Германскиот град Хамбург нуди многу работи да се направат и разгледаат, што го прави совршено место за време на твоето DiscoverEU патување. Прекрасната архитектура, бреговите на реката Елба, парковите и многубројните уникатни музеи, го прават ова место возбудливо за да поминеш еден ден разгледувајќи го. Хамбург е широко признат како најиновативниот паметен град во Германија, кој е на врвот во двете рангирања на Битком и Хаселхорт Асошиејтс за 2020 година. Хамбург го тестира потенцијалот за автономно возење во Европа. Затоа, качи се во автономниот минибус и доживеј да се возиш низ градот со возило без возач! Продолжи да го истражуваш напредокот во областа на урбаните и дигиталните иновации и посети го Хамербруклин.Дигиталкампус.
Замини во Познан и откриј една потценета дестинација! Тој полски град е еден од најстарите во земјата, а неговото историско наследство нуди бројни убави споменици, цркви и стари згради. Кога си на стариот пазарен плоштад Стари Ринек, во спокојна атмосфера ќе можеш да и се восхитуваш на чудесната архитектура на ренесансната градска куќа. Отиди до паркот Цитадела на периферијата од центарот на градот за да уживаш во водените атракции, модерни кафулиња, ботанички градини, па дури и на остатоците од тврдините од 19-ти век, како и во разни изложби на скулптури на отворено. Познан исто така ја определил пристапноста во градот за приоритет. Градското собрание на градот Познан има изработено интернет портал посветен на лицата со попреченост кој содржи актуелни информации за настани, транспорт и друго. Во 2014 година, градот го освоил третото место и наградата за Пристапен град, и добил специјално признание во 2021 година. За да влезеш во градот, користи ПЕКА. Оваа платформа за транспортни билети ќе ти овозможи да ја користиш истата карта за да се качиш на различни видови на јавен превоз. Која област ќе ја посетиш најпрво?
Со многу нешта за правење и истражување, полскиот град Белисток е совршена станица на твоето DiscoveryEU патување! Неговата култура е богата и е многустрана, бидејќи во неа се измешани полско, руско, белоруско, татарско, унгарско, католичко, православно христијанско, муслиманско и еврејско влијание. Белисток се наоѓа во област позната по квалитетот на воздухот, наречена "Зелените бели дробови на Полска". По посетата на палатата Браницки, прошетај се ни паркот Планти и ќе налеташ на декорирани живи огради и грмушки, убаво одржани цветни насади, скулптури, езерца и градина со рози на четири нивоа. Но, немој да си во заблуда! Белисток не е заспана убавица: градот се стреми кон тоа да стане паметен град. Градот има интелигентен внатрешен систем за управување со сообраќајот, кој преку систем на мрежно поврзани камери ја оптимизира и зголемува ефикасноста на транспортот.
Вилнус треба да биде на твојот список на градови кои треба да ги посетиш, почнувајќи од неговите неокласични цркви до неговото фасцинантна минато. Следи го брегот на реката Нерис за да го видиш Вилнус пешачејќи. Патеката се протега низ центарот на градот, каде ќе најдеш барови и кафулиња на кејот, улична уметност, насекаде расфрлани скулптури и еден од најголемите зелени простори во градот. Потоа, отиди во средината на катедралниот плоштад на Вилнус за да ја видиш чудотворната плочка Стебуклас. Стапни на неа, сврти се 3 пати во правец на часовникот, скокни и ракоплесни со рацете додека си замислуваш желба - локалните жители велат дека желбата ќе ти се оствари. Но, кога станува збор за трансформирањето во паметен град, Вилнус не се потпира на никакви чуда. Литванската престолнина развива IoT (интернет на нештата) Автопат за да обезбеди широк спектар на цели за паметен град, вклучувајќи паметно осветлување, употреба на вода, паметно паркирање, управување со отпад и паметни иницијативи за сообраќај.
Сакаш да се одмориш од твојот градски живот? Постани зелен/а и посети ја Игналина! Нејзината област која се наоѓа во источна Литванија е добро позната како земја со прекрасни пејзажи. Има повеќе од 200 езера, некои реки и езерца, а една третина од територијата е покриена со шуми. Овој див предел од Литванија добил подем во својот развој во 1866 година кога била изградена железницата помеѓу Санкт Петербург и Варшава. Во моментот, градот Игналина работи на тоа да ги развие ИТ вештините на населението во градот, за да ја поддржи дигитализацијата на јавните услуги во регионот со помош на финансирање од ЕУ. Додека си во Игналина, врати се назад во минатото со посета на Музејот на древно пчеларство и уживај бесплатно во уметноста, гледајќи ги скулптуруте низ градот.
Ако твоето DiscoverEU патување те однесе во Летонија, застани во градот Рига! Неговата богата историја, неверојатна архитектура и динамичен ноќен живот ќе те изненадат. Во стариот град во Рига, не пропуштај да ја видиш чудната скулптура на градските музиканти од градот Бремен од 4 животни, базирана на легендарната бајка на браќата Грим, и да си направиш селфи со нив. Прошетај се низ волшебниот балтички град и пронајди го твојот пат, благодарение на 930-те пунктови за поврзување на бесплатен и брз Wi-Fi интернет, кои се насекаде низ градот. Посветен на тоа да стане паметен град, Рига го лансира кластер проектот Паметен град со поддршка на Европската комисија. Таа платформа ги поврзува летонските претприемачи со истражувачки организации за да развијат проекти кои ги поддржуваат целите на паметниот град.
Лоциран на брегот на Балтичкиот Залив на Финска, естонскиот главен град Талин нуди скандинавски, руски и источноевропски влијанија. Додека си таму, не заборавај да се прошеташ по кривулестите улици до платформата за набљудување на Кохтуотса, на северната страна на ридот Тумпеа. Оттаму ќе имаш најдобри глетки на прекрасниот стар град и неговите калдрмени улици и на тврдината. Иако Талин е средновековен град, ќе можеш бесплатно да пристапиш до WiFi мрежа, на неговата трамвајска мрежа. Естонската престолнина беше во конкуренција за Европска престолнина на иновации во 2017 и победник на Нетекспло паметни градови 2020. Градот има 86 целосно дигитални е-услуги кои ги поедноставуваат интеракциите на неговите граѓани со нивната општинска власт и јавни услуги.
Тампере, во централна Финска, честопати се занемарува од страна на туристите, кои ретко се обидуваат да одат надвор од Хелсинки. Затоа, ајде да бидеме љубопитни и да го откриеме овој град! Тампере има многу различни необични музеи, како што се музејот за шпионирање, музејот на познатите карактери на Мумини или финскиот музеј на игри, каде што можеш да дознаеш повеќе за историјата на дигиталните игри. Финскиот град е опкружен со езера. Ако го посетиш Тампере во зима, искористи ја можноста да одиш на риболов на мраз или на скандинавска прошетка! Додека се шеташ низ градот, ќе се чувствуваш исклучително безбедно. Со проектот SURE, финансиран од ЕУ, Тампере има за цел да ги направи животот на пешаците побезбеден благодарение на решение со интернет на нештата. Во јануари 2020 година, градот ја потпиша декларацијата "Приклучи се, зајакни се, одржи се" за здружување на сили за обликување на одржлива урбана иднина преку дигитализација.