Осло е совршен пример за град кој ги комбинира убавите стари згради со модерната архитектура во урбаниот простор кој е одржлив и достапен за сите. Норвешка, заедно со другите скандинавски земји, е дел од Новиот Европски Баухаус (НЕБ) Лаб – проектот Нордиски јаглеродно-неутрален Баухаус, кој ја анализира архитектурата, дизајнот и уметноста за да бара начини за изградба на објекти и живот на начин кој е јаглеродно-неутрален и инклузивен.
Како Eвропска зелена метропола во 2019 година, Осло има многу атракции кои се изградени, во поглед на пристапноста до нив. Посети го новиот Национален музеј – најголемиот уметнички музеј во нордиските земји - и ќе видиш како се стреми да ја направи уметноста достапна за сите. Тоа не се однесува само на децата и семејствата, туку и на луѓето со различни потреби, како што се луѓе во инвалидски колички, луѓе со оштетен вид или слух и оние кои имаат потреба од кучиња помошници. Покрај промовирањето на инклузивноста, новиот музеј силно ја нагласува одржливоста и бил развиен со амбициозни цели за климата, како дел од пилот проектот од норвешката програма ФјучрБилт. Друго место за да се види е Шандорф плоштадот, кој од паркинг за коли е претворен во урбан зелен простор.
Додека си во Осло, не пропуштај ја можноста да се потопиш во културата на последните преживеани домородни луѓе во Европа, Самите, со посета на Норск Фолксмузеум.
Историски познат по своето пристаниште (најголемо во скандинавските земји), Гетеборг се развил со текот на годините во динамичен урбан центар, полн со зелени, одржливи и инклузивни простори, кои целосно ги одразуваат вредностите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ).
Посетителите на паркот Регнелплатсен ќе најдат традиционален градски парк кој е трансформиран во модерно “дождовно“ игралиште, со можности за играње на отворено дури и кога врне дожд. Иако игралиштето е изградено за деца, тоа е јавен простор во кој луѓето од сите возрасти можат да уживаат, и скриена скапоценост за жителите на Гетеборг.
Ако го посетиш градот оваа година, ќе бидеш дел од нешто посебно. Гетеборг ќе ја прославува својата 400-годишнина од постоењето, која беше одложена поради COVID-от, претворајќи ги градските јавни простори во изложба на отворено. На неа ќе бидат прикажани проекти развиени од идеи предложени од локалните жители, со фокус на урбаната трансформација, одржливоста и инклузијата.
Неодамна, Гетеборг доби сребрена награда во првото издание на наградите "Метрополи на разновидноста и инклузијата" на ЕУ за поддршка на инклузијата на ромската заедница. Исто така познат по своите иницијативи за поддршка на ЛГБТК + семејства во предучилиштата, Гетеборг беше добитник на наградата за Пристапен град во 2014 година и беше именуван за европска престолнина на паметен туризам во 2020 година.
Во целосна согласност со вредностите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), Јончепинг е град кој тесно соработува со луѓе од сите возрасти и социјални групи во својот урбан развој. Тој ја освои наградата за Пристапен град во 2021 за напорите на градот да стане попристапен за лицата со попреченост. Подобрувањата во целиот град вклучуваат тактилни мапи и знаци за слепи лица, достапни аудио водичи, тактилни тротоари, информации за градот лесни за читање, пристапни тротоари и пристап без бариери за инвалидски колички.
Градскиот музеј на современа уметност Остерангенс Констхал, дефинитвно вреди да посети. Тој е дел од шведското движење за подобрување на достапноста до уметноста за луѓето од сите возрасти и потекло, и нуди работилници за деца, а исто така служи и како центар на заедницата.
Ако одиш надвор на отворено подрачје, Јончепинг е популарен поради своите добро дизајнирани и достапни активности во природата, со цела листа на пешачки патеки за инвалидски колички распространети околу градот. Омилениот градски главен парк е исто така место кое мора да се види, со недопрен природен простор, оградени места за животни, музеј на отворено и музеј на птици, ресторани и кафулиња, детско игралиште, мини-голф и стадион - не заборавајќи ги патеките посветени на најпознатите жени во Шведска.
Холбек е дестинација која се наоѓа надвор од зацртаната патека, но има многу да понуди. Во пристаништето ќе најдеш прекрасни стари дрвени бродови, како и ресторани и места каде можеш бесплатно да позајмиш велосипед. Ако те интересира историја, посетата на музејот на Холбек, – комплекс од 12 куќи кои прикажуваат како луѓето живееле во Холбек низ вековите– е задолжителен.
Неговиот проект за живеалишта за бездомници од Астрид Луке Нилсен беше добитник на наградата за ѕвезда во подем на Новиот Европски Баухаус (НЕБ) во 2021 година. Проектот има за цел да ја пополни празнината, оставена од сегашните системи за домување преку обезбедување на алтернативи кои даваат приоритет на чувството на заедница, како и на индивидуалната приватност. Развојот на трајни, одржливи, атрактивни и квалитетни домови за граѓаните кои се соочуваат со бездомништво, "Живеалишта за бездомници" има за цел да се избегне привременото размислување на многу решенија за бездомништво.
