Трансилванскиот град Брашов, исто така познат и како „Зелена престолнина на Романија“, беше еден од првите потписници на Пактот на градоначалниците, програма на ЕУ која ги обедини локалните власти низ Европа за да превземат мерки против климатските промени. Градот се наоѓа во подножјето на импресивната планина Темпа, стрмен врв кој е назначен од ЕУ за природен резерват во рамки на мрежата Натура 2000, за заштита на ретки птици, диви свињи, мечки и пеперутки. Качи се на жичарата до врвот и обиди се да го видиш натписот „BRAŞOV“ на падините на планината – европскиот еквивалент на Холивуд!
Локалните заедници во бугарската престолнина Софија се посветени на одржување на чистотата на историскиот град – па зошто да не ја посетите и да им помогнете? Иницијативата „Да ја исчистиме Бугарија заедно“ ги охрабрува волонтерите да собираат отпадоци и да ја оддржуваат шистотата на градските улици. Рециклирањето е приоритет во Софија – 84% од собраниот отпад се рециклира! Патниците со DiscoverEU, кои сакаат да поминат време во природа, може да се искачат до импресивниот Бојански водопад, кој се наоѓа непосредно до границите на градот.
Као поранешна Европска престолнина на културата, Солун може да се пофали со уникатна комбинација на историски знаменитости, културни традиции и вкусна кујна. Со помош на средства од ЕУ, градот го трансформираше крајбрежниот појас во зелена, здрава и пријатна зона за уживање. Крајбрежната зона ги поврзува двете најзначајни атракции на градот – Белата Кула и Концертната сала, создавајќи совршено место за вечерна прошетка покрај морето на зајдисонце. За љубителите на природата, кои патуваат со DiscoverEU, Солун нуди и една друга занимливост, градот се наоѓа на делтата на реката Аксиос(Вардар), природен резерват на ЕУ, кој ги заштитува дивите животни што живеат во влажните зони во близина на реката Аксиос/Вардар.