Сакаш ли да доживееш едно навистина впечатливо медитеранско искуство? Не размислувај премногу и додај ја Никозија кон твоето DiscoverEU патување! Кипарскиот главен град е нај југоисточниот од сите главни градови на земјите-членки на ЕУ, кој е непрекинато населен повеќе од 4.500 години. Тој нуди прекрасни пејзажи, вкусна кујна и динамична културна сцена! Се што ти треба за фантастичен престој! Кога си во Никозија, не заборавај да се прошеташ низ огромниот национален парк Аталаса или да им се придружиш на Кипарците кои пијат кафе во локалната таверна. Добро вкоренета во своите традиции, Никозија е исто така посветена на тоа да стане паметен град. Општината ја започна својата иницијатива Паметен град, во 2018 година и во моментов инсталира бесплатна безжична мрежа благодарение на финансирањето од Европската комисија.
Малтешката престолнина Валета, која е избрана за Европска престолнина на културата за 2018, и е вклучена на листата на светско наследство на УНЕСКО, е вистинско богатство. Додека си таму, упати се олколу пладне кон Апер Барака Гарденс, за да ја видиш секојдневната демонстрација на стрелба од можеби најстарата салутирачка артилерија во светот, која сè уште е во функција. Тоа се случува со векови. И, ако бараш добар начин да го разгледаш градот, качи се на некој од забавни возови на Малта. Од предниот дел на катедралата Свети Јован, ќе те однесе на 30-минутно патување, низ места до кои можеби нема да стигнеш пеш. За уште подобро да ја запознаеш Валета и за новости и информации за нејзината културна програма, користи ги центрите за информации низ градот.
Даблин е срцето што бие на Ирска, каде што секој е добредојден како стар пријател. Па, зошто да застанеш тука? Не пропуштај да го видиш средновековниот дворец во Даблин и прошетај се по Хаут клиф и уживај во глетката од птичја перспектива на Даблинскиот залив. За повеќе авантура и епски глетки, качи се на некој од возовите кои возат долж целото крајбрежје на ирскиот град. Околу зајдисонце, оди во Вилан, познат паб и место за настани во Даблин, за да гледаш некој настап. Даблин од неодамна е препознаен како еден од најпаметните градови во светот. Додека си во главниот град на Ирска, ќе можеш да ги полниш батериите на твоите уреди на паметните објекти поставени по улиците, кои располагаат со интегрирани приклучоци за полнење на телефони и електрични велосипеди на сончева енергија, со WiFi мрежа, дигитален рекламен простор и паметни системи за заклучување на велосипедите. Даблин е дом на првата 5G мрежа од таков тип која користи улични објекти – како што се корпи за ѓубре и бандери – за да гарантира дека сите жители во градот се добро поврзани. Даблин, исто така, постигнал значителен напредок во областа на пристапноста, и добил посебно признание за Пристапен град во 2011 година.
Најсеверниот главен град во светот е исто така еден од најдобрите градови за посетители благодарение на неговата културна сцена, неговиот ноќен живот и природните чуда до кои има овозможено лесен пристап! Можеш да го започнеш твоето патување со неверојатен глетка од 360° кон целиот град од врвот на црквата Халгимскиркја, која се извишува над центарот на градот. Оттаму, отиди во познатата концертна и конференциска сала Харпа и уживај во нејзината импресивна архитектура. Љубителите на шопинг не можат да пропуштат да се прошетат низ Лаугавегур, една од најстарите улици во градот, каде што се наоѓаат многу продавници, ресторани и барови. Можеби ќе посакаш да застанеш и таму за да ги вкусиш локалните деликатеси, вклучувајќи ја и хакарл, ферментираната ајкула, и да уживаш во ноќта во некои од најпопуларните барови во градот. А по некое вечерно излегување зошто да не се освежиш во некој од многуте геотермални извори? Не грижи се за превоз: можеш едноставно да го користиш твојот телефон за да се качиш во автобус! Ова е само еден од начините на кои овој паметен град ја користи информациската, комуникациската и телекомуникациската технологија за да го подобри квалитетот на животот на одржлив начин. Освен тоа, локалните власти ги имаат обврзано општинските служби, вклучително и јавните комунални услуги, да ја подобрат ефикасноста, а дигиталната технологија се користи за експлоатација на геотермалната енергија за да го напојува градот на еколошки начин.