Skip to main content
Submitted by Roxanne VAN DE… on
Draw lines
Yes
Color
#0000ff
Cities/Points
Name
Бон
Country
Germany
Population
330000
Why visit?

Бон бил главен град на Сојузна Република Германија до 1990 година. Историјата наградот е добро документирана во Хаус де Гешихте (Куќата на историјата на Сојузна Република Германија), еден од најпопуларните германски музеи.
Културната важност на Бон е нагласена со неговиот статус како дом на познатиот германски композитор Лудвиг ван Бетовен. Градот може да се пофали со најголемата колекција на Бетовен во светот, со оригинални партитури и инструменти изложени во куќата каде што се родил. 

Image
Бон
Coordinates
50.7035976,6.9737783
Tags with icon
Historic Architecture
Plenty of Nature
UNESCO World Heritage List
Name
Стразбург
Country
France
Population
401000
Why visit?

Историски богат град, Стразбур ја сменил својата државност четири пати во 75 години, помеѓу 1870 и 1945. Центарот на градот, кој е комбинација на француски и германски влијанија, е локација на наследството на УНЕСКО. Европски округ, кој во 2015 година бил награден со знакот на европското наследство за улогата во европската интеграција и демократија, содржи некои прекрасни експонати на современата архитектура, вклучувајќи го и Европскиот парламент. 
Кога си во Стразбург, упати се кон мостот во градината на два брега, таму можеш да стоиш со едната нога во Франција а со другата во Германија.
 

Image
Стразбург
Coordinates
48.5691668,7.6920398
Tags with icon
European Heritage Label
UNESCO World Heritage List
Historic Architecture
Rich in Music
Name
Шенген
Country
Luxembourg
Population
4900
Why visit?

Мало село во југоисточниот дел на Луксембург, Шенген се наоѓа во граничниот триаголник на Германија, Франција и Луксембург. Имено, тука е потпишан Шенгенскиот договор, со кој се укинуваат проверките на внатрешните граници помеѓу повеќето земји-членки на ЕУ. Освен тоа, исто така и земјите кои не се членки на ЕУ, Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн, се приклучиле на Шенгенското подрачје.
Посетата на Европскиот музеј е задолжителна кога си во Шенген - таму можете да дознаете како Европа се развивала кон еден по-обединет континент со заедничко граѓанство. Селото е исто така познато по неговите многубројни винарии и лозови насади. Прошетај се покрај реката Мозела, која е опкружена со бројни лозја, за да поминеш тивко и опуштено попладне. На селото Шенген му е доделена ознаката за Европско наследство во 2017.
 

Image
Шенген
Coordinates
49.4991305,6.2918057
Tags with icon
European Heritage Label
Plenty of Nature
UNESCO World Heritage List
Name
Еш-сур-Алзет
Country
Luxembourg
Population
35000
Why visit?

Лоциран во јужниот дел на Луксембург, Еш-сур-Алзет е вториот најголем град во земјата по главниот град. Некогашниот индустриски рударски град во последните години се претворил во самостоен културен центар - и тоа до таков степен што градот во моментов ја држи титулата на Европска престолнина на културата за 2022. Клучот за неговата трансформација е преопбразбата на старите згради - Бласт Фурнас Белвал, во западниот дел на Еш, каде сега се наоѓаат Луксембург Универзитетот и Рокхол, најголемата музичка сала во Луксембург.

Image
Еш-сур-Алзет
Coordinates
49.489239,5.938406
Tags with icon
European Capital of Culture
Plenty of Nature
Walkable City
Name
Турне
Country
Belgium
Population
69000
Why visit?

Турне бил првиот главен град на Франција и еден од најстарите градови во Белгија, со над 2.000 години. Неговата уникатна катедрала Нотр Дам со пет кули, импозантна структура која е невозможно да се пропушти, е објект од светското наследство на УНЕСКО, а исто така и нејзината камбанарија, најстарата во Белгија.
Фасциниран/а од историја? Дознај и научи се за начинот на живот на локалните жители во 23-те изложбени соби на Mезон Турнесиен – Mузеј на фолклорот. Или посети го музејот на гоблените во Турне со својата колекција од 250 ремек-дела на гоблени - некои од нив датираат уште од 15 век!

Image
Турне
Coordinates
50.6207142,3.3404644
Tags with icon
UNESCO World Heritage List
Walkable City
Name
Мастрихт
Country
Netherlands
Population
121000
Why visit?

Град полн со европска традиција, Мастрихт е симбол на европската интеграција; Тука во 1992 година, тогашните 12 земји-членки на ЕУ се согласиле на монетарната унија која доведе до воведување на еврото. Договорот од Маастрихт, кој самиот по себе поседува ознака за Eвропско наследство, исто така вклучува одредби за проширување на надлежностите на ЕУ во областа на културата и животната средина, меѓу другото.
Мастрихт е град на пазарите. Неговиот главен пазар е отворен секоја среда и петок, а во другите денови низ градот ќе најдеш пазар за риби, пазар за се и сешто и органски пазар низ градот. Пробај парче од Лимбуршкиот влааи, обилна овошна торта која е традиционална за регионот.

Image
Мастрихт
Coordinates
50.8578842,5.630867
Tags with icon
European Heritage Label
Notable Museums
Plenty of Nature
Name
Лејден
Country
Netherlands
Population
125000
Why visit?

Дом на најстариот универзитет во Холандија, Лејден е познат како "Градот на откритијата", бидејќи многу од светските откритија се направени таму. Големата експлозија, млечниот пат или суперспроводливоста се само неколку од нив.
Кога сте во Лајден, посети го Центарот за биодиверзитет на Натуралис – кој е именуван за Европски музеј на годината за 2021 година, за неговата привлечна колекција на природни експонати. Исто така, нешто што не треба да го пропуштиш е обиколката на повеќе од 100 поеми, напишани на различни јазици, кои ги украсуваат надворешните ѕидови на неговите згради.
 

Image
Лејден
Coordinates
52.1517843,4.4466504
Tags with icon
Historic Architecture
Notable Museums
Walkable City