Денешниот прв паметен град во Србија своите корени ги влече од античките времиња, наоѓајќи се на неофицијална граница помеѓу Истокот и Западот уште од времето на Римската империја! Древниот град Наисус е родното место на царот Константин (272 - 337 година п.н.е), кој сеште може да се види во археолошкото наоѓалиште Медиана. Потоа градот бил освоен од страна на Османлиите, кои ја изградиле доминатната тврдина во која сè уште постои џамија од 16-ти век , како и запрепастувачката кула од черепи, Челе-кула, која била изградена за да предупредува против востанија на народот. Сакаш да се опуштиш? Тогаш уживај во прошетка по необичната калдрмена улица со назив, Казанџиско сокаче! Сега таму прекрасни кафулиња и ресторани ги замениле калајџиите од последниот запазен занаетчиски период, каде калајџиската работа продолжила до 1990 година. Не пропуштај да каснеш нешто во кафана, типична балканска таверна, која комбинира вкусна храна и забава во живо. Градот Ниш сепак не е само од историски интерес! Проектот за имплементација на паметна градска инфраструктура веќе е во тек, а градот ги користи податоците за управување со сообраќајот, следење на квалитетот на воздухот и намалување на загубите во електричната мрежа.
Неверојатно е сознанието дека сегашниот модерен изглед на овој град е резултат на масивен земјотрес кој уништил голем дел од градот во 1963 година. Сепак, во Скопје сѐ уште има некои остатоци од неолитските населби во рамките на старата тврдина Кале од која има поглед кон модерниот центар на градот! Прошетај се меѓу традиционалните занаетчиски продавници на фасцинантниот Стар Базар, еден од најголемите пазари на Балканот. Од таму, не заборавај да го посетиш Каменот мост, еден од главните симболи на градот, изграден во 15ти век врз римски темели. Што се однесува до ноќниот живот, Скопје може да ги задоволи сите вкусови благодарение на широк спектар на барови и клубови! И ако сакаш да откриеш повеќе, само преземи ја апликацијата "Мое Скопје" и дознај за локалните настани, случки и вести - само колку да наброиме неколку. Апликацијата е клучен дел од последната фаза на проектот "Паметен град" на Скопје, кој има за цел да обезбеди подобар живот преку иновативна и напредна технологија, вклучувајќи поздрава животна средина, подобри услуги и подобра комуникација со граѓаните. Северна Македонија, исто така, силно е посветена кон помладата генерација. Земјата инвестира 150 милиони МКД (околу 2 500 000 евра) во обезбедување на дигитална преквалификација благодарение на активната вклученост на Дигиталниот форум составен од претставници на универзитетите за ИКТ, трговските комори, експерти за ИКТ и претставници на владата.
Дали јогуртот е единственото нешто што го знаеш за Бугарија? Ако е така, земи и стави лажица во ранецот и тргни побрзо за Софија! Главниот град на Бугарија е полн со возбудливи работи за да се видат, пробаат и јадат! Додека си во Софија, ти препорачуваме да направиш бесплатна турнеја со компанијата Балкански закуски. Додека се шеташ низ овој прекрасен град, ќе застанеш во 5 различни продавници и ресторани за да дознаеш за уникатноста на бугарската храна. И ако сакаш сам/а да го откриеш градот, тогаш преземи ја Софиската интерактивна мапа! Бугарскиот главен град е на пат да стане паметен град. Софија учествуваше во иницијативата Предизвици на дигиталните градови на Европската комисија, за создавање на нејзиниот нов голем центар за податоци за високи достигнувања. Главниот град исто така инсталирал 22 безжични пристапни точки од висок класа, обезбедувајќи бесплатен Wi-Fi од 100 Мбит/с.
Дали си страстен/а љубител/ка на османлиската архитектура? Во тој случај, Едрене е местото кое што треба да го посетиш! Избран за главен град на Отоманската империја во 1363 година, во градот се наоѓа џамијата Селимие, која од 2011 година е на листата на светското наследство на УНЕСКО. Од таму, лесно можеш да одиш до Базарот Али Паша, традиционалниот покриен пазар со над 130 тезги, и да го видиш хипер-реалистичниот мејве сабуни, сапуните во форма на овошје по кои Едрене е познат во Турција. Во јуни или јули, љубителите на културните настани можат да уживаат во фестивалот на маслена борба во Киркпинар, тридневен настан посветен на спортот кој датира уште од 14ти век. Едрене, исто така, го трасира својот пат како паметен град во паметна мобилност благодарение на воведувањето на паметен транспортен систем
Како еден од најголемите градови во светот, Истанбул е мултифункционален бисер со белези на неколку култури. Можеш да го започнеш твоето патување со посета на неверојатната катедрала Аја Софија, најголемото архитектонско достигнување на Византиската империја. Оттука натаму, имаш многу што да избереш! Од едната страна, тука е живописната сина џамија која е само на неколку чекори. На другата страна, се наоѓа раскошната палата Топкапи со нејзините украси кои го одземаат здивот: неповторлив примерок на исламската уметност. Покрај уметничките чуда што сведочат за славното минатото на градот, Истанбул исто така го трасира и патот кон иднината. Градот започна широка програма за дигитализација фокусирана на осум области, вклучувајќи мобилност, животна средина и управување, потпирајќи се на стратешки цели за подобрување на квалитетот на живот.