Skip to main content
Submitted by Beatriz RODRIG… on
Draw lines
Yes
Color
#192FAE
Cities/Points
Name
Стразбур
Icon on Map
Country
France
Population
401000
Why visit?

Често се смета за врска помеѓу француската и германската култура, целиот центар на градот Стразбур е на листата на Унеско на заштитено светско културно наследство. Градот беше еден од финалистите за наградата за Европска зелена престолнина во 2021 година и е предводник на борбата против климатските промени и подобрувањето на квалитетот на воздухот. Во 2012 година, Стразбур ја започна повелбата „Сите обединети за повеќе биодиверзитет“, која ги штити шумите, парковите и дивиот свет во градот преку создавање живеалишта за видови како што се пчелите, обесхрабрувајќи ја употребата на пестициди на културите и поставувајќи зелени покриви на зградите. Уште повеќе, ако отсекогаш си сакал/а да бидеш во две земји истовремено, тогаш Стразбур е вистинското место за посета. Пупати се кон мостот во Градината на два брега - каде можеш со едната нога да стоиш во Франција, а со другата во Германија!

Image
Стразбур
Coordinates
48.5689692,7.6061945
Tags with icon
Improving air quality
Wonderful for wildlife
Name
Луксембург Сити
Icon on Map
Country
Luxembourg
Population
115000
Why visit?

Луксембург Сити е вистински скапоцен камен на круната на Луксембург - единственото Големо Војводство во светот. Повеќе од една третина од градот обилува со паркови и градини, а градот најдобро се истражува пеш или со велосипед. Опфаќајќи ги клисурите на реките Петрус и Алзет, Градот Луксембург е зелено топ место кое не треба да се пропушти. Целиот јавен превоз во земјата е бесплатен, па зошто да не го искористиш тоа и да земеш автобус од Централната станица (Гаре централ) до прекрасното езеро Ехтернах? Земи книга и ужина за на пикник, и за помалку од еден час ќе уживаш во ручек на брегот покрај езерото!

Image
Луксембург
Coordinates
49.6075757,6.0534696
Tags with icon
Plenty of parks
Green ways of getting around
Name
Лувен
Icon on Map
Country
Belgium
Population
100000
Why visit?

Добитник на Европската награда Зелен лист во 2018 година, Лувен е историски универзитетски град, сместен 25 км источно од белгиската престолнина Брисел. Градот си поставил амбициозна цел да стане јаглеродно неутрален до 2030 година и го направил превозот позелен со воведување на зони без автомобили и со подобрување на велосипедската мрежа. Ботаничката градина во Лувен датира од 1738 година и е совршено место за да се направат фотографии на неверојатни тропски растенија вредни за на инстаграм Ако не можеш да стигнеш до Лувен, наместо тоа можеш да ја посетиш градинита и дигитално!

Image
Лувен
Coordinates
50.8841123,4.622967
Tags with icon
Green ways of getting around
Bicycle-friendly
Name
Есен
Icon on Map
Country
Germany
Population
583000
Why visit?

Еден од скриените скапоцени германски бисери, Есен се обврзал да се бори против климатските промени, да создаде зелени површини и да го подобри квалитетот на воздухот. Во текот на изминатите 40 години, Есен се трансформира од заедница фокусирана на ископување на јаглен и производство на челик во еколошки свесен и зелен град. Оваа трансформација беше препознаена во 2017 година, кога градот ја доби титулата за Европска зелена престолнина. За да дознаеш повеќе за индустриското минато и еколошката транзиција на градот, задолжително посети го музејот Рур. Сместен во напуштен рудник за јаглен, музејот е дел од културното наследство што ја раскажува приказната за Рурската долина.

Image
Есен
Coordinates
51.4407917,6.851212
Tags with icon
European Green Capital
Climate Neutral 2030
Name
Нијмеген
Icon on Map
Country
Netherlands
Population
172000
Why visit?

Сместен на бреговите на реката Вал, Нијмеген ја добил титулата Европска зелена престолнина во 2018 година и бил место на првата DiscoverEU средба во 2019 година. Произлегувајќи од римска населба, денес градот е и културен и еколошки центар. Целта на Нијмеген е да стане „климатски отпорен“ до 2050 година, и ја постигнува оваа цел со поддршка на локалните жители, бизнисите и невладините организации. Нијмеген, исто така, работел со еколошки невладини организации за создавање на парк со ветерници, кој денес обезбедува 10% од енергијата во Најмеген. За да ѕирнеш во минатото на градот, не пропуштај го паркот Валкхоф; место на природна убавина со римски урнатини и капела која датира од пред речиси 1.000 години.

