Skip to main content
Submitted by Beatriz RODRIG… on
Draw lines
Yes
Color
#E92020
Cities/Points
Name
Краков
Country
Poland
Population
766683
Why visit?

Ако предпочиташ да посетуваш градови со многу зелени површини, Краков е место за тебе. Финалист за Европска зелена престолнина за 2023 година, Краков нуди повеќе од 207 м2 на зелени површини, за секој од своите жители, а Стариот град, кој е вклучен на листата на УНЕСКО, првенствено е наменет за пешачење и е прекрасен за прошетка. Всушност, тоа е прекрасно место за обиколка за секој, за што сведочи и фактот, дека во 2012 година, градот добил 2 место на конкурсот за наградата за Пристапен град. Ако сакаш малку подолга прошетка, посети го Планти парк, зелен појас од над 200,000 m2, кој го опкружува Стариот град и ги заменил средновековните утврдувања кои порано биле таму. Ако си желен/на за повеќе природа, можеш да стигнеш до ливади, шуми и природни резервати, кои ке ги најдеш само на кратко патување со трамвај од центарот на градот.

Image
Краков - Полска -
Coordinates
50.0464824,19.6929927
Tags with icon
Walkable City
Access City Award Winner
UNESCO World Heritage List
European Green Capital Finalist
Name
Брно
Country
Czechia
Population
379526
Why visit?

Брно е здив на свеж воздух и зелена оаза. Од многубројните градски паркови и градини, секој со свој уникатен карактер и интересни нешта за правење, до паркот со елени кој се наоѓа во непосредна близина на градот и кој е достапнен со јавен превоз, има толку многу места за поврзување со природата. На пример, Отворените градини кои се образовен простор со уникатна пасивна куќа со зелен покрив и образовна патека. Ако сакаш релаксацијата да ти биде малку поактивна, ти препорачуваме да се искачиш на Шпилберк и да го посетиш замокот од 13ти век на врвот или да се упатиш кон резервоарот Брно - одлично место за спорт и релаксација. Исто така, можеш да ја посетиш Ботаничката градина и да дознаеш повеќе за растенијата во неа.

Image
Брно - Чешка
Coordinates
49.2019529,16.4131507
Tags with icon
Plenty of Nature
#BeActive
Name
Грац
Country
Austria
Population
283869
Why visit?

Грац е главен град на Штирија, исто така познат како "Зеленото срце" на Австрија поради своите големи зелени површини. Благодарение на тоа, има многу можности да излезеш надвор во природата и да уживаш во лековитите ефекти на зеленилото, имаш многу избор кога станува збор за места за пешачење, велосипедизам или скијање. Грац има многубројни награди кои ги докажуваат неговите зелени и културни заслуги: Грац е финалист на конкурсот за Европската зелена престолнина за 2025 година, Европска престолнина на културата во 2003 година, а Историскиот центар и замокот Шлос Егенберг се на листата на УНЕСКО. Ако навистина сакаш да се претопиш во природата, можеш да волонтираш на органска фарма преку движењето ВВООФ (Светски можности на органски фарми).

Image
Грац - Австрија
Coordinates
47.0731644,15.3595614
Tags with icon
European Green Capital Finalist
Plenty of Nature
#BeActive
UNESCO World Heritage List
European Capital of Culture
Name
Велење
Country
Slovenia
Population
24327
Why visit?

Велење бил проектиран во 1950-тите години, како градинарски град, па зеленината се дел од неговата ДНК уште од првиот ден. Градот продолжи со својата посветеност кон животната средина и е победник на наградата на Европскиот зелен лист во 2024 година, благодарение на планот на градот за нови можности за вработување во зелениот сектор. Исто така, тој е еден од пилот-градовите во Мисијата за климатски неутрални градови финансирана од Европската комисија. Додека си таму, прошетај се по Променада, една од централните оски на градот, која е во процес на реконструкција за да се даде приоритет на зеленилата и простор за луѓето, или посети ја популарната меѓу локалните жители плажа Велење, каде што ќе најдеш чиста вода за пливање, само на кратко пешачење од градот.

Image
Велење - Словенија
Coordinates
46.363674,15.0626769
Tags with icon
Spots to Swim
Green Leaf City
Name
Салцбург
Country
Austria
Population
152367
Why visit?

Салцбург се наоѓа на северната граница на Алпите, и е идеална почетна точка за активности на отворено, кои те приближуваат до природата како што се планинарење или планински велосипедизам. Во Салцбург, благодарение на богатството со зимски активности како што се лизгање на мраз, скијање и пешачење со снежни обувки, не постои причина да останеш во затворен простор кога е ладно. Облечи се топло и поврзи се со природата во текот на целата година! Центарот на градот, кој се наоѓа на списокот на светското наследство на УНЕСКО, е исто така шармантно место за шетање или можеш да ги посетиш градините на замокот Хелбрун, кои се бесплатни за посета и во кои е сместен павиљонот од филмот Звукот на музиката.

Image
Салцбург - Австрија
Coordinates
47.8027764,12.9741786
Tags with icon
UNESCO World Heritage List
Access City Award Winner
#BeActive
European Green Capital
Name
Трисен
Country
Liechtenstein
Population
5275
Why visit?

Шумскиот Лихтенштајн, лоциран целосно во Алпите, е совршен за љубителите на активности на отворено, а Трисен е одлична база. Откриј ја природната патека која те води 100 метри нагоре од долината на Рајна до рано-средновековната капела на Света Мамерта, која се наоѓа над Трисен. Или пак, ако навистина сакаш да си ги раздвижиш нозете, зошто да не ја пробаш 75-километарската патека Лихтенштајн? Каде на друго место можеш да ја обиколиш целата земја за еден викенд? Или, ако сакаш да се движиш со велосипед, има многу добро означени рути што го прават Лихтенштајн сон за планинските велосипедисти.

Image
Трисен - Лихтенштајн
Coordinates
47.0863405,9.4756937
Tags with icon
#BeActive
Plenty of Nature
Name
Галвеј
Country
Ireland
Population
79934
Why visit?

Галвеј, кој се наоѓа на дивиот западен брег на Ирска (исто така познат како "Емералдскиот остров" бидејќи е толку многу зелен), беше крунисан за европски град на Зелен лист во 2017 година, заради својата посветеност кон одржливоста. Ако сакаш да излезеш надвор, и да ја истражуваш провинцијата како и да посетиш некои од познатите знаменитости на Ирска, Галвеј е идеална база за места како што се Скалите на Мохер или ридовите на Конемара. Или зошто да не прошеташ по дивиот Атлантски пат, еден од најдолгите крајбрежни патишта во светот (2,600 км), кој се простир долж ирскиот брег од полуостровот Инишовен на север, минувајќи го Галвеј и надолу до Кинсале на југ. Или посети еден од Ирските, кои се распространети на повеќе од 650 км2, национални паркови, шумски предели и резервати.

Image
Галвеј -Ирска
Coordinates
53.2838831,-9.1311474
Tags with icon
Plenty of Nature
#BeActive
Green Leaf City