На други места, градот се фокусира на активности за постари луѓе. На пример, градот располага со специјални центри за активности и здравствени центри и воспоставил избран совет на постари лица, кој работи заедно со градскиот совет за да изнесува проблрми и прашања, кои се важни за постарите членови на заедницата.
Не ги пропуштај пешачките рути кои го поврзуваат градот со околните блиски градови. Меѓу најпопуларните патеки се фјордот, ледената ера и мочуриштата, до кои може да се стигне или со пешачење или со велосипед. Плус, обсерваторијата во Брофилдските ридови, надвор од градот, која е најголемата во Данска. Таа е достапна со инвалидски колички и нуди активности ден и ноќ.
Данска е позната по својата елегантна и функционална дизајнерска естетика, и вештината на нејзините луѓе да останат пријатни и среќни за време на долгите зими (хигге). Копенхаген е одличен пример за тие карактеристики. Освен тоа, тоа е еден од најпријателските градови во светот за велосипеди и е именуван како еден од најсреќните градови за живот. Тоа е вистински доказ за вредностите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ)!
Копенхаген победи во наптреварот за наградата Евроградови за 2021 госина, за својот градски проект за дизајн кој вклучува 300 локации кои се дизајнирани за складирање на вишокот на дождовна вода додека ги подобруваат јавните простори. Во прилог на тоа, градот беше именуван за Светска престолнина на архитектурата за 2023 година од страна на УНЕСКО, поради вклученоста на групацијата Бјарке Ингелс. Погледни ја нивната зграда за добивање на енергија во облик на скијачка патека!
Во меѓувреме, старата зграда Биледвеј е балансирана мешавина од старо и ново. Проектот ги пренамени функциите на веќе постоечката зграда и ја прошири вертикално за да ги собере и фирмите и луѓето, балансирајќи приватни, јавни и заеднички простории. Со комбинирање на апартмани со различна големина, тој е дизајниран за станари со различни нивоа на приход. Овој пристап е познат по тоа што ја зголемува толеранцијата кон разновидноста и го подобрува квалитетот на домувањето, што придонесува за социјална одржливост.
Во Копенхаген исто така постои аквариумот Сина планета, кој е целосно пристапен за лицата со попреченост. Зградата исто така се истакнува со својата иновативна и одржлива архитектура. Гледан од горе, аквариумот личи на огромен воден вртлог, а од нивото на земјата изгледа како да плива во рефлектирачки, кружен базен.
Хамбург е познат по своите зелени и одржливи иницијативи кои ги одразуваат вредностите и целите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ). Во 2021 година, градот ја освои наградата Зелен град на годината, а во 2011 година бил именуван за Европска зелена престолнина. Освен одржливите, зелени идеи, неговите населби се примери за вистински инклузивни и модерни метрополитански области, поради што градот вреди да се посети.
ХафенСити е еден од најамбициозните градски проекти за развој на Хамбург. Само за неколку години, ХафенСити е трансформиран од индустриско пристаниште речиси без жители, во урбан простор со разновиден социјален и културен пејзаж. За разлика од многу популарни внатрешни градски области, во развојот не доминираат домаќинства составени од еден член. Широкиот спектар на концепти на живеалишта, нивоа на цени и архитектонски стилови привлекуваат разновидна мешавина на жители, заедно со социјалните организации кои се активни во секторот за грижа и нега. Неколку пространства во соседната историска област на складишта (Шпихерштадт), како Светско наследство на УНЕСКО, вредат да се посетат. Во меѓувреме, концертната сала Елбфилармонија Хамбург, која беше отворена во 2017 година, има впечатлива модерна фасада.
На легендарниот рибен пазар во Хамбург, кој се отвора во 5 часот или во 7 часот наутро во недела, ќе добиеш целосен увид на структурата на жителите на градот. Ранобудните продавачи и ноќните продавачи гласно ги промовираат своите производи (не само риба, туку и овошје, зеленчук, сирење и друго), а семејствата ги вршат своите неделни пазарувања.
Никозија има богата и тензична историја. Никозија се смета за “последниот поделен главен град во светот“. Тоа е карактеристика која е означена со Зелена линија, и која ја разграничува грчката од турската заедница на север. Сепак, благодарение на олеснувањето на граничните ограничувања во раните 2000-ти, можеш да ги посетиш и двете страни на Никозија.
На места со таква поделена историја, важно е да се најде единство. Кипарскиот главен град е дом на проектотНов Европски Баухаус (НЕБ), Градини на иднината, кој го освои гласот на јавноста во категоријата "Враќање на чувството на припадност". Градините се дизајнирани да бидат инклузивен, заеднички простор кој може да помогне во обединување на заедниците и да го оживее чувството на припадност и поврзаност на луѓето.
Проектот "Градините на иднината" има четири клучни цели: да поттикне одржлив развој; да игра улога во циркуларната економија со користење на филозофијата "градење од отпад"; да им се овозможи на локалните жители да станат земјоделски претприемачи и да ги поддржат нивните зелени социјални амбиции; и да имаат широкоопфатно влијание, дејствувајќи како светилник за други слични проекти низ Кипар.
Иако Никозија гледа кон иднината, таа има богата историја која треба да ја истражиш кога ќе ја посетиш. Музејот на Кипар содржи некои од археолошките наоди на островот, како што се керамика, накит, скулптури и монети, кои датираат од неолитскиот период, ледената епоха, бронзената епоха и грчко-римското време.