Skip to main content
Submitted by Flora DUSSINE on
Draw lines
Yes
Color
#00ff00
Cities/Points
Name
Антверпен
Country
Belgium
Population
530000
Why visit?

Во 1980-тите, ‘Антверпенска Шесторка’ го освои модниот свет со својата посебна, радикална визија за модата. Денес, нивното наследство живее во Антверпен во Музејот на Модата, во кој се изложени творби на оригиналните шест дизајнери. Кралската академија на ликовни уметности е со богата историја, а во градот е создадена модна област со речиси 70 домашни модни брендови. Кога ќе пристигнеш во Антверпен, ќе бидеш импресиониран од импозантната централна железничка станица во Антверпен, која честопати се наоѓа на списоците на најубавите железнички станици во светот. Додека си во градот, пробај чоколади во Чоколадна нација, најголемиот белгиски музеј за чоколадо во светот.

Image
Слика од градот Антверпен
Coordinates
51.2606116,4.2176908
Tags with icon
European Capital of Culture
UNESCO World Heritage List
Historic Architecture
Rich in Music
Notable Museums
Name
Лил
Country
France
Population
907000
Why visit?

Во близина на француско-белгиската граница се наоѓа градот Лил, дом на две локации од светското наследство на УНЕСКО, вклучувајќи ја и камбаната на градот и рударскиот басен Норд-Па де Кале. Градот е познат по производството на Лилска дантела, лесна бобинска дантела, која била многу позната во модната индустрија во 18 век. Со неговото назначување за Европска престолнина на културата во 2004 година и поврзаната со тоа програма за културно наследство Лил3000, градот се потврди како еден од највозбудливите културни обележја на Франција во последните години. Кога си во градот, прошетај низ Стариот град Лил и откриј ги неговите многубројни барокни згради и елегантни куќи од 19-ти век. Палатата на ликовните уметности, еден од најголемите музеи на уметноста во Франција, исто така мора да ја посетиш.

Image
Куќи во стариот град Лил
Coordinates
50.6311298,3.0118785
Tags with icon
European Capital of Culture
Historic Architecture
Notable Museums
Name
Лион
Country
France
Population
1076800
Why visit?

Лион претставува огромен музеј на отворено. Цели 10% од градот се прогласени за локација на светско наследство на УНЕСКО поради неговиот огромен стар град од ренесансната ера и неговите руини од римската ера. Исто така има силна модна традиција и е лидер во индустријата за свила. Културата во Лион може да ја доживее секој, благодарение на програмите за инклузивност како што се обезбедувањето на достапна опрема во библиотеките и 100% достапна автобуска услуга. Заложбата на градот кон инклузивноста му донела прво место во конкурирањето за наградата Пристапен град во 2018. Лион е исто така познат и како кулинарска престолнина на Франција. Пол Бокуз, готвач од Лион, познат по своите висококвалитетни ресторани и иновативна кујна, е сметан за авторитет во француската кујна. За да го пробаш неговото наследство, посети една од многуте традиционални куќи за храна познати како ‘Боушонс Лион’.
 

Image
Поглед на градот Лион
Coordinates
45.7580052,4.8001107
Tags with icon
UNESCO World Heritage List
Access City Award Winner
Exciting Culinary Options
Name
Tорино
Country
Italy
Population
858200
Why visit?

Елегантни кафулиња во модерен стил-Арт нуво- се наоѓаат долж булеварите наредени со дрвја низ целиот северен италијански град. Со своите бројни уметнички галерии и разновидни архитектонски стилови, секогаш има нешто да се види. Пресвртна точка во италијанската, а и во светската мода се случила во Торино во 1911 година, кога на изложбата во Торино бил престставен првиот пар женски панталони дизајнирани од францускиот кројач Пол Поаре, што подоцна предизвикало модна револуција. Одличните ракотворби и шивачките вештини го дефинираат пристапот на Торино кон модата, кој се слави секоја година на Модната недела во Торино. Не пропуштај ги неверојатните погледи на градот што ги нуди импозантната зграда, Моле Антонелиана. Именувана по нејзиниот архитект, Алесандро Антонели, и првобитно замислена да биде синагога, зградата - која се појавува на италијанската монета од 2 центи - сега е дом на Националниот музеј на киното.

Image
Споменици во центарот на градот во Торино
Coordinates
45.1576203,6.8288344
Tags with icon
UNESCO World Heritage List
Rich in Music
Exciting Culinary Options
Name
Венеција
Country
Italy
Population
256100
Why visit?

Изградена на повеќе од 100 острови на Јадранскиот брег, Венеција често се смета за еден од најромантичните градови во Европа. Векови по ред на величествена венецијанска архитектура, олицетворен со зачудувачката базилика Свети Марко, може да се восхитува додека се шетаат низ криволичните улици на градот. Често поврзувана со традицијата на сложени маскирни балови, Венеција сега е дом на познатата италијанска модна куќа Роберта ди Камерино, позната по создавањето на концептот „It bag“- лесно препознатлива чанта која е како симбол на статус за нејзиниот сопственик. Градот ја продолжува својата традиција на необична мода, која поставува нови граници во многубројните салони на локалните занаетчии.

Image
Гондола на вода во Венеција
Coordinates
45.4551712,12.2519287
Tags with icon
UNESCO World Heritage List
Historic Architecture
Exciting Culinary Options