Skip to main content
Submitted by Stefanos AGATH… on
Draw lines
Yes
Color
#ff00ff
Cities/Points
Name
Турку
Country
Finland
Population
193000
Why visit?

Помеѓу 1927 и 1933 година, Турку станал родно место на функционалистичкото движење на архитектурата. Неговата водечка фигура, Алвар Аалто, кој проектирал 3 згради во Турку, кои се сметаат за главни примери на овој стил: Маалаистентало, Турун Саномат и Сеурахуоне. Градот Турку се обврзал да осигура возможност за достапност на градот од страна на секој, а тоа резултирало со тоа што бил eден от финалистите на конкурсот за наградата Пристапен град во 2011.
Турку е исто така познат и како кулинарен главен град на Финска поради својата динамична ресторанска култура и историски познатиот рибен пазар. 
 

Image
Чамец во езеро во Турку
Coordinates
60.4321284,22.0841285
Tags with icon
European Capital of Culture
Rich in Music
Great for Performance Arts
Exciting Culinary Options
Name
Хелсинки
Country
Finland
Population
654000
Why visit?

Хелсинки е скапоцен камен за љубителите на архитектурата. Градот е дом на една од најголемите колекции на згради во стилот Арт Нуво во северна Европа, заедно со широк спектар на архитектонски стилови како модернизмот и функционализмот. Локациите кои мора да се видат ја вклучуваат црквата Темпелијаукио со нејзината подземна структура ископана директно од цврста карпа и плоштадот на Сенатот со нејзината колекција од 4 неокласични згради проектирани од германскиот архитект Карл Лудвиг Енгел. Градот е лесен за истражување од сите, како што се гледа од неговиот статус на финалист за наградата заПристапен град за 2022.
На брегот на Хелсинки се наоѓа Морската тврдина Суоменлина, место на светското наследство на УНЕСКО кое претставува одличен пример на европската воена архитектура. Од другата страна на водата се наоѓа Музејот под отворено небо Сеурасари, кој пружа слика од традиционалниот фински живот.
 

Image
Слика од Хелсинки
Coordinates
60.11021,24.7385094
Tags with icon
UNESCO World Heritage List
Rich in Music
Notable Museums
Exciting Culinary Options
Name
Тарту
Country
Estonia
Population
95000
Why visit?

Вториот по големина град во Естонија, Тарту е познат по својата боемска атмосфера и за тоа што е клучен двигател на естонскиот научен напредок. Неговата архитектура, особено во подрачјето на стариот град кој е заштитено културно наследство, е изградена главно во класичен стил. Во 2015 година, на Историскиот ансамбл на Универзитетот во Тарту му беше доделена ознаката за европско наследство за неговата импресивна архитектура од 19 век која ја одразува европската традиција во образованието. Градот ќе биде носител на титулата Европска престолнина на културата за 2024, а неговите напори да се најдат практични решенија за жителите и посетителите со проблеми со мобилноста и пристапноста, на градот му ја донесоа титулата на финалист за наградата на конкурсот за Пристапен град за 2020. Не пропуштај да ја посетиш Апарадитехас (фабриката за виџети), кој е стар фабрички комплекс, трансформиран во 2014 година во културен центар, или Eстонскиот национален музеј.   

Image
Слика на Тарту
Coordinates
58.3749923,26.6975258
Tags with icon
European Capital of Culture
European Heritage Label
Rich in Music
Walkable City
Name
Валга
Country
Estonia
Population
15000
Why visit?

Валга е град во јужна Естонија, на границата со Латвија. Градската општинска сала, изградена помеѓу 1864 и 1866 година, е еден од најзначајните примери на дрвена архитектура од доцниот класицизам во Естонија. Додека си тука, посети го Валга музејот; неговата зграда датира од 1911 година и тоа е пример на доцниот Арт Нуво. Неговата импресивна фасада е заштитена со цел за заштита на наследството.
Од врвот на возвишението Вике Мунамаги, можеш да го видиш централниот плоштад кој е поделен помеѓу Валга во Естонија и Валка во Латвија - половина во една земја и половина во другата.
 