Image
Нијмеген
Coordinates
51.8428383,5.7507311
Tags with icon
European Green Capital
Powered by renewables
Bicycle-friendly
Name
Хамбург
Icon on Map
Country
Germany
Population
1810000
Why visit?

Германскиот град Хамбург нуди многу содржини и места за истражување, што го прави совршенa станица за време на твоето DiscoverEU патување. Дали знаеше дека Хамбург има повеќе мостови од било кој друг европски град? Предизвикај ги пријателите да пронајдат што е можно повеќе мостови и да му дадат дополнителни поени на оној кој ќе го најде најстариот мост во градот – кој датира од 1633 година! Именуван за Европска зелена престолнина во 2011 година, северната метропола Хамбург, презела мерки како воведување на обновливи извори на енергија и забрана на пластични шишиња и чаши за кафе за еднократна употреба во јавните канцеларии. Постојат дури и планови да се ослободи центарот на градот од автомобили до 2034 година, за да биде исклучиво достапен за велосипедисти и пешаци.

Image
Хамбург
Coordinates
53.5581189,9.5981896
Tags with icon
European Green Capital
Powered by renewables
Plenty of parks
Name
Копенхаген
Icon on Map
Country
Denmark
Population
559000
Why visit?

Копенхаген вреди да го посети секој патник од DiscoverEU. Без разлика дали ја фотографираш статуата на Малата сирена или посетуваш пазар за да го вкусиш смореброд за прв пат, овој дански град нуди многу за да се види и истражува. Награден со титулата Европска зелена престолнина во 2014 година, Копенхаген е посветен на тоа да го направи животот позелен за сите. Неговата намера е да стане првиот јаглеродно неутрален град во светот до 2025 година, а веќе успешно охрабрил 50% од жителите да користат велосипед како главно превозно средство до работа или до школо. Не пропуштај го Торвеалерне – затворен пазар каде што можеш да најдеш свежи, локални производи. Внатре во пазарот, можеш да пробаш некои дански деликатеси и да поразговараш со други купувачи за важноста на одржливата и локално произведена храна.

Image
Копенхаген
Coordinates
55.6712398,12.5114239
Tags with icon
European Green Capital
Powered by renewables
Marine metropolis
Climate Neutral 2030
Name
Малме
Icon on Map
Country
Sweden
Population
328000
Why visit?

Малме е град кој се издигнал од пепелта на поранешната индустриска пустелија и станал еден од најзелените градови во Шведска. Претходно познат по транспорт и тешка индустрија, со поддршка од шведската влада, градот успеа да стане поеколошки. За подобро да ја разбереш индустриската историја на градот – и да ја споредиш со неговата денешна еколошка амбиција – посети го музејот Малме. Сместен на местото на поранешен замок, комплексот е всушност колекција на неколку музеи, нудејќи корисен увид во минатото, природната средина и поморските традиции на градот. Сите 177 автобуси во Малме се движат на мешавина од компресиран гас и биогас, што значи дека истражувањето на градот не е само интересно, туку е и зелено истотака! Фати го автобусот број 5 до Фулригарен за да го посетиш Сканиапаркен – тивок парк кој нуди одличен поглед на познатиот мост Ересунд, помеѓу Шведска и Данска.

Image
Малме
Coordinates
56.4311481,13.1224467
Tags with icon
Marine metropolis
Green ways of getting around
Climate Neutral 2030
Name
Осло
Icon on Map
Country
Norway
Population
634293
Why visit?

Во 2019 година, Осло беше признат за веќе направената работа за да го направи градот поеколошки и посветеноста на градот за градење на одржлива иднина, и затоа беше прогласен за Европска зелена престолнина.

Кога си таму, посети го паркот Фрогнер – за прошетка, пикник, набљудување на луѓето или уживање во паркот на скулптури. Имаш потреба од повеќе зеленило? Посети го Палас Парк (Слоспаркен) со површина од 54 акри или ботаничката градина во Tојен. Лесно е да се пристапи до природата и надвор од градот. Можеш да се качиш на метрото и да одиш до езерото Сонгсван, каде што можеш да пешачиш, трчаш, пливаш или да направиш пикник. 

Image
Осло
Coordinates
59.8937521,10.6203126
Tags with icon
Climate Neutral 2030
European Green Capital
Bicycle-friendly
Green ways of getting around