Skip to main content
Submitted by Elisavet KOZAKOU on
Draw lines
Yes
Color
#555555
Cities/Points
Name
НЕБ град херој: Ротердам
Country
Netherlands
Population
625000
Why visit?

Во Ротердам се наоѓа најголемото пристаниште во Европа и е еден од најиновативните градови во светот. Ротердам, во подрачјето на инклузивноста и пристапноста, освоил втора награда на конкурсот за пристапен град за 2017 година. Со својот динамичен урбан живот и модерна архитектура, од зградата Марктал до мостот Еразмус, градот исто така е домаќин и на еден од првите проекти на Новиот европски Баухаус (НЕБ). Културниот кампус се стреми да создаде одржлив центар за уметност, истражување, учење и заедништво во сиромашната урбана област Ротердам Југ.

Користејќи го своето минато, Ротердам накратко ни претставува колку убави, инклузивни и одржливи можат да изгледаат градовите на иднината.

Сакаш да откриеш некои од нив? Посети ја импресивната поранешна централна пошта, Посткантоор; или првиот облакодер во Европа, Вите Хуис (или „Белата куќа“). Ако сакаш модерна архитектура, посети го, Де Ротердам, зграда која е замислена како вертикален град; или плутачките канцеларии во Ротердам, триспратна зграда која е поставена на врвот од 15 бетонски баржи (буриња).

Додека си таму, не заборавај да го посетиш малиот остров Делфшавен и некои од многуте негови пабови. Можеш исто така да ја разгледаш и фабриката за храна Феникс, која е пазар за свежи производи во Катендрект кој продава многу вкусни локални деликатеси. Ако сакаш да се опуштиш, оди на езерото Кралинген и уживај во спокојна прошетка.

Image
Ротердам
Coordinates
51.9280712,4.4207888
Tags with icon
Access City Award winner
Marine City
Sustainable initiatives
Bicycle-friendly
NEB Projects
Name
НЕБ град херој: Брисел
Country
Belgium
Population
1219970
Why visit?

Дали некогаш си слушнал/а за "Бриселизација" - безразборно градење на модерни високи згради на несоодветни места? Терминот е изведен од градот каде што феноменот за прв пат се појавиl во 1960-те и 1970-те години. Раскрстувајќи со своето минато, Брисел сега е на чело на инспиративни урбани развојни проекти преку обновување на историски знаменитости и воведување на модерна и одржлива архитектура.

Во 2022 година неофицијалниот главен град на Европа беше домаќин на првиот фестивал на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), и прикажа некои конкретни примери за вредностите кои се застапени во основата на иницијативата. Гаре Маритиме, поранешна железничка станица чија оригинална структура и материјали се споени со убав дизајн и одржливи решенија, може да се пофали со 17.000 соларни панели и огромен систем за собирање дождовна вода. Социјалната иницијатива Home4less (поевтин дом) која претставува уште еден извонреден пример, кој овозможува модуларни, прилагодливи и мобилни решенија за живеење на бездомници во напуштени згради.

Ако бараш град со скриени скапоцености, Брисел е местото каде треба да отидеш. Посети го во Моленбек и откриј го МИМА, огромен музеј на современа уметност изграден во поранешната пиварница Бел Вуе. Откриј ја архитектурата на Брисел во стилот Арт Нуво со посета на Куќата Каучи, Музејот на музички инструменти и Куќата Солвеј. Потоа, врати се назад во иднината и посети го Атомиумот, една од најпознатите градби во Брисел; и зградата Европа, каде што се наоѓаат Европскиот совет, Центарот за посетители на Европската комисија и неговиот нов архитектонски концепт, како и некои од најновите одржливи и убави архитектонски решенија во градот.

Брисел има да понуди многу други работи освен неговата архитектура. Посети го Маролес за викенд и разгледај го неговиот пазар, прошетај се и купи вафли во Боа де ла Камбре, или отиди на забава во стариот театар (Мирано) или дури и во шумата (Жу д Ивер). Ако си љубител на алтернативни опции кои се надвор од зацртаните патеки, не заборавај да го посетиш Ресет, креативен простор кој е основан во поранешна банка во центарот на градот, а сега е дом на клупски вечери, изложби, предавања и конференции.

Image
Брисел
Coordinates
50.8552114,4.3053777
Tags with icon
NEB Projects
Sustainable initiatives
Urban renewal
Name
ЕШ-СУР-АЛЗЕТ
Country
Luxembourg
Population
186460
Why visit?

Вообичаено нарекуван само Еш, градот е поранешен индустриски центар на Луксембург. По опоравувањето од челичната криза, градот Еш сега се стреми да биде прототип и центар ѕа дискусии на Новиот европски Баухаус (НЕБ), Не само преку обновување на неговите занемарени области, туку и прераѕгледување на структурата на целиот град. 

Европската престолнина на културата за 2022 година, е жив доказ дека колку и да е индустриско минатото на некој град, тој сè уште има можност да се трансформира во убав, одржлив и инклузивен град на иднината.

Истражи ја патеката Минет, која нее само некоја стара пешачка патека, туку патување кое ти овозможува да ја откриеш убавината на секое место со кое ќе се сретнеш преку безбедни патеки, пешачења од приказните, инсталации, претстави и концерти. Или посети го Белвал, стара индустриска зона, која сега претставува просперитетна градска област каде луѓето работат, живеат и се дружат.

