Ниш е динамичен град кој ти нуди можност да излезеш од зацртаните туристички патеки и да уживаш во автентичен српски град со многу зелени површини за релаксација и регенерирање. За тие од вас, кои ги привлекуваат морничави и необични нешта, задолжителна е посетата на Челе Кула (буквално Кулата на черепите). Таа била изградена во 1809 година од турски генерал од черепите на поразените српски бунтовници, со цел да послужи како предупредување против иден отпор на населението. Во градскиот парк Седми јули, во близина на реката Нишава, има споменици на значајни локални личности, каде можеш да направиш интересна и едукативна прошетка. Во источниот дел од градот, паркот Свети Сава е мирно место со фонтани, а во паркот Чаир има пешачки и велосипедски патеки.
Скопје навистина е град кој нуди по нешто за секого – природна убавина, уметност, култура, историја, архитектура, ноќен живот – сето тоа може да го најдеш во главниот град на Република Северна Македонија. Ако сакаш да поминуваш време во природа, отиди во некој од многуте паркови или зелени површини во градот, како што е Градскиот парк во срцето на Скопје, кој е најголемиот парк во Северна Македонија, или во паркот „Жена Борец“ со неговата колекција на статуи и споменици. Заедно со други градови, Скопје работи на креирањето на акциски план за зелен град (АПЗГ) за решавање на локалните еколошки предизвици и подобрување на животот на жителите и посетителите.
Локалните заедници во бугарската престолнина Софија се посветени на одржување на чистотата на историскиот град – па зошто да не ја посетите и да им помогнете во тоа? Иницијативата „Да ја исчистиме Бугарија заедно“, ги охрабрува волонтерите да собираат отпадоци и да ја оддржуваат чистотата на градските улици. Рециклирањето е приоритет во Софија – 84% од собраниот отпад се рециклира! Патниците со DiscoverEU, кои сакаат да поминат време во природа, може да се искачат до импресивниот Бојански водопад, кој се наоѓа непосредно од границите на градот.
Као поранешна Европска престолнина на културата, Солун може да се пофали со уникатна комбинација на историски знаменитости, културни традиции и вкусна кујна. Со помош на средства од ЕУ, градот го трансформираше крајбрежниот појас во зелена, здрава и пријатна зона за уживање. Крајбрежната зона ги поврзува двете најзначајни атракции на градот – Белата Кула и Концертната сала, создавајќи совршено место за вечерна прошетка покрај морето на зајдисонце. За љубителите на природата, кои патуваат со DiscoverEU, Солун нуди и и друга занимливост, градот исто така е сместен на делтата на реката Аксиос(Вардар), природен резерват на ЕУ кој го штити дивиот свет што живе во влажните зони во близина на реката Аксиос/Вардар.
Добредојде во магичниот град каде што истокот го сретнува западот. Посетата на Истанбул - со неговата вековна историја, неговите возбудливи погледи и одлична храна - ќе биде искуство кое ќе го памтите цел живот. Во 2021 година, градот се обврза на акциски план за зелен град, за да одговори на еколошките предизвици и да стане позелен за идните генерации. Покрај тоа, градот развил и план за урбана мобилност, кој ќе помогне во движењето низ градот на неговите 16 милиони жители на еколошки одржлив начин.