рохе. Таа црна кутија со обоен бетон, опкружена со речни камчиња и долги редици на прозори, ќе те остави хипнотизиран.
Вадуз е истотака дом на зградата Актив енерџи, привлечна структура од стакло и челик, која произведува повеќе енергија отколку што троши, благодарение на единствената употреба на геотермална и соларна енергија. И ако ти се допаѓа да преминуваш преку граници, можеш да го посетиш последниот останат дрвен мост на реката Рајна – Алте Реинбруке – уникатен 135-метарски мост кој ги поврзува Лихтенштајн и Швајцарија.