Skip to main content
Submitted by Olivia-Eliza C… on
Draw lines
Yes
Color
#00d9d9
Cities/Points
Name
Вадуз
Country
Liechtenstein
Population
5700
Why visit?

Главниот град на Лихтенштајн, Вадуз, е идиличен град во кој живее кнежевското семејство на Лихтенштајн. Неговата најпознатата знаменитост е замокот Вадуз, кој се издига над градот на врвот на карпеста тераса. Иако замокот не е отворен за посетители, спокојното искачување нагоре по ридот е награда само по себе. Kунтсмузеум Лихтенштајн е државен музеј на модерна и современа уметност. Завршена во 2000 година, монолитната зграда се одликува со структурна комплексност и дискретна едноставност, имајќи ја формата на импозантна "црна кутија" од тониран бетон и темен базалтен камен.

Image
Вадуз
Coordinates
47.1427529,9.5086904
Tags with icon
Historic Architecture
Notable Museums
Walkable City
Name
Салцбург
Country
Austria
Population
157880
Why visit?

Точно на границата со Германија и со спектакуларен поглед на источните Алпи се наоѓа Салцбург, град со класична австриска култура. Тоа е родното место на Волфганг Амадеус Моцарт, чија куќа на 9 Гетреидгасе сега е музеј кој го прикажува неговиот живот и кариера. Салцбург исто така бил дом на различни сликари - од Ханс Макарт, еден од главните влијатели на Густав Климт, до Тина Блондел, пионер на современата уметност. Од системи за наведување за слепи луѓе до слободен пристап до паркинг за возачи со посебни потреби, градот работи со лицата со посебни потреби за да гарантира дека е што е можно повеќе инклузивен - иницијатива што резултирала за Салцбург да го освои првото место на конкурсот за наградата за Пристапен град за 2012. Кога си во градот, подготви ги твоите патики за пешачење и искачи се планината Фестунгсберг за да ја посетиш Хохенсалцбург, најголемата недопрена тврдина во Централна Европа.

Image
Салцбург
Coordinates
47.802904,12.9863905
Tags with icon
UNESCO World Heritage List
Access City Award Winner
Historic Architecture
Rich in Music
Plenty of Nature
Name
Клагенфурт
Country
Austria
Population
103000
Why visit?

Клагенфурт се наоѓа во подножјето на планината Крузберг и е град со живописен и разновиден културен живот. Музеите како што се Штадгалерие Клагенфурт и Музејот за модерна уметност се надополнети со голем број приватни галерии и уметнички простори. За љубителите на ликовната уметност,вреди да се посети Емблем Хал во галеријата Ландхаус, со своите 665 прецизно насликани амблеми! Со еден час возење со воз западно од Клагенфурт, ќе ја пронајдеш Кулата Пирамиденкогел, највисоката дрвена панорамска кула на светот, од која можеш да и се восхитуваш на живописната алпска околина. Не сакаш да се спуштиш целиот пат надолу по скалите? Можеш да ги прескокнеш и наместо тоа да скокнеш на 120-метарската лизгалка за да стигнеш побрзо до

Image
Клагенфурт
Coordinates
46.6414215,14.2427155
Tags with icon
Rich in Music
Notable Museums
Plenty of Nature
Name
Нова Горица
Country
Slovenia
Population
31700
Why visit?

Кога ќе пристигнеш на железничката станица во Нова Горица, можеби ненамерно ќе ја преминеш границата со Италија, бидејќи словенечкиот град се наоѓа само на пет минути пешачење од Горица, неговиот италијански истоименик. Изградена во раните 1950-ти години, Нова Горица е млад град - но неговата Градска Галерија прераснала во една од највисокопрофилните простори за современа уметност во регионот Горишка. Словенскиот град ќе биде Европска престолнина на културата во 2025 и ќе го вклучи својот сестрински град Горициа, од другата страна на границата во Италија, во прославата на титулата. Кога ќе се движиш по улиците, ќе видиш одлични примери на модернистичка архитектура, кои можеш да ги споредиш со историскиот поглед на регионот ако го посетиш Горишка Музеј. Не заборавај да фатиш воз преку мостот Сокан - еден од најдолгите камени железнички мостови во светот - за импресивни погледи на околината.

Image
Нова Горица
Coordinates
45.9563244,13.6392581
Tags with icon
European Capital of Culture
Plenty of Nature
Walkable City
Name
Љубљана
Country
Slovenia
Population
289500
Why visit?

Словенечката престолнина се трансформира во еко-точка во изминатата деценија, со пешачки улици кои го прават центарот на градот задоволство да се истражува со пешачење. Најголемата збирка на визуелна уметност во Словенија може да се најде Националната Галерија, додека Музејот за модерна уметност ја вдомува словенечка уметност од 19 и 20 век. Љубљана ги поддржува лицата со инвалидност или проблеми со мобилноста со својот акциски план ‘Љубљана. Пристапен за сите.’ Како резултат на тоа, градот неколку пати е одликуван со наградата за Пристапен град; со специјално одликување во 2012, со трето место во 2015 и второ место во 2018. Не пропуштај посета на исконскиот замок кој се наоѓа на ридот во средината на градот - оттаму ќе имаш поглед од птичја перспектива спрема поголемиот дел од Љубљана, како и кон околните планини.

Image
Љубљана
Coordinates
46.0662151,14.4620595
Tags with icon
UNESCO World Heritage List
Great for Performance Arts
Plenty of Nature
Walkable City
European Heritage Label