Стразбур е еден од најпријателските градови за велосипедисти во Франција и петти во Европа, со 600 км на велосипедски патеки, кои ја покриваат целата градска област. Ако те инспирира да возиш велосипед, тоа е лесно со помошта на програмата за споделување на велосипеди преку само-услуга во Стразбур, каде има 6000 велосипеди на располагање 24/7. Во градот исто така се наоѓа и Европскиот парламент (отворен за бесплатни посети шест дена неделно), катедралата Нотрд-Дам, Ла Мезон дес Понтс Коувертс, а центарот на градот е на листата на УНЕСКО.
Со велосипедски патеки со должина од 5 до 13 км, Луксембург Сити е прекрасно место за возење на велосипед. Ќе откриеш рути низ квартот Кирчберг, железничката станица и стариот град, како и долината на реката Алзет. Можеби прекрасниот пејзаж за велосипедизам е причината зошто Луксембург е високо рангиран, кога станува збор за ѕвезди на велосипедизмот. Ако сакаш да уживаш во природата, лесно е да избегаш од градот со велосипед и да истражиш некоја од рутите кои се распространети во должина од 600 км, и исто и 700 км долгите патеки за планински велосипедизам. Луксембург е исто така лесен за пешачење и за движење низ него за луѓето со попреченост, факт кој е земен во обзир кога му била доделена првата награда за Пристапен град за 2022 година.
Од моментот кога ќе пристигнеш во убавата централна станица на Антверпен, ќе бидеш запрепастен од прекрасната архитектура на градот. Од интересни арт нуво бисери, до модерна архитектура како што е Порт Хаус од архитектската ѕвезда Зана Хадид, градот е полн со интерени градби, кои ја прават прошетката низ него вистинско задоволство. Антверпен исто така располага и со 500 км на безбедни и удобни велосипедски патеки, а неговата паметна мрежа од нумерирани патеки и градскиот планер на рути, го прават лесен за навигација, дури и за посетителите. Можеш да земеш велосипед од градската програма, која има околу 300 пункта, со 4.200 велосипеди. Лесно е да се види зошто е рангиран како четврти најдобар град во светот за возење на велосипеди.
Холанѓаните се познати по возењето на велосипеди и кога ќе го посетиш Утрехт, лесно е да приметиш зошто велосипедот е цар. Третиот најдобар град за возење на велосипед во светски рамки располага со 420 км велосипедски патеки и постојано инвестира во инфрастрктурата за да го направи велосипедизмот уште попривлечен. Историскиот центар на Утрехт, се состои од пешачки зони, средновековни улици и живописни канали, и исто така е прекрасен за пешачење и чудесно спокоен. Додека си таму, не го пропуштај да го разгледаш системот од канали на 2 нивоа во Утрехт. Долното ниво првобитно било користено од трговците за истоварање на робата директно во подрумите, а сега по долг период на некористење, тие се претворени во модерни кафулиња, продавници и ресторани.
Езерата Алстер, реката Елбе, и многубројни паркови како што е Алтонаер Волкспарк, Ојендорфер парк, Васерпарк Дове-Елбе и Харбургер Штадпарк, му даваат на Хамбург спокојство и поврзаност со природата, што јасно покажува зошто бил изберен за Европска зелена престолнина во 2011 година. Освен тоа што е зелен, градот се наоѓа на рамница, и е идеален за велосипедизам по некоја од многуте негови велосипедски патеки, или за преминување на рутата ЕуроВело 3. Ако немаш сопствен велосипед, можеш да позајмиш некој од градските велосипеди кои имаат разумни цени. Хамбург има добиено посебно признание во 2023 година за направената околина, од страна на иницијативата за награди за Пристапен град.
Отпатувај во данскиот главен град и ќе разбереш зошто е познат како еден од најдобрите градови за велосипедизам во светот, благодарение на иновативните велосипедски мостови, велосипедски патеки во должина од 546 км, велосипедски супер автопати, и посветеност за постојано подобрување на животот на 150.000 луѓе, кои секојдневно возат велосипед до работа или до образовни институции. Додека си во градот, можеш да пробаш да разбереш зошто Копенхаген редовно се посошува за град на најсреќните луѓе во светот. Можеби тоа е поради блискоста до водата и врската со позитивната ментална и физичка благосостојба или данското прифаќање на хугге – создавање на топла атмосфера и поминување повеќе време со саканите. Можеби тоа е животот во Европската зелена метропола за 2014 година, која изобилува со многу паркови и зелени површини, кои го подигаат духот на луѓето? Можеш да размислуваш по тоа прашање, додека седиш во некоја удобна кафетерија и уживаш во некоја од познатите дански веинерброд - прекрасни кревки, кремасти колачи. Можеби се тие тајната на радоста и среќата?