Skip to main content

A.10 Што се очекува од мене како учесник?

Европската комисија сака да добие повратен одговор од младите луѓе кои патуваат и ги охрабрува да ги споделат нивните искуства и авантури. Затоа сите учесници може да станат Амбасадори на DiscoverEU. Тие се повикуваат да ги споделат нивните искуства од патувањето преку алатките на социјалните медиуми или да одржат презентација во нивното училиште или нивната локална заедница. Учесниците се добредојдени да се придружат на #DiscoverEU официјалната Фејсбук група.

А.7 Дали ќе се даде предност на одредени транспортни оператори?

Не. Договарачот кој што ќе го резервира патувањето може да избере било каков начин на превоз и било кој оператор или линии (приватни автомобили или изнаjмени автобуси се главно исклучени).
 

Б.3 Како ќе дознаам дали сум меѓу избраните кандидати или сум на резервната листа?

Статусот на твојата пријава можеш да го провериш на Европскиот младински портал. Зачувај копија од кодот на твојата пријава за DiscoverEU. Не го споделувај (на пр. на социјални медиуми) со никој, освен со овластениот изведувач овластен од Европската комисија и ЕИАОК. Исто така, кога ќе заврши процесот на избор, сите кандидати ќе добијат известување по е-пошта. Многу е важно да бидеш достапен/на за контактирање преку е-поштата која си ја навел/ла во твојата пријава.

A.8 Во моментот на пријавување чекам нов пасош лична карта или дозвола за легален престој. Што треба да направам понатаму?

Кога се пријавуваш, можеш да го употребиш твојот моментален пасош, лична карта или дозвола за легален престој, дури и ако се со истечен рок на важење. Меѓутоа, доколку бидеш избран/избрана и ти се доделат патна пропусница и картичка за попусти, ќе треба да имаш важечки идентификациски документ (пасош, лична карта или дозвола за престој) при комплетирање на формуларот за резервација за да ја добиеш твојата патна пропусница, бидејќи изведувачот има воспоставено процес за проверка на идентитетот. Исто така, потребен ти е и валиден документ кога патуваш.

Б.12 Дали наградата патување може да се пренесе на друго лице?

Не. Наградата патување ќе биде на Ваше име и не може да биде пренесена на друго лице под ниеден услов. Името на наградата патување не може да биде променето.
 

Б.5 Дали можам да патувам сам/а или со група пријатели?

Учесниците може да патуваат сами или во група од максимум 5 луѓе. Ова може да го назначите во Вашата пријава. Во случај ако одлучите да патувате како дел од група, тогаш лидерот на групата мора да биде назначен во име на групата пред Вие да поднесете пријава. Лидерот на групата ја пополнува пријавата, вклучувајќи ги и квиз прашањата и последното прашање. Лидерот на групата ќе добие код при поднесувањето на пријавата кој што потоа треба да го пренесе на максимум 4 дополнителни луѓе на групата, со цел да им овозможи да се регистрираат.

A.5 Јас немам е-пошта адреса. Дали можам да се пријавам за DiscoverEU?

Ако сакаш да се пријавиш, мора да имаш валидна адреса на е-пошта. Постојат многу бесплатни даватели на услуги за е-пошта кои можеш да ги користиш! Запомти ги твоето корисничко име и лозинка бидејќи сета комуникација ќе се одвива преку таа е-пошта.
 

A.11 Добиваат ли учесниците некаква потврда за учество?

На патувањата, учесниците можат да го изградат и зајакнат својот Европски идентитет и да осознаат што претставува ЕУ. Тие ќе може да се поврзат со други луѓе од цела Европа, да разменуваат идеи и да се вклучат во меѓу-државни мрежи. За некои од нив, тоа ќе биде прв пат да патуваат сами. Преку нивното искуство со DiscoverEU, тие ќе развијат клучни компетенции како што се јазични вештини, самодоверба, приспособливост, отпорност кон стрес, потпирање на себе, интерперсонални вештини, вештини за решавање проблеми, организациски вештини и вештини за градење на тим.

Б.9 Што ако одлучам да се откажам од учество иако сум избран/а?

Се што треба да направиш е со твојот код на пријавата, преку центарот за помош да му се обратиш до изведувачот, назначен од Европската комисија и ЕАЦЕА за резервација на патните пропусници. Тоа мораш да го направиш пред да го резервираш патувањето преку формуларот за резервациии. Твојата патна пропусница ќе ја добие некој од резервната листа. Ако бидеш избран/а дополнително ќе добиеш информации за тоа како да стапиш во контакт со изведувачот.

A.4 Зошто учеството во иницијативата DiscoverEU е наменето само за млади на возраст од 18 години?

Кога ја воспостави оваа акција, Европскиот парламент одлучи да се фокусира на младите луѓе кои навршуваат 18 години, бидејќи оваа возраст претставува голем чекор кон полнолетство и европско државјанство.

Subscribe to