Од неговите позлатени палати до неговите славни жители (меѓу кои се музичкиот маестро Моцарт, дуото за драм енд бејс Камо & Крукед и холивудската ѕвезда Кристоф Валц), австриската престолнина Виена е задолжителна станица за посета за секој патник кој ја истражува Европа. Градот има преку 2.000 паркови и градини, кои може да ги посетиш во слободно време, користејќи било која од 1.400 км велосипедски патеки во градот. За авантуристичките патници, Виенервалд, шумска област заштитена од ЕУ како Натура 2000 локација, исто така се наоѓа на прагот на градот.
Можеби најдобро дефиниран од својот легендарен и импозантен правоаголен замок, Братислава, главниот град на Словачка, има многу да им понуди на патниците. Сместен помеѓу реката Дунав и Малите Карпати, градот некогаш бил изгласан за трет најзелен град во светот – веднаш по Оукленд и Рејкјавик. Братислава истотака, станува сè поотпорна на климатските промени преку подобро управување со дождовницата, изградба на зелени покриви и обезбедување на свежина за граѓаните за време на топлотни бранови. Наш предизвик за сите амбициозни фотографи на DiscoverEU: да го посетат врвот на замокот Братислава и да ја направат најдобрата можна фотографија – бонус поени за секој парк и зелен покрив што ќе го вклучиш во кадарот! Не заборавај да ја споделиш на инстаграм со хаштагот #DiscoverEU!
Колку е погоден за пешачење градот во кој живееш? Што би те натерало да прошеташ низ локалните населби наместо да се возиш со автомобил или јавен превоз? Тоа е прашањето што се поставува во унгарскиот град Њиреѓхаза. Проектот „Ситивок“ финансиран од ЕУ е со седиште во градот и има за цел да ја подобри “погодноста“ за пешачење на локалните улици. Со тоа, проектот има за цел да го намали сообраќајниот метеж и да ги намали емисиите на гасово со ефект на стаклена градина.
За креативна и културна атмосфера, Клуж-Напока е вистинското место каде треба да се биде. Уште повеќе, градот е посветен на тоа да го направи својот јавен превоз еколошки за неговите жители и посетители. Градот ги искористи средствата од ЕУ за модернизација на трамвајската мрежа, со што трамваите се движат двојно побрзо и се зголемени зелените површини покрај линиите. Градот, исто така, објави дека само електричните возила ќе добијат лиценци за такси, правејќи го истражувањето на градот поодржливо. Нашиот најдобар совет: качи се на трамвај и оди до „Опера магиара ест“ - тука ќе го најдеш централниот парк на Клуж-Напока, кој нуди прекрасни фонтани и сликовито езерце за чамци.
Трансилванскиот град Брашов, познат и како „Зелената престолнина на Романија“, беше еден од првите потписници на Пактот на градоначалниците, програма на ЕУ која ги обединува локалните власти низ Европа за да преземат мерки против климатските промени. Градот се наоѓа во подножјето на импресивната планина Тампа, висок врв кој е прогласен од ЕУ за природен резерват во рамки на Натура 2000, за заштита на ретки птици, диви свињи, мечки и пеперутки. Качи се на жичарата и оди до врвот и обиди се да го најдеш натписот „BRAŞOV“ на падините на планината – европски еквивалент на Холивуд!
Започнувајќи во Германија, реката Дунав се протега низ Европа пред да се влее во Црното Море. Романскиот град Тулча се наоѓа на живописната делта на Дунав, која е заштитена локација од ЕУ во рамки на Натура 2000. Посети го градот и набљудувај ја уникатниот див свет или волонтирај за да помогнеш да се одржуваат чисти бреговите на Дунав.