Преполн со историја, но со поглед кон иднината, Лариса прифаќа смели идеи и прогресивни пристапи кои потполно се во согласност со вредностите и иницијативите на Новиот европски Баухаус (НЕБ).
Во 2021 година, општината Лариса организирала меѓународен конкурс на идеи за оформување на реонот околу првиот антички театар во градот. Еден важен дел од античката грчка култура, живописните театри, биле центарот на социјалниот живот. Освен театрите, само петминутна прошетка ќе ти даде можност да се запознаеш со богатата и разновидна историја на Лариса од античка Грција до Отоманското империја. Пазарите за текстил, познати како безистени – чиј корен доаѓа од арапските зборови за памук (без) и трговци со текстил (безаси) – биле клучен дел од Отоманскиот градски живот, прикажувајќи дека градот претставувал важен, динамичен комерцијален центар. Ларискиот безистен бил изграден кон крајот на 15-ти и почетокот на 16-ти век и иако денес се останати само четири камени ѕидови, таму некогаш имало 21 продавница.
Лариса е привлечна мешавина на контрастни култури, и стари и нови, а иновативниот пристап ја трансформира во модерен град поставен на древни темели. Исто така Лариса е и КЛЕВЕР Сити, кој ги користи иновациите и заедничките креации, за да го обнови својот урбан пејзаж со помош на зафати - базирани на природата.
Следејќи ги вредностите вградени во Новиот европски Баухаус (НЕБ), Солун ги проширува границите, придавајќи и модерни елементи на својата традиционална архитектура. Едно од најинтересните места во градот е амамот Aигли Гени, поранешна турска бања која сега е трансформирана во простор со кино сала и целодневни забави во зима. Во живописниот кварт Валаоритоу, можеш да го посетитш местото спик-изи Три писес, кое претставува кантина со скриен бар и фотокабина. Во близина на стариот град, ќе ги пронајдеш градините Паша, мистериозен парк од непознато потекло, кој содржи бројни мистериозни камени структури, форми и симболи.
Ако си љубител на уметноста, не заборавај да ја посетиш Метрополитенската организација на музеи за визуелна уметност во Солун, каде се одржуваат фасцинантни изложби, од фотографија до руска авангарда.
Освен што е културен центар, Солун е и пример за одржливост. Во 2021 година, градот донесе план за одржлива градска мобилност за прераспределба на јавниот простор и изградба на повеќе пешачки патеки. Солунската лабораторијата за интелигентна мобилност-Ливинг лаб, е европски пионер во областа на употреба на технологија за подобрување на градската мобилност. А за да поттикне одржлив туризам, градот пушти во употреба картичка за одржлив туризам која поттикнува активности со ниски емисии на загадување, како што се пешачки обиколки со помош на туристички водич. Не заборавај да ја земеш твојата картичка кога ќе го посетиш!
Главниот град на Северна Македонија е уникатен и шармантен град. Во моментот Скопје успешно просперира благодарение на вредностите и целите на Новиот Европски Баухаус (НЕБ), Скопје е првиот град од Северна Македонија во рамки на мрежата на зелени градови. Компактен и пријатен за прошетки, градот нуди многу знаменитости, како што е Чаршијата, стар отомански град на ридот, или мостот на уметноста кој е украсен со статуи на значајни македонски уметници и музичари.
Одржливоста е брзо растечка тема во Скопје, што најдобро го покажува младинската организација Го Грин. Организацијата ја стартуваше иницијативата "Од врата до врата": социјално претпријатие кое користи модел за одржливо управување со отпад за подобрување на социјалната инклузија на неформалните собирачи на отпад во градот. Скопје беше финалист на конкурсот за награда за Европска мобилност во 2016 година, благодарение на неговата иновативна услуга за споделување на автомобили во рамки на општината.
Во 1963 година, после катастрофалниот земјотрес, градот целосно бил обновен, што довело до некои извонредни модерни архитектонски градби. Еден пример за тоа е зградата на главната пошта, која е проектирана од Јанко Константинов. Изградена во модерен бруталистички стил, зградата има смели, невообичаени облици кои стрчат од фасадата. Градот исто така е исполнет со речиси 300 статуи и структури, од историски личности до апстрактни уметнички дела, а тука е и 66-метри високиот Милениумски крст.
Ниш е интересна мешавина на историски балкански стил, бруталистичка и пост-социјалистичка архитектура и креативно преобразување на урбаните простори, каде што можеш да ја искусиш вистинската суштина на Новиот Европски Баухаус (НЕБ). Овие стилови се комбинирани за да создадат чувство на енергичен град, богат со историја и култура. Еден таков пример е т.н. Казанџиско сокаче, последната преостаната улица на поранешниот нишки базар, каде што бројни кафетерии и традиционални ресторани или кафе шопови, познати како кафани, се обединуваат во динамичен спој на туристи, студенти и локални жители.
