Skip to main content
Submitted by Alexia THOMAS on
Draw lines
Yes
Color
#FD6CBA
Cities/Points
Name
Лисабон
Icon on Map
Country
Portugal
Population
505000
Why visit?

Лисабон е еден од 100-те градови во Европа кои се обврзаа да станат климатски неутрални до 2030 година, како дел од мисијата на ЕУ за климатски неутрални и паметни градови. Како Европска зелена престолнина за 2020 година, Лисабон живее и дише одржливост. Португалската престолнина, позната по своите живописни ридови и крајбрежна кујна, ја преполови својата емисија на јаглероден диоксид (CO₂) во периодот od 2002 до 2014 година и денес е лидер во однос на јавниот превоз, електричните возила, велосипедските иницијативи и обезбедувањето на зелени паркови и градини. Сакаш да уживаш во прекрасните глетки на градот? Прошетај низ Жардим де Торел.

Image
Лисабон
Coordinates
38.7440722,-9.2009352
Tags with icon
European Green Capital
Green ways of getting around
Plenty of parks
Climate Neutral 2030
Name
Ваљадолид
Icon on Map
Country
Spain
Population
300000
Why visit?

Сместен во долината на реката Писуерга, Ваљадолид е град посветен на одржливоста. Областите на урбана шума помагаат во апсорпцијата на јаглеродните емисии на градот, а речиси 1.500 велосипедски патеки им помагаат на жителите да се движат на еколошки начин. Околната провинција е позната по историските замоци, како што е Кастиљо ди Симанкас, па зошто да не изнајмиш велосипед и да не истражиш некое од овие скриени шпански богатства?

Image
Ваљадолид
Coordinates
41.7031357,-4.9736207
Tags with icon
Bicycle-friendly
Plenty of parks
Climate Neutral 2030
Name
Викториа-Гастеиц
Icon on Map
Country
Spain
Population
247000
Why visit?

Викториа-Гастеиц е град во Шпанија, кој се наоѓа на само еден час оддалеченост од Билбао и е награден со титулата Европска зелена престолнина во 2012 година, и многу лесно може да се види зошто. Градот е опкружен со „Зелен прстен“ на планини и шуми, а целата популација живее на само 300 метри од зелена површина. Централниот парк Ла Флорида е ботаничка градина со над 90 видови на дрвја и е одлично место за релаксација и уживање во локалната амбиентална атмосфера. Паркот е дури и дом на куќата на културата посветена на шпанскиот писател Хосе Игнасио де Алдеока, која има и своја библиотека.

Image
Викториа-Гастеиц
Coordinates
42.8540351,-2.6977576
Tags with icon
European Green Capital
Plenty of parks
Wonderful for wildlife
Climate Neutral 2030
Name
Сарагоса
Icon on Map
Country
Spain
Population
665000
Why visit?

Како престолнина на регионот Арагон во Шпанија, Сарагоса е позната по својата римска историја, уникатната кујна и својата моќна урбана уметност. Но, покрај тоа, градот многу се посветува и на животната средина. Водниот парк „Луис Бунуел“ е голем парк сместен северо-западно од центарот на градот. Изграден на 140 акри неискористено земјиште, јавниот еко-парк е одличен пример за зелен развој и сега нуди активности како што се сплаварење по брзи води и јавање коњи. Ако претпочиташ побавен ритам, можеш исто така и да веслаш на езерото за чамци во паркот.

Image
Сарагоса
Coordinates
41.6516839,-0.9361805
Tags with icon
Plenty of parks
History lovers
Climate Neutral 2030
Name
Монпеље
Icon on Map
Country
France
Population
297000
Why visit?

