Skip to main content
Submitted by Stefanos AGATH… on
Draw lines
No
Color
#00008b
Cities/Points
Name
Пафос
Country
Cyprus
Population
36000
Why visit?

Eвропската престолнина на културата за 2017, Пафос се наоѓа долж западниот брег на Кипар и е идиличен град со видлива историја. Древните археолошки руини во археолошкиот парк во Пафос се признати и заштитени како објект од светското културно наследство на УНЕСКО.
Посета на таверна - која претставува традиционален кипарски ресторан, е задолжителна кога си во Пафос. Под звуците на традиционална кипарска музика, ќе можеш да пробаш прилично бескраен број на мали закуски познати како мезе. Тие содржат деликатеси, како што е кипарскиот леб на скара, кој се служи со фета, халуми и цацики. Заврши го оброкот со пробање на познатата лукумија; типични кипарски слатки со ЕУ статус на заштитена географска ознака (PGI) што значи дека автентичните лукумии се уникатни за кипарската култура.
 

Image
Древни руини во Пафос
Coordinates
34.7727163,32.415501
Tags with icon
European Capital of Culture
UNESCO World Heritage List
Plenty of Nature
Name
Валета
Country
Malta
Population
255300
Why visit?

Малтешкиот главен град Валлета е огромен музеј на отворено – во неговите тесни улички и тајни градини може да се пронајдат 320 споменици. Валета е објект од листата на светското кулктурно наследство на УНЕСКО и Европска престолнина на културата за 2018 година, познат по своите впечатливи заштитни ѕидини и барокни дворци.
Малтешката кујна е мешавина на гастрономија од редица окупатори на островите - има силно италијанско влијание измешано со шпански, француски, провансански и британски кулинарски елементи, кои и даваат посебен печат. Пробај хобз биз-зејт (малтешки леб со туна и пире од домати) од уличен продавач или застани кај тезга со слатки за да пробаш имкарет; пржена слатка исполнета со вкусна каша од урми.
 

Image
Градот Валета
Coordinates
35.8984892,14.5087876
Tags with icon
European Capital of Culture
UNESCO World Heritage List
Historic Architecture
Walkable City
Name
Рејкјавик
Country
Iceland
Population
130000
Why visit?

Најсеверната престолнина во светот, градот Рејкјавик има се: динамична културна сцена, изобилство на природни богатства и возбудлива локална кујна. Свежите состојки и уникатни јадења ја карактеризираат исландската храна - кујна која се фокусира на висококвалитетни сезонски и локални состојки. Во Рејкјавик може да се пробат најсвежи шкампи, треска и хадок, заедно со локални деликатеси како што е националното јадење на Исланд, хакарл или ферментирана ајкула. Посетата на еден од многуте геотермални извори е совршен начин да се опуштиш додека си во Исланд.

Image
Топли извори во Исланд
Coordinates
64.1335484,-21.9224813
Tags with icon
European Capital of Culture
Exciting Culinary Options
Plenty of Nature
Name
Корк
Country
Ireland
Population
210000
Why visit?

Корк ја заслужува својата репутација кулинарен главен град на Ирска, со својата комбинација на висококвалитетни локални производи и изобилие на креативни, страстни готвачи. Англискиот пазар, култен ирски пазар за производи за јадење со над 200 годишна историја, е одлично место за да се пробаат најдобрите специјалитети на Корк. Се наоѓа во наградена викторијанска зграда, пазарот содржисè, од тезги со свежа храна до најдобрите ресторани во Корк. При посетата, пробај автентичен ирски чедар или зачинето говедско месо, кое традиционално се консумира за Божиќ или Нова година.
Дали се најаде? Прошетај низ тивкиот парк Фицџералд и посети го Нано Нагле Плејс, добитник на музејската награда на Советот на Европа за 2022 година.
 

Image
Слика на Корк
Coordinates
51.8960528,-8.4980693
Tags with icon
European Capital of Culture
Rich in Music
Notable Museums