Image
Слика од Валга
Coordinates
57.7799577,26.0369598
Tags with icon
Historic Architecture
Plenty of Nature
Walkable City
Name
Рига
Country
Latvia
Population
621000
Why visit?

Рига може да се пофали со колекција од околу 800 згради во стилот Арт Нуво, што го прави град со најголема концентрација на архитектура во стилот Арт Нуво во светот. Од посебен интерес се неговиот историски центар на градот, кој се наоѓа на листата на светското наследство на УНЕСКО од 1997 година, и Тројцата браќа, најстариот станбен комплекс во Рига и добар пример за зачувување на латвиското историско наследство, филозофија која започнала во Латвија за време на меѓувојниот период. Денес, Тројцата браќа се толку многу значајни за културата на градот, така што им е доделена ознака за Европско наследство
Се чувстваш ли гладен/на? Посети го централниот пазар - кој е еден од најголемите во Европа - и пробај некои локални деликатеси како на пример пушена риба. Во стариот град, посети ја чудната скулптура од 4 животни, базирана на легендарната бајка на браќата Грим.
 

Image
Слика од Рига
Coordinates
56.971333,23.8421021
Tags with icon
European Capital of Culture
European Heritage Label
UNESCO World Heritage List
Rich in Music
Notable Museums
Great for Performance Arts
Name
Даугавпилс
Country
Latvia
Population
82000
Why visit?

Архитектонскиот пејзаж на Даугавпилс е посебен поради изобилството на згради од црвени тули, многу од нив дизајнирани од главниот архитект на градот Вилем Нојман. На Црковниот рид, се наоѓаат 4 цркви кои стојат една до друга, а секоја од нив ги претставува четирите главни религиозни деноминации во регионот Латгале во Латвија. Заедно тие формираат импресивен архитектонски комплекс.

Лоциран во историскиот арсенал на тврдина Даугавпилс, Уметничкиот центар Марк Ротко е единствениот музеј во Источна Европа каде што може да ги видиш оригиналните дела на сликарот.

Image
Слика од Даугавпилс
Coordinates
55.8959189,26.4671762
Tags with icon
Historic Architecture
Plenty of Nature
Walkable City
Name
Каунас
Country
Lithuania
Population
289000
Why visit?

Богат со култура, Каунас ја доби Европската ознака за наследство во 2014 година заради 44-те згради кои ја претставуваат неговата меѓувоена архитектура од 1919-1940 година. Градот, исто така има добиено и награда за европско наследство за реставрацијата на бившиот кабинет на министри како и титулата Град на дизајнот на УНЕСКО за 2017 година. Каунас е исто така еден од трите Eвропски престолнини на културата за 2022 година.
Историски гледано, градот е еден од центрите на еврејското наследство во Европа, со еврејско население кое претставувало до 40% од населението на градот во 1908 година. Денес, ова наследство може да се види во Синагогата во Каунас, Музејот на градот Каунас и музејот на еврејската историја Вилна Гаон.
Ако бараш уникатен музеј, ти си дојден на вистинското место. Посети го Музејот на ѓаволот, кој содржи повеќе од 2.000 слики на ѓаволот од целиот свет. 
 

Image
Слика на Каунас
Coordinates
54.8900536,23.8572242
Tags with icon
European Capital of Culture
European Heritage Label
Notable Museums
Great for Performance Arts
Name
Клаипеда
Country
Lithuania
Population
149000
Why visit?

Посетата на Клаипеда никогаш не е здодевна, со годишни настани како што се музичка пролет на Клаипеда, џез фестивалот во замокот Клаипеда и Меѓународниот фестивал на уличен театар. Поради својата германска историја, градот има карактеристичен архитектонски стил, кој се карактеризира со згради со дрвена конструкција.
Клаипеда е крајбрежен град и единственото главно морско пристаниште на Литванија. За да се потопиш во морската атмосфера, пробај кепта дуона, балтички пржен црн леб, на палубата на бродот Меридијанс.
 

Image
Слика од Клаипеда
Coordinates
55.7054542,21.0178111
Tags with icon
Rich in Music
Notable Museums
Great for Performance Arts