Во 2005 година, Ниш стана член на Енергетски градови, мрежа на локални власти која се стреми да им даде можност на градовите и граѓаните да се насочат кон живот, кој е ориентиран кон иднината. Во 2014 година, градот го усвои Планот за акција за одржлива енергија на Спогодбата на градоначалниците, обврска на локалните влади да ги намалат емисиите на гасови со стаклена градина со усвојување одржливи и ефикасни решенија за урбаниот развој. Ниш е исто така еден од шесте Градови од проектот ТУМОРОУ кои ја предводат кон ниско-јаглеродни, издържливи и по-пригодни градови за живеење. Во 2016 година, Ниш беше домаќин на првата Меѓународна конференција за урбано планирање, собирајќи ги на едно место академиците, истражувачите и градоначалниците за да најдат решенија за предизвиците со кои се соочуваат градовите во 21-от век. Ниш е одржлив град, кој гледа кон иднината!
Додека си во Ниш, посети ја тврдината изградена од Турците во 18-ти век (иако на местото имало тврдини уште од древни римски времиња). Тоа е одлично место, каде моѓеш да поминеш неколку часа, да и се восхитуваш на архитектурата и да ја разгледаш уметничката галерија, тезги на пазарот, ресторани икафулиња. Во тврдината исто така се одржува и музичкиот фестивал Нишвил, затоа додај го и тој настан во твојот календар ако си љубител на џез музика.
Белград е еден от најстарите непрекинато населени градови во Европа. Градот има турбулентна историја, бил населуван од Келтите, Римјаните, Византиската Империја, Франкиската Империја, Бугарската Империја, Кралството Унгарија, Османлиската Империја, Хабсбурзите и други, пред да стане главен град на Југославија во 1918 година. За градот се воделе 115 војни, 44 пати бил уништен, 5 пати бомбардиран и премногу пати бил опколен за сега да се набројат сите. Посети ја црквата Ружица, каде што ќе најдеш две канделабри направени од куршуми, мечеви и делови од топови од Првата светска војна - декоративна карактеристика која доликува на минатото на Белград.
Она што го прави Белград посебно релевантен за Новиот европски Баухаус (НЕБ) е неговата архитектура, со фасцинантен бруталистички акцент на материјалите, текстурите и конструкцијата, во кои се вметнати некои убави Арт нуво и нео-византиски влијанија. Некои извонредни примери вклучуваат апартмани со наведнати блокови, слични на Лего кои се во Нов Белград, Централната телефонска зграда, која изгледа како да плива над земјата, и кулата Авала која е во форма на ракета. Во Белград исто така има зелени пазари како што е Дорчол пијаца, каде се продаваат органски производи, облека од втора рака и рециклирани материјали.
И покрај својата богата историја, Белград напорно работи за да се модернизира и да изгради град на иднината кој же биде дом за секој. Белград, во 2018 година и се приклучил на иницијативата на Европската банка за обнова и развој, мрежа на зелени(еколошки) градови, обврзувајќи се да изгради одржлива инфраструктура и да усвои акциски план на зелени градови.
Рејкјавик е дом на повеќе од 65% од населението на Исланд и се одликува со просперитетна културна и дизајнерска сцена. Со пејзажи кои го одземаат здивот и наизглед вонземски структури околу градот и надвор од него, природата има силно влијание врз исландската уметност.. Познатата креативност на населението се должи неговата прогресивна култура и недостатокот од природни материјали.
Исландскиот дизајн е смел, иноваторски и експериментален, кој го вклучува напредниот и одржлив дух наНовиот европски Баухаус (НЕБ). Неговата модна индустрија ја одликува дрзок, чуден стил, кој се темели на еколошката посветеност популаризирана од славни личности како Бјорк (светска икона на стилот), и материјали како што се рибја кожа и мебел од лава. Двајца истакнати апстрактни и авангардни уметници, Свавар Гуднасон и Нина Триггвадотир, се од Рејкјавик.
Посети ја познатата градска знаменитост во Рејкјавик, концертната хала Харпа. Оваа блоковидна зграда на крајбрежјето, со карактеристична фасада од обоено стакло, била дизајнирана во соработка со уметникот Олафур Елиасон. Харпа ја освои престижната награда на Европската унија за современа архитектура - наградата Миес Ван Дер Рое во 2013 година. Исланд е член на Нордискиот јаглеродно-неутрален Баухаус, проект на НЕБ Лаб.
Иако Исланд можеби не е познат како дестинација за сончање, само малку подалеку од Рејкјавик се наоѓа Наутолсвик, вештачка плажа со златен песок и топол базен. Влезот е бесплатен во лето, а чини околу 5 € преку останатиот дел од годината.