Skip to main content
Submitted by Olivia-Eliza C… on
Draw lines
Yes
Color
#008080
Cities/Points
Name
Констанца
Country
Romania
Population
313000
Why visit?

Лоцирана на брегот на Црното Море, Констанца е најстариот постојано населен град во Романија и нејзината историја е очигледна додека шеташ по нејзините улици. Mузеи де Арта Популара, или Музејот на народна уметност, е сместен во интересна зграда (дизајнирана во типичен романски нео-Бранковенсеку стил) која некогаш била и општинска зграда и локална пошта. Тука можеш да се запознаеш со богато украсени традиционални занаети од локалниот регион, кои користат материјали како керамика, дрво и метал. Продолжи да пешачиш неколку минути и ќе се најдеш во Музејот за национална историја и археологија, покрај кој можеш да се восхитуваш на една спектакуларна римска зграда со мозаичен под.

Image
Констанца
Coordinates
44.1811445,28.5599667
Tags with icon
Historic Architecture
Notable Museums
Walkable City
Name
Варна
Country
Bulgaria
Population
336200
Why visit?

Најголемиот пристанишен град на Црното Море - познат како поморскиот главен град на Бугарија, Варна има прекрасно крајбрежно шеталиште кое е совршено за опуштање по долгиот ден. Во август, во градот доаѓаат повеќе од 15.000 посетители за Летниот меѓународен фестивал на фолклорот во Варна, на кој настапуваат фолклорни ансамбли од целиот свет во театар под отворено небо кој е покрај морето. Варна е исто така дом на Меѓународниот саем за уметност и занаети „Булгарика“; најголемата уметничка изложба во Бугарија, како и на Меѓународниот филмски фестивал "Љубовта е лудост". Саемот комбинира традиција и модерност, прикажувајќи некои од најдобрите уметници во ликовната уметност, занаетчиството и музиката. Малку повеќе од 30 минути со воз од Варна се наоѓа Комплексот Барит, музеј на отворено со традиционални куќи и типични бугарски занаети. Љубителите на ботаниката исто така ќе ја засакаат Варна заради нејзините градини и паркови, вклучувајќи ја и инспирираната од морски пејсажи Морска градина и Универзитетската ботаничка градина.

Image
Варна
Coordinates
43.2049449,27.8728689
Tags with icon
Rich in Music
Great for Performance Arts
Plenty of Nature
Name
Истанбул
Country
Türkiye
Population
15000000
Why visit?

Претходно познат како Константинопол, Истанбул е огромна метропола која се протега на двете страни на Азија и Европа. Со население од 15 милиони, градот е најнаселен во Европа. Народната уметност е насекаде во Истанбул, можеби најдобро се гледа во уметноста на турскиот мермер (познат како 'Ебру'), миниатурното сликарство или турската калиграфија. За да ги видиш најубавите примероци, посети го Музејот за турска и исламска уметност (Турк ве Ислам Есерлери Музеи), каде се наоѓа најбогатата колекција на исламска уметност во светот. Не си оди од Истанбул без посета на Големиот Базар - голем пазарен комплекс со низа пријателски лица, шарени фенери и лавиринтни ходници.

Image
Истанбул
Coordinates
41.0054958,28.8720964
Tags with icon
European Capital of Culture
UNESCO World Heritage List
Historic Architecture
Exciting Culinary Options
Name
Ескишехир
Country
Türkiye
Population
797700
Why visit?

Лоциран на брегот на реката Порсук е Ескишехир, или "Стариот град" на турски - по некои проценки го датираат градот е стар повеќе од 4.000 години. Во областа околу џамијата Куршунлу, ќе го најдеш Центарот за занаети на Ескишехирe, кадешто се уште се практикуваат традиционални занаети како позлатување и правење на стаклени производи. Кога си во Ескишехир, прошетај се низ живописната историска област за да и се восхитуваш на неговата компактната колекција на куќи од 19 век, во многу од кои сега се сместени бројни продавници за народна уметност. Таму можеш да пробаш боза; Тоа е густ, кремаст, ферментиран пијалак со цимет на површината.

Image
Ескишехир
Coordinates
39.7654539,30.4747748
Tags with icon
Rich in Music
Great for Performance Arts
Exciting Culinary Options