Skip to main content
Submitted by Elisavet KOZAKOU on
Draw lines
Yes
Color
#db7093
Cities/Points
Name
Град херој на НЕБ: Варшава
Country
Poland
Population
1795000
Why visit?

Главниот град на Полска, Варшава е голем културен, политички и економски центар. Тоа е одразено во нејзиниот дизајн и архитектура, кои целосно ги прифатиле вредностите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ).

Проектите базирани во Варшава како што е ФОЛК Концепт, се стремат да ја подмладат постоечката архитектура со поглед кон иднината. ФОЛК, добитник на наградата на Новиот Европски Баухаус - ѕвезди во подем за 2022, им дава нов живот на старите амбари и житни складишта, променувајќи им ја намената за да ги задоволат современите потреби, додека истовремено ги задржуваат нивните типични функции. Многу иновативни урбани простори за живеење, исто така се изградени со модерен и одржлив дизајн, како што e Злота 44, облакодер со покриви проектирани за собирање на дождовна вода. Овој процес на обнова се демократизира преку иницијативи како што е РеСтор, непрофитна продавница која нуди нов и употребуван одржлив мебел и материјали.

Невозможно е да се пропуштат овие трансформации во Варшава. Посети ја некогаш легендарната фабрика за водка Конезер и восхитувај им се на нејзините стари карактеристики, додека разгледуваш некои комерцијални простори, барови, ресторани, хотели и друго. Фабриката Норблин е уште еден успешен проект за урбана реновација кој треба да го посетите, особено поради нејзиниот музеј, Биобазар, Артбокс Експеримент и Град на храна кој може да се пофали со 23 гастрономиски концепти од целиот свет.

Image
Варшава
Coordinates
52.2330653,20.9211126
Tags with icon
NEB prize
Sustainable initiatives
Urban renewal
Name
Катовице
Country
Poland
Population
289000
Why visit?

Лоцирана во силезискиот регион, и целосно прифаќајќи ги вредностите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), Катовице е поранешното индустриско срце на Полска. Историјата на градот е преплетена со историјата на неговиот рудник за јаглен - минато кое Катовице го искористи, за да се трансформира во одржлив град на иднината. Со финансиска поддршка од ЕУ, проектот МОЛОК го трансформира рудникот во културен центар, кој сега е дом на Сподек Арена, Полскиот национален симфониски оркестар, Меѓународниот конгресен центар и Силезискиот музеј.

Покрај индустријата за јаглен, градот е познат по својата архитектура од метал и стакло. Неговите згради се под големо влијание на пост-индустриската архитектура, со модернистички и Арт Нуво карактеристики. Релјефната фасада на универзалната продавница Скарбек, централната кружна улица во градот и зградата Суперједностка, се впечатливи примери за тоа како долготрајните, рециклираните и прилагодливите материјали играат клучна улога во создавањето на уникатни дизајни.

Поврзувајќи се со својeto минато, Катовице има некои уникатни искуства што може да ги понуди на посетителите. Фабриката за порцелан Гиеше и нејзините простори сега угостуваат концерти и други настани, а поранешниот работнички квартал Никишовец, дом на уникатна архитектура од почетокот на 20-ти век, сега е културен и социјален центар.

Можеш исто така да го посетиш Музејот Шлаские, кој е простор за дијалог помеѓу минатото и сегашноста. Или да го разгледаш Силезискиот парк, една од најголемите зелени инвестиции во Горна Силезија. Кога ќе завршиш, опушти се и уживај во баровите и клубовите на улица Маријачка.

Image
Катовице
Coordinates
50.2136939,18.8636717
Tags with icon
Urban renewal
Name
Прага
Country
Czechia
Population
1275406
Why visit?

Прага е подарок кој продолжува да дава, особено кога станува збор за нејзината историска архитектура и нејзиниот пристап кон одржлива архитектонска модернизација. Градот промовира различни иницијативи базирани на главните вредности на Новиот Европски Баухаус (НЕБ). Прага е еден од градовите кои ја пилотираат иницијативата КрАфТ чија цел е да се најдат модели за тоа како градовите можат да преминат кон климатска неутралност на начин кој е инклузивен, одржлив и добар. Исто така градот е дом на добитниот проект на Новиот Европска Баухаус - ѕвезда во подем, Реклаим Жижков, кој проект има за цел да му помогне на овој историски, работнички кварт, да ја задржи својата стара душа во услови на глобализацијата.

Ако сакаш да ги запознаеш различните страни на еден град во транзиција, посети го прашкиот кварт Холешовице, каде што беспрекорното интегрирање на бутици, кафулиња и галерии, довело до извонредно и атрактивно обновување на овој разнолик кварт. Или посети ја Танцувачката куќа, редок пример на деконструктивизам инспириран од модерниот стил Арт Нуво; или телевизиската кула Жижков, за која некои би рекле дека е една од најгрдите, а сепак најфасцинантните згради во светот.

Каде и да одлучиш да одиш, не пропуштај ја можноста да ја посетиш Петринската кула или паркот Летна, каде што можеш да земеш пијачка и да и се восхитуваш на прекрасната глетка на градот. Ако тоа не е доволно, истражи ја живописната крајбрежна улица Рашиново набрежи, и сè што таа има да понуди во секое време од годината.

Image
Прага
Coordinates
50.0598058,14.3255421
Tags with icon
NEB Projects
Name
Марса
Country
Malta
Population
5730
Why visit?

Малото пристаниште во југоисточниот регион на Малта, Марса, го привлече вниманието на Европа во 2015 година, кога беше домаќин на натпреварот за песна на Евровизија. Макар што неговите бродоградилишта и големото пристаниште играле клучна улога во историјата на земјата, Марса сега се обидува да и одолее на својата среќа која згаснува. Таа целосно го прифаќа духот на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), со тоа што се стреми кон одржливи и интегрирани архитектонски трансформации.

Во градот се реализира проектот “Малта град за пешаци“, чија цел е да се трансформира ретко користениот систем за дождовен одвод од пешачките патеки. Со редизајнирање на градската мобилност, проектот сака да го направи животот на нселението да биде попријатен и одржлив.

Во 2022 година, градот беше именуван за културна престолнина на Малта - признание за потенцијалот на овој мал, но динамичен урбан центар и повик за повторно откривање на овој значаен историски град, карактеристичен по остатоците од бродоградителството и индустриската активност.

Додека си во Марса, спреми се за лов на вистински скриени богатства. Можеш да го посетиш Малтешкиот поштенски музеј и да дознаеш повеќе за тоа како Малта, која е во средината на Средоземното Море, успеала да се задржи да биде во фокусот.. И погледни ја патеката за коњски трки во Марса, изградена во 1868 година, или прошетај се околу пристаништето.

Image
Марса
Coordinates
35.8757762,14.4743401
Tags with icon
Sustainable initiatives
Urban renewal
NEB Projects