Комбинирајќи прекрасно медитеранско крајбрежно време со фасцинантна средновековна историја, Монпеље е незаобиколна станица на твоето патување со DiscoverEU. Самото крајбрежје е дом на Палавазиските лагуни, серија од прекрасни езера кои се заштитени од ЕУ како дел од мрежата Натура 2000. Бидејќи областа често е подложена на екстремни топлотни бранови, заштитата помага во зачувувањето на дивиот свет во лагуните. Друга локација од мрежата Натура 2000 во градот е реката Лез, која тече низ Паркот Домен де Мерик. Паркот е дом на поранешната резиденција на францускиот импресионистички сликар Базил, па без разлика дали сакаш да дознаеш повеќе за неговиот живот или едноставно да уживаш во лежерна прошетка покрај реката, паркот нуди нешто за секого.

Image
Монпеље
Coordinates
43.6100088,3.8329698
Tags with icon
Marine metropolis
Wonderful for wildlife
Name
Лион
Icon on Map
Country
France
Population
1066000
Why visit?

Велосипедска патека Виа Рона долга 815 км која минува низ Лион, нудејќи им на патниците на DiscoverEU можност да го истражат јужниот дел на Франција на одржлив начин, на две тркала. Велосипедската патека го следи кривулестиот тек на реката Рона низ долини и насади од маслинки, почнувајќи од Женевското Езеро до Лион и на крај до медитеранските плажи на Франција. Ако имаш слободно попладне, зошто да не ја искористиш патеката за да ја откриеш убавината на регионот?

Image
Лион
Coordinates
45.7579211,4.7527294
Tags with icon
Green ways of getting around
Bicycle-friendly
Climate Neutral 2030
Name
Стразбур
Icon on Map
Country
France
Population
401000
Why visit?

Често сметан за врска помеѓу француската и германската култура, целиот центар на Стразбур е на листата на светското културно наследство на УНЕСКО Градот беше еден од финалистите за Европска зелена престолнина за 2021 година и е предводник на борбата против климатските промени и подобрувањето на квалитетот на воздухот. Во 2012 година, Стразбур ја запошна повелбата „Сите обединети за повеќе биодиверзитет“, која ги штити шумите, парковите и дивиот свет на градот со создавање живеалишта за видови како што се пчелите, со намалување на употребата на пестициди на културите и со инсталирање на зелени покриви на зградите. Што е уште подобро, ако отсекогаш си сакал/а да бидеш во две земји истовремено, тогаш Стразбур е вистинското место за посета. Упати се кон мостот во Градината на два брега, на кој можеш со едната нога да стоиш во Франција, а со другата во Германија!

Image
Стразбур
Coordinates
48.569045,7.6796788
Tags with icon
Improving air quality
Wonderful for wildlife
Name
Вадуц
Icon on Map
Country
Liechtenstein
Population
5670
Why visit?

Сместен во живописните Алпи, на бреговите на Рајна, Вадуц нуди прекрасни погледи на шумските планини и високите врвови од речиси секоја страна. Неговата мала големина го прави лесно да излезеш од градот и да тргнеш да ја истражуваш природата пеш или со велосипед. Лихтенштајн се грижи за својата флора и фауна со 171 хектар заштитени природни резервати низ целата земја. Ако одлучиш да го посетиш Вадуц, не заборавај да ги понесеш твоите планинарски чевли за да ја искористиш максимално оваа идилична земја.

Image
Вадуц
Coordinates
47.1427124,9.4849727
Name
Нирнберг
Icon on Map
Country
Germany
Population
515000
Why visit?

Познат по неговиот импозантен замок и кривулестите улици на неговиот стар град, баварскиот град Нирнберг беил финалист за наградата за Европска зелена престолнина во 2012 и 2013 година. Зелените зони низ градот ја ограничуваат употребата на возила што загадуваат, правејќи го воздухот во градот почист и подобар за дишење. Исто така, постои силна посветеност на циркуларната економија во градот, со 56% од комуналниот отпад што се рециклира. Центарот на градот е полн со мали независни продавници кои се посветени на продажба на еколошки или органски производи. Љубителите на традиционалните рачно изработени занаетчиски производи сигурно треба да се прошетаат низ дворот на средновековните занаетчии.

Image
Нирнберг
Coordinates
49.4359765,10.9682306
Tags with icon
History lovers
Going circular!