Лајпциг е бастион на германската класична музика, тоа е градот, во кој е роден и образован Рихард Вагнер. Бах работел тука помеѓу 1723 и 1750 година, а неговото наследство се чествува со годишниот Меѓународен Бахов натпревар и музичкиот фестивал Бахфест.. Музиката е дел од душата и идентитетот на градот, и со векови ги привлекува музичарите и музичките институции. Како резултат на тоа, на девет локации со музичко значење низ градот - од цркви до образовни установи - им е доделена ознака за Eвропско наследство. Овие локации, кои се колективно познати како Музичко наследство на Лајпциг, претставуваат различни епизоди од музичката историја на градот и го прикажуваат опсегот на музички активности кои се случувале во градот од 13 век. Додека си во градот, прошетај се низ 5.3 км долгата Лајпцигер Нотенспур (Музичка патека) – која вклучува Музеј на музички инструменти, како и Zum Arabischen Coffe Baum, најстарото кафуле во Германија. Градот е исто така дом на Лајпцигер импровизацион фестивал фур але музик, или Лајпцишкиот импровизациски фестивал за стара музика, фестивал кој ги смета историските импровизациски практики како дел од културното наследство и вклучува комбинација на концерти, работилници и џем сесии. Освен това може да ги посетиш и трите фестивали Мелт!, Фул Форс и Сплаш!, Три фестивали кои се одржуваат на север на отворен простор во Ферополис. Ферополис претставува жив музеј полн со импресивна индустриска историја, која служи како уникатна сцена за концерти и настани.
Хамбург е втор по големина град во Германија познат како "Вратата кон светот", Градот е еден од градовите основачи на Мрежата на музички градови, меѓународно здружение што ги обединува музичките градови и креаторите на политики. Градот исто така бил место на раѓање на Хамбургер Шуле (Хамбургска школа), музичко движење кое го отворило патот за поп музиката на германски јазик. Две од нејзините области, Шпејхерштадт и Конторхаус, се вклучени во листата на светското културно наследство на УНЕСКО. Додека си во градот, не заборавај да го посетиш музејот Св. Паули - областа е исто така позната по своите бројни музички клубови каде многу музичари ја започнале својата кариера, како што се Битлси. Можеш исто така да ги откриеш добитниците на наградите Мјузик Мувс Јуроп на годишниот Реепербан фестивал. На крајот, не пропуштај ја Елбфилхармонија, новата знаменитост на Хамбург - концертна сала во поранешно пристанишно складиште. Исто така вреди да се спомене и Вакен фестивал на отворено, еден од најпознатите хеви метал музички фестивали во светот, кој се одржува во близина на Хамбург.
Музиката секогаш била важен дел од културната ДНК на Аархус. Градот е дел од Мрежата на музички градови и беше крунисан за Европска престолнина на културата во 2017 година. Од големи концерти во Музикхусет Аархус до рок концерти во Воксхол, има нешто што му одговара на секој музички вкус. Фестивалот во Аархус се состои од над 1.000 настани во текот на 10 дена со учество на меѓународни и локални уметници, кои привлекуваат луѓе од сите возрасти, што го прави еден од најголемите културни настани во Северна Европа. Аархус е исто така дом и на Aархус Џез Фестивал, осумдневен фестивал со стотици концерти низ градот, од кои голем број се бесплатни. За мала доза на историја, посети го Ден Габле Бај, голем музеј на отворено, сличен на лавиринт, во кој се прикажува животот во Данска во 18 и 19 век. Посетата на Аархус не е комплетна без прошетка по Рејнбоу Панорама, 150-метарска кружна патека на врвот на AРос музеј на уметноста.
Роксилде е град богат со култура, кој е синоним на неговиот музички фестивал. Главните музички настани се одвиваат во период од четири дена, иако можеби ќе можеш да пристапиш до местото пред да започне фестивалот за да уживаш во неговиот амбиент. Фестивалот Роскилде е најголемиот во Скандинавија и е толку важен за градот што го создал Mузикон, културен центар сместен во поранешна фабрика за бетон. Покрај тоа, фестивалот не го води самиот град, туку Добротворно друштво на Роксилде фестивалот, непрофитна организација која од 1971 година до денес, донирала повеќе од 55 милиони евра за хуманитарни, културни и непрофитни проекти низ целиот свет. Кога си во Роскилде, не пропуштај посета на Рагнарок, музеј посветен на рок музиката, поп музиката и младинската култура.
Лоциран покрај Балтичкото Море на источниот брег на Шведска, градот Норчепинг бил истакнат град за време на индустриската револуција. Од 2017 година, тој е град на музиката на УНЕСКО, и има богата музичка сцена која опфаќа жанрови од класична до електронска музика. Симфонискиот оркестар во Норчепинг е еден од најпознатите во Скандинавија, а во него свират дури 85 музичари.
Норчепинг активно ги интегрира културните и креативни индустрии во својот урбан развој. Старата концертна сала Хорсален, се трансформира во музички центар за млади луѓе, а музичката индустрија ја поддржува мигрантската заедница со можности за вработување.
Основан во 1621 година како комерцијален рибарски центар, Гетеборг е втор по големина град во Шведска и е член-основач на Мрежата на музички градови. Градот има богата музичка традиција и е родно место на многу значајни музичари, меѓу кои и Бјорн Улвеус од АББА и пејачот и текстописец Хозе Гонзалес. Музичките традиции на градот се одразуваат преку фестивалот Веј Аут Вест, тридневен настан со култни музичари и групи кои опфаќаат од хип-хоп до алтернативен рок и електроника. Настојувањата на градот да го направи транспортот, домувањето и вработувањето достапни за лицата со попреченост и постарите лица беа наградени во 2014 година кога таа година ја освои накрадата на ЕУ за пристапен град. Прошеткај по каналите и откриј ја Фескекорка, историски рибен пазар со неговата необична форма која наликува на црква. Понатаму, застани и уживај во шведскиот обичај ‘фика’, пауза за пиеење на кафе и јадење на колачи со други луѓе, во Хага. Првобитно планиран како првото предградие на Гетеборг во 17-ти век, овој инспиративен кварт денес е неизбежен дел во центарот на градот, со своите калдрмени улици и добро зачувани дрвени куќи од 19 век.
Европска престолнина на културата во 2008 година, Ставангер е дом на неколку годишни прослави на музиката, со фестивали за џез, фолк музика, рок и друго. Можеби најпознат е Меѓународниот фестивал на камерна музика во Ставангер, каде што светски познати солисти настапуваат заедно со новооткриени таленти.
За малку доза на историја, посети ја Гамле Ставангер, мала историска област со повеќе од 170 убаво реновирани дрвени згради од 18 и 19 век. Имаш ли потреба од малку природа? Направи обиколка со чамец за да го доживееш Лисефјордот и Пулпит Рок(карпа), која се издигнува на 600 метри над тебе.