Крф, кој се наоѓа на исклучителна положба на еден остров во Јонското море, ужива во 300 сончеви денови годишно и во богата кулинарска култура. Кулинарските традиции на Грција датираат илјадници години назад во минатото, а медитеранската исхрана, која се темели на овошје, зеленчук, цели зрна и здрави масти, се смета за една од најздравите во светот. Додека си на Крф, купувај свежи производи (морски плодови, зеленчук, локални производи и билки) од пазарот кој е во близина на венецијанскиот замок, пробај локални специјалитети како што се боурдето (риба сервирана со црвени пиперки, лук, чили и лимон), и пробај локално произведени производи како мед, маслиново масло и кумкуати. Последните 2 производи имаат ОЗП (ознака за заштитено потекло).
Служејќи како пристаниште, Бриндизи долго време бил важно место за застанување на трговците кои патувале низ Средоземното Море, и подалеку. Благодарение на тоа, храната во Бриндизи е составена од вкусна мешавина од различни влијанија. Додека си таму, пробај маслиново масло Колина ди Бриндизи, кое поседува ОЗП (ознака за заштитено потекло) (за кое се смета дека има многу здравствени придобивки), и кое произлегува од регионот, и пробај ги и свежите локални зеленчуци во специјалитети како што ециамбото (чорба од зеленчук). Храната и готвењето се ценат толку многу, што Бриндизи и целиот регион се познати по своите фестивали на храна, како што се фестивал на сабјарка и фестивал на октоподи.
Болоња, која е лоцирана во регионот Емилија-Ромања, е родното место на многу од најпознатите производи од Италија, вклучувајќи ги Пармиџано Реџано(пармезан) кашкавал, Проскуто ди Парма пршута, Ацето Балсамико ди Модена оцет, таљатели и тортелини. Од регионот на Емилија-Ромања исто така потекнува и писателот Пелегрино Артуси, чија книга Наука во кујната и уметноста на добра исхрана (1891), која е клучно дело во светот на италијанската кујна. И како што е соодветно за еден град кој е толку поврзан со добра храна, Болоња има прекрасни пазари за храна каде што можеш да купиш свежи, локални производи. Прошетај се низ живописниот, историски град, за да го подгрееш апетитот за ручек.
Ница се наоѓа на прекрасна местоположба во јужниот дел на Франција, на брегот на Средоземното Море. Благодарение на тоа, посетителите имаат пристап до широк спектар на храна која ја сочинува медитеранската исхрана (во регистарот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО), вклучувајќи ја истоимената салата Никоаз - здрава мешавина од лисја на салата, домати, маслинки, тврдо варени јајца, туна и сардели и рататуи, летно јадење од зеленчук. Маслото произведено од маслинки со потекло од Ница, како и самите маслинки, поседуваат ОЗП (ознака за заштитено потекло), а маслиновото масло е клучен дел од познатата медитеранска диета. Постојат многубројни пазари во Ница каде што се продаваат свеж зеленчук, овошје и локални производи, со што ти е лесно да купиш локални состојки и да готвиш сам/а. Или пак уживај во уличната храна со здрави елементи, така да пробај соца, крцкава палачинка од леблебија.
Благодарение на местоположбата на Тарагона покрај морето, можеш да уживаш во морски плодови од најголемото традиционално рибарско пристаниште во Каталонија. Добро област за јадење е ел Серало, живописното рибарско подрачје. Додека си во Тарагона, не пропуштај да пробаш каталонски деликатеси како ескаливада, салата од печени сини патлиџани, пиперки, лук, компири и артичока или цалкотс (вид на долг пролетен лук) со ромеско сос. Пробај го локалното маслиново масло, Сиурана, масло кое поседува ОЗП (ознака за заштитено потекло), и кое е произведено ексклузивно во провинцијата Тарагона. По спокојниот ручек, уживај во собремеса. Тоа буквално значи "над масата" и се однесува на времето поминато во разговор и дружење по завршувањето на оброкот. Ќе ти помогне да разбереш како силните социјални врски во земјата придонесуваат за долговечноста на луѓето. Ако се наоѓаш во Тарагона во месец мај, можеш да го посетиш фестивалот на храна Тарако а Таула и да пробаш специјалитети направени според древни римски рецепти.
Сардинија е препознатлива како една од светските “Сини зони“ (област која е позната како место на долговечност) благодарение на навиката на локалните жители за чести прошетки, на нивната исхрана и на тоа дека семејството претставува приоритет во животот. Запознај го и уживај во начиниот на нивното живеење кога ќе ги посетиш Сасари и пробај храна од Сардинија како пане красау (тенок крцкав леб), помпиа (локално цитрон овошје) или пекорино, овчо сирење од Сардинија кои поседува признание со ОЗП (ознака за заштитено потекло). Додека сеуште си таму, одвои време да ја истражиш Нурагиската култура, мистериозно население кои ја населувале Сардинија пред 3,000 години.