Skip to main content
Submitted by Elisavet KOZAKOU on
Draw lines
Yes
Color
#8b0000
Cities/Points
Name
Милано
Country
Italy
Population
1371498
Why visit?

Со својот прогресивен дух и и урбан дух, Милано не само што е град кој може да се пофали со вистински одржливи урбани иновации, туку силно ги рефлрктира и вредностите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ).

Во Милано се наоѓа импресивната вертикална гора првата зграда во светот, што целосно ги интегрира животните простори и домувањето со природата, така што на тој начин помага во борбата против зголемувањето на температурите.

Милано како град со природна посветеност за инклузивност и развој, промовира културни иницијативи и проекти преку многубројните негови места посветени на креативноста и уметноста. Не пропуштај ја можноста да го посетиш хангарот Пирели ХангарБикокка, поранешен индустриски објект, кој сега е домаќин на прекрасни изложби на современа уметност. Исто така искористи ја можноста да го посетиш Маре Културало Урбано, културен центар, кој што е наменет за колективно создавање на уметност, идеи и споделување на храна.

Прошетај се низ еко-областа Порто ди Маре, област на градот, што претрпела значителна урбана обнова, кое допринело да ја добие наградата на Ѕвезда во подем на Новиот Европски Баухаус за 2021 година. Обрни внимание на ефектите на програмата Пиаце аперте низ целиот град, преку кој се трансформирани поранешни улици и паркинг простори, во нови јавни пространства како што се пешачки зони, поп-ап велосипедски патеки и социјални пространства.                                                                                     

Исто така вреди да се посетат, пазарите за храна во Милано, не само за да се ужива во италијанското овошје и кујна, туку и затоа што тие се стремат кон подршка на одржливоста со транзиција кон циркуларен систем на храна.

Image
Милано
Coordinates
45.4628328,9.1076928
Tags with icon
Bicycle-friendly
Sustainable initiatives
Urban renewal
Name
Салцбург
Country
Austria
Population
157245
Why visit?

Салцбург австриски град со поглед кон Германија и источните Алпи просперира во областа на уметноста, културата и историјата и постојано ги подобрува неговите иницијативи за одржливост во хармонија со Новиот Европски Баухаус (НЕБ). Дефиниран како место со исклучителна вредност за човештвото, историскиот дел на Салцбург е прогласен за место на светско наследство на листата на УНЕСКО од 1997 година.

Откриј ги градските знаменитости и патувај низ епохата на барокот. Опкружена со колоритни градини, Дреифалтигкеитскирхе (црквата на светото Тројство) е барокно ремек-дело на Фишер фон Ерлах што вреди да се посети. Исто така и Хагенауер Хаус е место кадешто навистина се гледа уметничката душа на Салцбург: Тоа е родното место на Волфганг Амадеус Моцарт и е еден од најпосетуваните музеи во Австрија. Просперирајќи благодарение на уметнички перформанси, што перфектно се вклопуваат со градскиот пејзаж, Салцбург е дом и на Ландестеатер, каде се одржуваат стотици претстави секоја сезона.

Салцбуршкиот Глобален Семинар е непрофитна организација којашто ги предизвикува лидерите да создадат еден подобар свет. Салцбург исто така е победник на конкурсот за наградата за Пристапен град за 2012 година, и има неколку згради, кои се одликувани со наградата на ЕУ за современа архитектура – Миес Ван Дер Рохе, кои ги вклучуваат Цветниот пазар (од Вимер Заик архитекти), Општинскиот клуб за воншколски активности (од Марија Флокнер и Херман Шнол архитекти) и Панцерхале.

Image
Салцбург
Coordinates
47.8028453,12.9846724
Tags with icon
Rediscover the history
UNESCO World Heritage List
Sustainable initiatives
Bicycle-friendly
Name
НЕБ град херој: Љубљана
Country
Slovenia
Population
295504
Why visit?

Словенечкиот главен град Љубљана, е високо посветен на принципите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), за одржлив и инклузивен урбан развој и е исполнет со активности и проекти за реконструкција и градска обнова. Прекрасен пример за тоа е просторот за производство кој се управува од заедницата КРАТЕР, со разновидни пунктови, од работилници за производство на хартија до засолниште за заоставени растенија во саксии. Лоциран близу центарот на градот, просторот чија конструкција личи на кратер, на еко-социјалните практиканти им нуди простор за нивните работилници и го поттикнува производството на еколошки материјали, практики и сојузи.

