Иако унгарскиот главен град е силно посветен на своите традиции, тој исто така гледа и кон иднината преку одржлива и инклузивна трансформација на својата урбана средина. Со тоа, Будимпешта постепено ги отелотворува вредностите и целите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ). На пример, проектот Кулинг корнерс анд коридорс (CoolCos) креира иновативни структури кои се проектирани да можат да го намалат влијанието на топлинските бранови. Градот исто така е препознаен по неговата пристапност, со посебна засебно признание на конкурсот на ЕУ за награда за Пристапен град за 2015 година.
Ако ти треба малку мир додека го разгледуваш градот, прошетај го островот Маргарет, кој претставува зелена оаза во средината на Дунав. Или намини до климатската градина Аурора, фино мало место, кое настојува да го поврати природниот еко-систем во рамки на урбано опкружување, и во исто време да едуцира за хортикултура и безбедност на храната.
Ако уметноста ти е пасија, може да ја посетиш галеријата ФКСЕ, која е наменета специјално за млади уметници, и која се зазема за решавање на социјални проблеми.
И на крај, упати се кон Кастл Хил, за да му се восхитуваш на рибарскиот Бастион, и да уживаш во прекрасната глетка на градот и на Дунав.
Нирегаза е дел од проектот на Интеррег Европа за одржливост со акцент на дигиталната економија. Проектите на Интеррег ги обединуваат локалните власти за да ги споделат своите иновативни и одржливи решенија на предизвиците на регионалниот развој. Локалната библиотека во Нирегаза за да ја зголеми и прошири својата употреба, им помага на граѓаните да користат дигитални системи и уреди.. Исто така ја промовира книжевноста со помош на телефонска говорница, во која посетителите може да одберат поема од именикот, да го свртат бројот и да ја слушнат.
Сакаш да видиш малку зеленило? Интеграцијата на природата во градскиот пејзаж, една од основните цели на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), е ботаничката градина Тусон Јанош. Како дел од градскиот универзитет, таа е дом на многубројни разновидни растенија кои се наоѓаат во опкружување кое вклучува голема стаклена градина, јапонска градина и езеро.
Задолжително посети ја и Музичката фонтана во Шошто, која нуди спектакуларно шоу за минувачите. Или посети го Музејот под отворено небо во Шошто – некогашно село – за да се запознаеш со начинот на живот на луѓето во минатото, и да учествуваш во настаните кои се креирани да ги запознаат посетителите со народните традиции.
Романскиот втор град по големина и неофицијален главен град на Трансилванија, Клуж-Напока е зелен и инклузивен град. Неговата силна универзитетска традиција и амбицијата за урбан развој, го поставиле како водечки град за урбано подобрување на Новиот Европски Баухаус (НЕБ) Тој е дом на КРЕИК, центарот за креативни индустрии, и еден од најголемите универзитети во ЕУ, спечалувајќи го своето место на листата на РОЦК (Регенерација и Оптимизација на Културното наследство во креативни и паметни градови) градови за пример, кој демонстрира како културното наследство е извор на обновување, развој и напредок.
Додека си таму, искористи ја можноста да ја посетиш старата зграда на Казиното во Клуж-Напока, која се наоѓа во центарот на централниот парк и која сега служи како Градски културен центар.
Додека се шеташ низ градот, не заборавај да погледнеш нагоре кон неговите прекрасни згради направени во готски стил. Или пак разгледај го Етнографскиот музеј Ромулус Вија, за да се запознаеш со народната култура на Трансилванија.
Исто така вреди да се посети и ботаничката градина, со нејзините римски и јапонски градини, Ботаничкиот музеј, и многубројните шарени растенија и цвеќиња.
Сакаш ли да гледаш филм или си за музика во живо? Ако го посетиш градот за време на Меѓународниот филмски фестивал на Трасилванија (ТИФФ), ти имаш голема среќа! Исто така не пропуштај да го посетиш иновативниот фризерски салон Хергономи, во кој редовно гостуваат диџеи и се одржуваат свирки во живо.