Додека си во Еш, провери кои настани се случуваат за да не пропуштиш некој концерт или изложба. А зошто да не ја видиш минијатурната железница Ланкелц, или да се почестиш со нешто на најдолгата трговска улица во Луксембург? 

Image
ЕШ-СУР-АЛЗЕТ
Coordinates
49.489239,5.938406
Tags with icon
European Capital of Culture
Urban renewal
Name
НЕБ град херој: Нанси
Country
France
Population
104885
Why visit?

Главен град на регионот Лорејн, Нанси е познат по својата архитектура од 18 век, која е на листата на УНЕСКО, вклучувајќи ги и плоштадот Станислас, плоштадот де ла Кариер и плоштадот Д'Алијанс. Но, исто така може да се пофали и со иновативни и одржливи архитектонски решенија кои креирале модерна урбана средина.

Еден друг амбициозен пример e проектот Иновациски кампус во Комунауте де Комунес ду Басин де Помпеи - кое е оддалечено 20 минути од Нанси со воз. Проектот кој е место за креативност, обука, претприемништво и културни и социјални настани, е еден од 20-те, вклучени воНовиот европски Баухаус на локални иницијативи за 2022 година, заради неговата уникатна мешавина на убавина, дизајн и вклученост.

Ако сакаш да го искусиш сето тоа во Нанси, посети ги наградените лаборатории на отворено, кои се распространети низ градските паркови, и посети ја и ботаничката градина во Ле Монте. Или отиди во областа Мурте-Канал и увери се во неговите успешни напори за градска обнова, кои ги вратиле во живот фабриките, складиштата и другите згради, правејќи ги дом за секаков вид на културни и комерцијални активности.

Додека си таму, не заборавај да ја посетиш Вила Мажореле, еден од првите и највлијателни примери на модерниот стил во Франција. Потоа, упати се на пристаништето за јахти и неговите водни градини, или вкуси ги локалните торти со бергамот и макаронс на плоштадот Станислас.

Image
Нанси
Coordinates
48.6880844,6.1559293
Tags with icon
UNESCO World Heritage List
Sustainable initiatives
NEB prize
NEB Projects
Name
Хајделберг
Country
Germany
Population
159245
Why visit?

Хајделберг, кој популарно се смета за еден од најубавите градови во Германија, се наоѓа во првите редови на иновативниот бран на Новиот европски Баухаус (НЕБ). Хајделбергшкото село е најголемиот пасивен станбен комплекс во светот. Пристапно, удобно и еколошко, селото е проектирано да биде како т.н. "жива заедница" за луѓе од сите возрасти, со пристап до зелени простори проектирани да ја охрабрат интеграцијата и меѓусебната интеракција.

Покрај посетата на замокот и стариот град, одвој малку време за областа Емертсгрунд. Таму ќе најдеш еден од првите и најпознати примери на урбаниот дизајн инспириран од концептот на "урбанизација преку компактност": одделни пешачки патеки и патишта, пространи плоштади, модерни и евтини апартмани за семејства и добар јавен превоз.

После тоа, можеш да го посетиш и студентскиот затвор, каде што до 1914 год., студентите биле во задржани во притвор поради доцна ноќна забава или нарушувања на јавниот ред. Или отиди на инспиративна прошетка покрај реката Некар, преку Филозофенвег. Таму можеш да ги посетиш воодушевачките градини, да ја пробаш локалната храна, да поминеш преку стариот мост и ако се осмелиш, да ја ставиш главата во устата на Брукенафе, мајмунот од Хејделбергскиот мост.

Image
Хајделберг
Coordinates
49.405819,8.6135748
Tags with icon
Rediscover the history
Bicycle-friendly
Rich in green spaces
Sustainable initiatives
Name
Вајмар
Country
Germany
Population
65138
Why visit?

Добредојде во родното место на оригиналното Баухаус движење! Основано во 1919 година од страна на архитектот пионер Валтер Гропиус, уметничкото училиште основало движење кое сè уште одекнува низ Новиот европски Баухаус (НЕБ) – и продолжува да ги отелотворува вредностите кои се наоѓаат во новата архитектура денес.

За време на фестивалот на Новиот Европски Баухаус во 2022 година, Баухаус-Универзитет во Вајмар беше домаќин на Лабораторијата на идеи. Лабораторијата се одржа за да ги инспирира и охрабри поединците да креираат иновативна, одржлива, фер и социјално инклузивна визија за идните простори за живеење во Европа.

Посети го Баухаус-музејот Вајмар за да ја истражиш најважната колекција на Баухаус во земјата, со најстарите примери на работата на движењето насекаде во светот. Потоа, отиди на Универзитетот Баухаус и Хаус Ам Хорн - единствената архитектонска творба проектирана и изградена од страна на Баухаус на Вајмарската држава во 1923 година. Импресивно нели?

Пред да си заминеш, прошетај се или вози велосипед во Парк ан дер Илм, пред да уживаш во вечерното излегување во Виеландплац или Бетовенплац. И не заборавај да наздравиш за постигнувањата на Гропиус!

Image
Вајмар
Coordinates
50.9770763,11.2484161
Tags with icon
Rediscover the history
Bicycle-friendly
Rich in green spaces