Во самото срце на градот, во триаголниот плоштад Прешерн, духот на Љубљана оживува преку настани и уметнички перформанси. А паркот Тиволи, најголемиот и најубав парк во Љубљана, е омилено зелено градско пространство. Раширен на пространство од 5 км2, кое ја опфаќа и Јакопич променада, тој е познато место за фотографски изложби на отворено и е отворен преку целата година.

Покрај тоа што била домаќин на други позитивни иницијативи, благодарение на што Љубљана ја добила номинацијата за наградата Пристапен град за 2023, градот е исто така посветен за заштита и подобрување на градските зелени простори и создал патека на пчелите за да го промовира враќањето кон природата.

Посети го Цјанометарот, кој ја адаптира својата боја со синилото на небото, додека во исто време го мери квалитетот на воздухот. На крајот, искористи ја можноста да откриеш едно од најчудните и најинтересни места во градот: Метелкова Место, алтернативен културен центар со ѕидови, прекриени со шарени графити и мурали.

Image
Љубљана
Coordinates
46.0662151,14.4620596
Tags with icon
Access City Award winner
Rich in green spaces
NEB Projects
Name
Цеље
Country
Slovenia
Population
37872
Why visit?

Словенечкиот четврти град по големина, Цеље, е една од зелените дестинации во државата – место препознатливо по својата одржливост. Во полна хармонија со целите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), градот е дом на разновидни инцијативи за градска обнова. Во интерактивниот Технопарк, поранешна универзална продавница, трансформирана во научен центар, можеш да нурнеш во иновациската и уметничка страна на науката. 

Истотака има и модернизиран пазар, со отворена структура, која овозможува влез на многу светлина и воздух. Додека си таму, има многу други интересни згради и пространства, за да ги разгледаш, како што е фото студиото Скајлајт на Јосип Пеликан официјален споменик на културата, кој ја прикажува работата на овој совршен фотограф. Таму, можеш да научиш повеќе за животниот циклус на една фотографија: Секој кат е посветен на одредена фаза од правењето на фотографија.

За поавантуристички настроените патници, авантуристичкиот парк на Цеље е одлично еко-пријателско место за надворешни активност и забава.

Image
Цеље
Coordinates
46.2358863,15.2195842
Tags with icon
Urban renewal
Sustainable initiatives
Name
Загреб
Country
Croatia
Population
684000
Why visit?

Хрватскиот главен град, Загреб, лоциран на северо-истокот на земјата, е европски скапоцен камен, исполнет со историска архитектура и современ градски дизајн, во микс кој е перфектно олицетворение на Новиот Европски Баухаус  (НЕБ). Во срцето на градот, во долниот град, се наоѓаат неверојатно добро зачувани архитектонски ремек-дела, од времето на Хабсбуршката монархија.

Загреб исто така е познат по неговите многубројни паркови, шуми и езера, а бил прогласен и за Европска зелена метропола во 2016 година. Откриј го и Ботанички врт, ботаничка градина и музеј од 19-ти век, раководен од Природно-научниот факултет на универзитетот, за подобро да ја разбереш сета убавина на природниот свет.

Шетајќи низ градот, ќе го најдеш плоштадот Трга Бана Јелачича, централен плоштад со шестоаголна фонтана. Таму, можеш да го посетиш Уметничкиот павиљон, кој е првото престижно место за изложби во југо-источна Европа.

Метрополата исто така може да понуди некои необични музеи и изложби, вклучувајќи го Mузејот на прекинати врски, чија цел е да ни помогне да ја истражиме и да се учиме од човечката љубов и загуба. И на крај не заборавај да го посетиш Хрватскиот музеј на наивна уметност, основан во 1950-те години на минатиот век, и кој се уште е преполн со дела на уметници од разни области.

 

Image
Загреб
Coordinates
45.8402941,15.8942921
Tags with icon
Rediscover the history
NEB Projects
Rich in green spaces