Skip to main content

Повик за пријавување за иницијативата DiscoverEU - Повик за пријавување

Од 2027 година, Обединетото Кралство ќе се приклучи на програмата „Еразмус+“, вклучително и на иницијативата „DiscoverEU“.

Имаш 18 години и живееш во некоја од државите членки на ЕУ или во трета земја придружена кон програмата Еразмус+? Подготви се да ја истражиш Европа!

Кога ќе биде следниот круг на пријавување?

Следниот круг на пријавување е планирано да се одржи од 1 до 15 октомври 2026 година (отворањето и затворањето ќе бидат во 12:00:00 часот напладне, по средноевропско - бриселско време). Копчето „Пријави се сега“ ќе се појави на оваа страница на почетниот датум за поднесување на пријави!

Што претставува DiscoverEU?

DiscoverEU е акција од програмата Еразмус+ која ѕи нуди можност да патуваш и да ја истражуваш разновидноста на Европа, да се запознаеш со нејзиното културно наследство и историја, и да воспоставиш контакти со разни луѓе од континентот.  

Ќе ти се понуди патна пропусница за патување со еколошки најприфатливиот начин на превоз, како на пример со воз. Во специфични случаи ќе бидат дозволени и други видови транспорт, а тоа се однесува на младите кои живеат на острови или во оддалечени области.

Исто така, ќе добиеш и картичка со попусти од иницијативата DiscoverEU за бројни попусти за сместување, култура, спорт, локален превоз или други услуги.

Како функционира иницијативата?

За да можеш да учествуваш мора да ги исполнуваш следните услови:

  • да бидеш роден/а помеѓу 1 јануари 2008 (вклучително) и 31 декември 2008 (вклучително);
  • да го внесеш бројот на личната карта (ID), пасошот или бројот на дозволата на легален престој во формуларот за пријавување на интернет.
  • да имаш државјанство или легален престој* во една од следниве:
    • држави членки на ЕУ вклучувајќи ги и нејзините најоддалечени региони, или
    • прекуморските земји и територии (ПЗТ) поврзани со Европската Унија, или
    • трети земји поврзани со програмата Еразмус+: Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција;
  • да се согласиш со Изјавата за чест во образецот за пријавување.

* За повеќе информации види во Правила, одделот 2 „ Кандидати кои ги исполнуваат условите”

Потоа ќе треба да учествуваш во квиз (во случај на групна апликација, учествува само водачот на групата).

Ако бидеш изберен/а, ќе можеш да патуваш до 7 дена во период од максимум еден месец, во рамките на одобрениот период за патување од 1 март 2027 до 31 мај 2028

Имај во предвид дека ако имаш инвалидитет или здравствен проблем кој што ќе ти го отежнува патувањето, ќе ја добиеш потребната помош и поддршка. 

Дали можам да патувам со моите пријатели?

Да, секако! Можеш да патуваш самостојно или да се здружиш со максимум 4 пријатели во твојата група ако и тие ги исполнуваат горенаведените услови за учество. Тие исто може да се пријават со твојот код на пријавата. Види ги Најчесто поставуваните прашања Б.5 до Б.11 за повеќе информации.

Можеш, исто така, да испланираш заедничко патување со други патници вклучени во DiscoverEU! Добро место за тоа е групата DiscoverEU на фејсбук доколку се согласиш да ја користиш таа социјална мрежа*. Придружи и се на групата и зборувај со останатите учесници.

Откако ќе бидеш избран/а, националните агенции на Еразмус+ ќе помогнат за организирање на состаноци како би се запознал/а со другите патници за да се припремите за патувањето.

* Обработката на лични податоци подлежи на посебни услови за заштита на податоците и на посебната изјава за приватност на компанијата Фејсбук, која дејствува како посебен контролор на обработката на податоците.

Сподели ги искуствата

Учесниците автоматски стануваат Амбасадорина DiscoverEU иницијативата. Како амбасадор, ќе те поканиме да ги споделиш своите искуства од патувањето преку алатките на социјалните мрежи користејќи ја ознаката #DiscoverEU. Можеш дури и да направиш презентација во твоето училиште или локална заедница.

Сакам да дознаам повеќе!

Те интересираат претходните кругови на пријавување? Провери ги фактите за DiscoverEU за да прочиташ повеќе за иницијативата и искуствата на младите патници стекнати преку DiscoverEU.

Европа е пред тебе. Направи го првиот чекор.

 

Инспиративно TedX видео од Винсент-Имануел Хер