Skip to main content
Submitted by Elisavet KOZAKOU on
Draw lines
Yes
Color
#006400
Cities/Points
Name
Белосток
Country
Poland
Population
300000
Why visit?

Прекарот на Белосток кој гласи "зелените бели дробови" на Полска, зборува сам за себе: со своите паркови, плоштади и шуми, една третина од градот е завладеана од природата во целосна хармонија со одржливиот урбанистички развој, промовиран од Новиот Европски Баухаус (НЕБ).

Првиот “џебен парк“ во градот е вистинско откритие. Овој мал, но пријатен парк е проектиран за луѓе од сите возрасти и има специјални клупи за постари и лица со попреченост, лулки за деца, еколошко осветлување и поставки со држачи за велосипеди.

Благодарение на близината на Белосток до границите на Полска со Литванија, Русија, Белорусија и Украина, градот низ годините привлекол доста мигранти, што го поттикнало неговиот дух на отвореност. Покрај мнозинското еврејско население, кое датира од 1900-те години, сега има и мала татарска муслиманска заедница со исламски центар и молитвена дом.

За софистицирани вечерни забави, Подласката опера и филармонија е најголемата и најмодерната културна институција во градот. А со својата стаклена структура, природен ентериер и панорамска глетка од покривот, покриен со растенија, дефинитивно вреди да се посети.

Image
Белосток
Coordinates
53.1277077,23.0860266
Tags with icon
Rich in green spaces
Name
Каунас
Country
Lithuania
Population
700000
Why visit?

Вториот по големина град во Литванија, сместен каде што се слеваат реките Немунас и Нерис, Каунас го симболизира духот на слобода на мислата. Затоа не е чудно што градот има улица наречена Авенија на слободата (Лаисвес Алеја на Литвански), која е долга 1.6 км и е една од најдолгите во Европа.

Како дел од фестивалот на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), овој модерен град беше домаќин на паралелен настан посветен на улогата на дизајнот во циркуларната економија. Во градот се наоѓа и алатката за дигитална картографија Гениус Локи, која е проектирана и креирана од граѓаните за заштита и следење на урбаниот развој на квартот Шанчиаи. Заедно, картите создаваат услови за зајакнување и давање на можност за колективното граѓанско учество.

Како дел од иницијативата Каунас 2022, Европска престолнина на културата, градот постепено се претвора во "една голема сцена на Европа", која угостува стотици различни внатрешни и надворешни настани.

Додека си во градот, би можел да го посетиш бродот Немуно7, кој е водечко место на EКОК, кој ги рефлектира вредностите на Новиот Европски Баухаус. Тој стар брод е претворен во културен простор, кој поттикнува на размислување за улогата на водата во природата.

Инклузивноста и пристапноста се клучни карактеристики на неколку места низ градот. На пример, историската претседателска палата, обезбедува достапни водичи на шест јазици, вклучувајќи го и знаковниот јазик и Браиловата азбука. И ако сакаш да дознаеш повеќе за историјата на градот, фестивалот Сити Телинг, кој обединува музеолози, драматурзи, историчари, раскажувачи на приказни и локални активисти, ја слави мултиетничката "меморија на Каунас".

Image
Каунас
Coordinates
54.8900536,23.8572242
Tags with icon
European Capital of Culture
NEB Projects
Name
Рига
Country
Latvia
Population
605000
Why visit?

Дали знаеш дека Рига има највисока концентрација на модерна архитектура, Арт Нуво, во светот? Зграпчи ја можноста да се изгубиш низ улиците на градот, додека шеташ и се восхитуваш на неговите прекрасни згради кои ги прифатиле архитектонските вредности и цели на Новиот Европски Баухаус (НЕБ).

Летонската престолнина е дом на различни објекти изградени на база на пристапност и одржливост. На пример, Mежапарк – место, каде што рекреацијата, културата и природата се спојуваат - е најпознатиот парк во градот, со куќи, ритчиња, шуми и езеро.

Сакаш ли да разгледаш некои објекти кои ја спојуваат архитектурата со природата? Тогаш не заборавај да го посетиш дворецот на културата Семелблазма, кој се наоѓа во средината на голем парк. Или пак може да ја посетиш неодамна обновената голема концертна сцена во Межапарк, првично изградена во 1950-те години на минатиот век. Оваа импресивна архитектонска творба е повеќенаменско место за рекреација, кое не само што вклучува зелени пространства, туку е опкружено и со шума.

Етнографскиот музеј на Летонија под отворено небо, е еден од најстарите музеи на отворено во Европа. Неговите 118 внимателно зачувани историски згради се поставени во близина на огромна борова шума, што им дава на посетителите чувство на слобода додека ги разгледуваат.

Image
Рига
Coordinates
56.9718664,23.9889925
Tags with icon
Rich in green spaces
Name
Талин
Country
Estonia
Population
426538
Why visit?

Како Европска зелена престолнина за 2023 година,Талин го вдахнува духот на урбаната авангарда, слободата и грижата за животната средина, совршено претставувајќи ја смислата на Новиот Европски Баухаус (НЕБ). Автопатот Полиантор ја интегрира природата во градскиот пејзаж, со воспоставување на ливада како коридор помеѓу квартовите на градот. Истовремено, комбинацијата на средновековната историја на Талин и пост-советското влијание врз неговата архитектура, му придаваат на Естонскиот главен град дух на разнообразност и безвременост.

Овој балтички крајбрежен град може да се пофали со разновидни пејзажи кои го одземаат здивот, често во тандем со одржливи и инклузивни пространства, како што е музејот на уметноста Куму. Сместена на огромниот отворен простор на паркот Kадриорг, таа функционална, модерна и енергетски-ефикасна зграда ги опфаќа Естонските градителски традиции. Исто така вреди да се посети и културниот центар креативен град Телискиви, кадешто се среќаваат креативни групи, за да ја споделат инклузивната култура. Поранешната индустриска област сега е претворена во место, каде се организираат секакви видови на настани: Таму ќе најдеш изложби и концерти, пазари и фестивали, бутици и бистроа.

Image
Талин
Coordinates
59.4717925,24.5981608
Tags with icon
Urban renewal
Sustainable initiatives
NEB Projects
Name
Град херој на НЕБ: Хелсинки
Country
Finland
Population
650000
Why visit?

Главниот град на Финска е дел од градовите херои на (НЕБ) Новиот Европски Баухаус, a во 2021 година., бил домаќин на дискусијата за дизајн, врз основа на основните принципи на иницијативата: проектирање на градови на одржлив и инклузивен начин.

Во срцето на градот се наоѓа воодушевувачки инспиративната Централна библиотека Ооди, изработена од стакло, челик и дрво во комбинација на традиционален и иновативен дизајн. Проектирана така, за да биде достапна за секој, инклузивниот дух на библиотеката им овозможува на сите граѓани, вклучувајќи ги и групите кои се со попреченост и младите луѓе, да имаат пристап до знаење.

Градското реновирање е често употребувана тема во Хелсинки. Фабриката за кабли, првично изградена за индустријата во 1950-те години, сега е најголемиот културен центар во Финска, со пет хектари спортски клубови, уметнички училишта, музеи, галерии и друго.

Сакаш да избегаш од градската бучава? Тогаш капелата Кампи е вистинското место за тебе. Таа дрвена "Капела на тишината" е идеално место, за да си го прочистиш умот и да уживаш во мир и тишина.

Image
Хелсинки
Coordinates
60.109263,24.4445027
Tags with icon
Urban renewal
NEB Projects