Со своите 188,000 езера и речиси 3 милиони сауни, Финска е земја во која луѓето ја разбираат важноста на допирот со водата. Тампере, кој се наоѓа во западната езерска област на Финска, се наоѓа помеѓу 2 големи езера - Насијарви и Пухајарви - а ги има уште над 100 во рамки на границите на градот. Во речиси секое езеро можеш да најдеш место за пливање. Ако се чувствуваш храбар/ра, може да пробаш аванто (зимско пливање), традиционална финска активност на отворено која потекнува најмалку од 17-ти век. Ако одлучиш да се нурнеш, зошто да не го комбинираш пливањето на мраз со посета на локална сауна за да се стоплиш? Во Тампере, сауната Раухис е убаво лоцирана блиску до плажа и до центарот на градот.
Во 2023 градот Тарту беше домаќин на Нордиското првенство во пливање, на кое се собраа пливачи од целиот регион. Тоа се одржа во аква паркот Аура, кој е отворен за јавноста за посета на базенот и сауната. Ако претпочиташ да пливаш надвор, во Тарту има неверојатни градски места за пливање, каде локалните жители сакаат да одат и да се разладат во лето. Едно од најпознатите места е плажата на езерото Вереви, или пак можеш да си пронајдеш некоја друга. Компактниот размер на градот го олеснува движењето низ него и посетата на градските знаменитости, како што е Естонскиот национален музеј. Во 2020 година, градот добива специјално признание на конкурсот за наградата за Пристапен град, а Тарту е исто така и Европска престолнина на културата за 2024 година.
Затвори ги очите и посакај совршена плажа. Што гледаш? Фин бел песок и чиста вода? Ти ја претставуваме плажата Лиепаја, популарно место за капење от 60-те години на 19 век и плажа, означена со Сино знаме, кое означува, дека се постигнати високи еколошко и стандарди за квалитет. Не пропуштај да го посетиш езерото Лиепаја, заштитена зона од Натура 2000 со птици кои се гнездат и мигрираат, со 1км долга пешачка патека. Или, ако се чувстваш авантуристички, посети ја Кароста, бивш воен затвор и единствениот во Европа отворен за туристи. Таму ќе видиш дека затворот останал речиси непроменет од времето на Царот, ќе ги разгледаш ќелиите и же слушнеш страшни приказни за затворскиот живот.
Клаипеда се наоѓа на Куршиската коса - долга 98 км, тесна, искривена коса од песочна дина, која ја разделува Куршумската лагуна от Балтичкото море. Уникатниот и песочен и шумски пејзаж на островот му дале статус на место на светско наследство на УНЕСКО. Во близина има многу песочни плажи каде можеш да се сончаш, да пливаш или да зарониш во природата. Смилтине, до која можеш да стигнеш само со фериброд, е една од најдобрите. Во градот Клаипеда се наоѓа Литванскиот Морски Музај, кој располага со 24 аквариуми, во кои има 4 различни екосистеми (сладководен, Балтичко море, Северно море и тропски).
Се вели дека Афродита е родена во Пафос. Тоа е соодветно место за божицата на убавината, со неговите перфектни плажи и чиста вода - Кипар има една од најквалитетните води во Европа.. Или, ако сакаш да останеш на суво, во близина на Пафос има прекрасни крајбрежни патеки, или можеш да го разгледаш националниот парк Акамас, вклучувајќи ја и клисурата Авакас, која е позната по својата разновидност на растенија и птици. Реонот околу Пафос исто така е богат и со археолошки објекти, кои се на листата на УНЕСКО за светско културно наследство, а Пафос беше и Европска метропола на кутурата за 2017 година.