Сигисоара е еден од најстарите населени градови кој опкружен со ѕидини во светот. Со корени кои водат во Трансилванската саксонска култура, градот е дел од програмата на УНЕСКО за светско култуно наследство. Таа програма се стреми да ја заштити историска вредност на градот, како и да ги подобри современите аспекти, кое води до успешна комбинација на традиции и иновации во духот на Новиот Европски Баухаус (НЕБ).
Неговиот историски центар, или цитаделата Сигисоара, е именувана за објект на светско наследство на листата на УНЕСКО во 1999 година. Загуби се во пешачките калдрмени улици, оградени со живописни градби како што е каса Венецијана со нејзината зелена фасада.
Дали си љубопитен/на да се запознаеш со средновековните традиции? Тогаш, Средновековните фестивали се задолжителни ако планираш посета на градот за време на нивното одржување.
Со својот проект за компостирање на храна за Планетата, Букурешт го гради својот пат кон одржливо живеење. Исто така е домаќин на двата финалисти за наградата, Нов Европски Баухаус (НЕБ): проектот Дам клик пе Романиа (Да кликнеме на Романија), кој донира регенерирани компјутери за надминување на разликите во образованието; како и Мегакујна, проект кој се занимава со заживување на историски рецепти за храна.
Затоа, не е чудно, што Букурешт го нарекуваат “Малиот Парис на Истокот“: градот има и прекрасна архитектура. Триумфалната порта, музејот Георге Енеску и Пасаж Мача-Вилакрос, се само некои од волчебните места кои потсетуваат на француската метропола – но сами по себе си вредни да се посетат.
Прошеткај се низ стариот град, за да се потопиш во неговата историска атмосфера. А ако денот е дождлив и имаш потреба од малку шаренило, упати се кон Пасажул Виктори, кадешто целата улица е прекриена со разнобојни чадори.
Како Европска метропола на културата за 2019 год., Пловдив го употреби неговиот статус на културен центар, за да ја забрза транзицијата кон поодржлив, убав и инклузивен светилник, како и да преземе чекори за справување со загадувањето на воздухот.
Еден голем проект, кој ги вклучува вредностите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ) во Пловдив, е Урбани соништа. Тој проект ги прифатил одржливите и уметнички пристапи кон заживување на запуштените делови на квартот Капана, со видливо залагање за иновациии, откритија, култура и креативност.
Градскиот пејзаж на Пловдив е трансформиран преку уметнички дела: околу градот ќе откриеш графити, изработени од женски уметници, како дел од проектот Чувство за град, инспириран од идеата за инклузивност, сигурност и одржливост.
Додека си во Пловдив не заборавај да го посетиш регионалниот Етнографски музеј: не само за да им се восхитуваш на неговите прекрасни, живописни фасади, но и за вистински да ги почувствуваш Бугарските традиции и култура, веднаш штом влезеш во музејот.
Истанбул – градот кој се простира меѓу два континенти – беше вклучен во мрежата на креативни градови на Унеско како центар за дизајн. Годишниот саем на уметност Современ Истанбул, кој претставува нови креативни идеи, е само еден од изворите на креативниот дух на градот.
За модерен поглед кон старите традиции, посети го пазарот за храна Кадикоу, кадешто количките за храна се преобразени во нова концепција од ТАК, колектив на уметници и дизајнери.
Прекрасен пример за патувањето на Истанбул кон целите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), како на пример да се биде зелен и инклузивен, е претворањето на областа Лалели во пешачка зона, каде преку ден можеш да шеташ по нејзините улици кои се без автомобили.
Ако сакаш да се вратиш назад во времето на Отоманската империја, не пропуштај да ја посетиш Сината џамија, едно од културно-историските обележја на Турција; Или пак дворецот Топкапи, кој бил главната резиденција на Отоманските султани со векови наназад.