Skip to main content
Submitted by Beatriz RODRIG… on
Draw lines
Yes
Color
#9832ED
Cities/Points
Name
Рејкјавик
Country
Iceland
Population
122583
Why visit?

Според извештајот за Среќата во светот за 2023 година, исланѓаните се третиот најсреќен народ во светот. Откриј зошто факторите како што се силното чувство за заедница, природната убавина и љубовта кон литературата придонесуваат Исланд да стане една од најсреќните земји во светот. Кога си таму, посети некое од местата за рекреација на вода како што е базенот Сундхол Рејкјавик, каде што можеш да им се придружиш на исланѓаните во една од нивните национални активности и да уживаш во сауна или парна бања, или посети го Хеиоморк – природен резерват на периферијата на Рејкјавик - за да уживаш во зелен, јавен простор преполн со интересни знаменитости сместени во прекрасен пејзаж.

Image
Рејкјавик - Исланд
Coordinates
64.1334071,22.0083214
Tags with icon
Happy City
Spots to Swim
Name
Рејкјавик
Country
Iceland
Population
122853
Why visit?

Според извештајот за Среќата во светот за 2023 година, Исланѓаните се третиот најсреќен народ во светот. Откриј зошто факторите како што се силното чувство за заедница, природната убавина и љубовта кон литературата придонесуваат Исланд да биде една од најсреќните земји во светот. Кога си таму, посети некои од местата за рекреација на вода како што е базенот Сундхол Рејкјавик, каде што можеш да им се придружиш на Исланѓаните во една од нивните национални активности и да уживаш во сауна или парна бања, или посети го Хеиоморк – природен резерват на периферијата на Рејкјавик - за да уживаш во јавно, зелено пространство, преполно со интересни знаменитости сместени во прекрасен пејзаж.

Image
Рејкјавик - Исланд
Coordinates
64.1333973,-22.017247
Tags with icon
Happy City
Spots to Swim
Name
Осло
Country
Norway
Population
634293
Why visit?

Остани извесно време во Осло и дознај зошто Норвешка често се рангира за една од најсреќните земји во светот. Изобилството на зелени пространства (градот е една од најзелените престолнини во Европа и бил победник на конкурсот за Европска зелена престолнина во 2019 година) и лесниот пристап до природата како што е шумата Нордмарка (оддалечена само 20 минути од градот и достапна со јавен превоз), сигурно придонесуваат за тоа. Познато e дека зелените пространства влијаат добро на менталното здравје. Покрај тоа, во Осло е лесно да се оди пеш или да се вози велосипед, а докажано е дека активноста го подобрува нашето расположение. Ако сакаш вежбањето да ти биде пријатно, обиколи го Паркот на скулптурите Вигеланд, каде што можеш да уживаш во над 200 скулптури на отворено, и каде влезот е бесплатен и е отворено преку целата година.

Image
Осло - Норвешка
Coordinates
59.8937521,10.6203103
Tags with icon
European Green Capital
Bikeable City
Walkable City
Plenty of Nature
Happy City
Former Olympic City
Name
Малме
Country
Sweden
Population
344166
Why visit?

Додека го рагледуваш Малме пеш или на велосипед, можеби ќе откриеш дека движењето на телото го подобрува вашето расположение. Или можеби свежото ветре од Оресундскиот теснец или глетката на водата ќе ти даде насмевка на лицето? Додека си во Малме, не пропуштај да го посетиш музејот на Модерна уметност (влезот е бесплатен за лица под 19 години) или на Малме Констхал (бесплатен влез), каде што можеш да се втурнеш во креативноста, за да видиш дали врската помеѓу уметноста и среќата е вистински за тебе. Малме беше прогласен за најсреќниот град во Шведска во 2016 година, па додека шеташ низ градот, зошто да не ги забележиш нештата кои го подигаат расположението и духот на жителите? 

Image
Малме - Шведска
Coordinates
55.570058,12.8511647
Tags with icon
Bikeable City
Walkable City
Happy City
Access City Award Winner
European Green Capital Finalist
Name
Алборг
Country
Denmark
Population
211684
Why visit?

Отпатувај во Алборг и откриј зошто Данска постојано е на листата како една од првите 3 најсреќни земји во светот, а според една студија Алборг е назначен како најсреќен град во Европа. Тоа е можно да е поврзано со фактот што Алборг е град во кој 84% од жителите се чувствуваат безбедно или затоа што, како и Малме, Алборг е во непосредна близина на вода, за што е докажано дека влијае на среќата. Кога ќе го посетиш градот, не заборавај да го истражиш данскиот концепт за хуге - кој е тешко да се преведе, но е поврзан со забавување на темпото, исклучување на поврзаноста со технологијата (изгаси го телефонот!), и минење на квалитетно време со саканите, или со самиот/самата себе и со добра книга.

Image
Алборг - Данска
Coordinates
57.025446,9.3169813
Tags with icon
Happy City
Walkable City