Б.15 Моето име е на резервната листа. Кои се моите шанси да добијам патна пропусница?
Тоа зависи од три фактори:
В.1 Колку денови може да патувам?
Твоето патување може да трае од минимум 1 ден до максимум 1 месец, вклучително, со утврден број на денови за патување.
Одговорот ќе го пронајдеш во делот Правила, оддел 8. “Резервирање на билетите за патување и правила на патувањето“.
В.5 Кои се правилата за излезното и влезното патување?
Патната пропусница ќе биде издадена со назначена земја на живеење. Тоа е земјата која си ја навел во својата пријава. Не е можно да се стави друга земја на живеење на патната пропусница која е различна од онаа мазначена во пријавата. Патувањето во твојата земја на живеење со патната пропусница е ограничено на едно излезно и едно влезно патување.
B.3 Може ли да го започнам патувањето од земја во која не живеам?
Да, можно е да го започнеш твоето патување од земја во која не живееш. Меѓутоа, трошоците за одење во таа друга земја/локација не ги покрива DiscoverEU, туку ти ги преземаш на себе.
В.2 Колку земји може да посетам?
Можеш да патуваш во онолку земји колку што сакаш кои се вклучени во програмата.
Сепак, бројот на денови за патување е ограничен; на пр., можеш да престојуваш во странство најмногу до еден месец, но во рамките на тој месец не можеш да користиш повеќе од определен број на денови за патување (на пр. со воз).
Повеќе информации може да најдеш во прашањата подолу. Надворешниот изведувач исто така ќе ти даде повеќе информации доколку бидеш изберен/а и ти го планираш своето патување.
В.14 Дали самостојно треба да ги резервирам и купам патните пропусници?
Не. Не може да ги резервираш или да ги купиш патните пропусници и билетите, бидејќи пропусниците купени одделно нема да бидат надоместени. Патните пропусници и сите комплементарни билети за превоз, ќе бидат резервирани, купени и доставени исклучиво од страна на изведувачот назначен од Европската комисија и ЕИАОК.
Исто така, не треба да резервираш, ниту плаќаш за било какво сместување сè додека не си сигурен за датумите на твоето патување и додека не ја добиеш пропусницата за патување.
В.15 Колку е вредноста на патната пропусницата?
Одговорот на тоа прашање ќе го пронајдеш во делот Правила, оддел 10. “Вредност на патните пропусници и картичките со попусти“.
В.8 Што ќе се случи ако морам да го откажам моето патување или сакам да направам измени?
Изведувачот задолжен за организирање на патната пропусница ќе обезбеди повеќе информации за можните откажувања или измени.
Ако сакаш да го откажеш твоето учество, мораш да го контактираш изведувачот пред да ја резервираш твојата патна пропусница. Во тој случај, изведувачот може да ги понуди патната пропусница и картичката со попусти на кандидат од резервната листа.