Skip to main content
Submitted by Beatriz RODRIG… on
Draw lines
Yes
Color
#E2B30B
Cities/Points
Name
Тимисоара
Country
Romania
Population
307000
Why visit?

Романската гастрономија содржи влијанија од различни култури - романците прилагодиле рецепти и стилови од Римјаните, Турција, Грција, Австрија и Бугарија, што ја прави одлично место за вкусување на нови јадења. Кога си во Тимисоара, не пропуштај да посетиш пазар каде што можеш да пробаш свежи производи од романските провинции. Градот нуди многу вкусни јадења и локални специјалитети како што се салата де винете, печена салата од печен син патлиџан, или закуска, сос од син патлиџан и црвени пиперки. Благодарение на својата долга историја на иновации (Тимисоара е познат како "град на првите") и култура, Тимисоара е именувана за Европска престолнина на културата за 2023 година, што поттикнало ново културно наследство. 

Image
Тимисоара - Романија
Coordinates
45.7409586,21.0607041
Tags with icon
European Capital of Culture
Tasty Food
Name
Печ
Country
Hungary
Population
145011
Why visit?

Добивањето на наградата за Европска престолнина на културата во 2010 година, беше стимул за обновување на културниот кварт Зсолнај, трансформирајќи ги претходно некористените фабрички згради во нов културен центар. Додека си во Печ, искористи ја можноста да пробаш традиционални унгарски специјалитети како халасзле (позната топла и зачинета рибена супа со лута пиперка), или летната супа спенотфозелек (супа од спанаќ) или можеби токфозелек (супа од тиква). Исто така, можеш да посетиш и некој пазар и да уживаш во свежо овошје и зеленчук. После некој вкусен ручек, прошеткај по пешачката улица Кирали и застани во едно од многуте кафулиња кои се наоѓаат долж улицата или едноставно восхитувај се на неокласичните фасади и историските куќи.

Image
Печ - Унгарија
Coordinates
46.0762107,17.6597034
Tags with icon
European Capital of Culture
Tasty Food
Name
Нови Сад
Country
Serbia
Population
289128
Why visit?

Благодарение на грчките, бугарските, турските и унгарските влијанија, српската храна е исклучително разновидна, што ја прави Србија совршено место за проширување на твоите кулинарски хоризонти. Посети ги зелените пазари за да купиш свежо овошје, зеленчук и домашни производи. Рибља пијаца (рибниот пазар) и пазарот Футошка се одлични за истражување и разгледување. Нови Сад е фантастично место за да се истражува со пешачење и да се создаде апетит. Зошто да не се прошеташ по делумно пешачката улицата Дунавска (Дунав), и да им се восхитуваш на големите градски куќи изградени во средината на 19 век, откако Нови Сад настрадал за време на револуцијата во 1848 година? Нови Сад беше Eвропска престолнина на културата во 2022, оставајќи наследство на интересни места за истражување.

Image
Нови Сад - Србија
Coordinates
45.2714218,19.7670395
Tags with icon
European Capital of Culture
Tasty Food
Walkable City
Name
Скопје
Country
North Macedonia
Population
546824
Why visit?

Скопје има уникатен шарм и богата историја. Исто така градот е одлично место за да се проба националниот специјалитет на Северна Македонија, тавче гравче - грав потпечен со лук и зачини. Дебар Маало, прекрасен кварт нареден со дрвја, има прекрасна сцена за јадење и пиење и е одлично место да се пробаат локални специјалитети. Или можеш да уживаш во атмосферата на историјата во Бит пазар кој постои од 12ти век, или со посета на византиската (а подоцна и османлиската) тврдина Кале од 6-ти век. Исто така вреди да се посети и Старата Скопска Чаршија, која претставува стариот град на Скопје, со своите кривулести улички и историски градби.

Image
Скопје - Македонија
Coordinates
41.9990608,21.3424885
Tags with icon
Tasty Food
Walkable City
Name
Пловдив
Country
Bulgaria
Population
343424
Why visit?

Пловдив се наоѓа помеѓу планините Стара планина-Балкан, Средна Гора и Родопите, во средината на Долината на Траките. Тој е опкружен со природни убавини - клисури, ридови, шуми, водопади - и силно е препорачлив еднодневен излет за да се поврзеш со природата. Во рамки на градот има многу интересни објекти и места за посета, како што се древниот римски театар (сеуште се користи и денес) и црквата Света Богородица, изградена во 1884 година на местото на светилиште од 9ти-век. Пловдив исто така беше и Европска престплнина на културата во 2019. Или пак можеш да посетиш некој од неговите градски пазари за да купиш локални зеленчуци, кои честопати ги продаваат самите земјоделци, и да пробаш боза (исто така наречена боса), лесно ферментиран пијалак направен од пченка, пченица или ориз, за кое се тврди дека има здравствени својства. Ферментираните зеленчуци, за кои неодамнешните студии покажаа дека придонесуваат за добра цревна флора, претставуваат важен дел од бугарската кујна.

Image
Пловдив - Бугарија
Coordinates
42.1440914,24.6584725
Tags with icon
European Capital of Culture
Tasty Food
#BeActive
Name
Истанбул
Country
Türkiye
Population
15460000
Why visit?

Место каде се спојуваат Европа и Азија, динамичен, возбудлив, ненадминлив град - добредојде во Истанбул. Оваа живописна метропола е одлично место за истражување на мешавина на кулинарни култури. Благодарение на разновидноста на климатските услови во Турција, надополнето со пристапот до морето и историјата на Истанбул како важен трговски пат, постои неверојатна разновидност на свежи состојки, зачини и билки. Истанбул е благословен со прекрасни пазари за храна, од неделни пазари на отворено каде што се продаваат свежи производи од соседните села до постојани пазари кои продаваат свежа риба, зачини и органски производи. Египетскиот Базар постои од 1660 година, па неговата посета претставува кулинарско и историско искуство. Не пропуштај да пробаш свежо исцеден сок од калинка, кој се продава сезонски на колички низ целиот град во септември и октомври.

Image
Истанбул - Турција
Coordinates
40.999278,27.8295666
Tags with icon
Tasty Food
UNESCO World Heritage List
Name
Софија
Country
Bulgaria
Population
1236000
Why visit?

Софија е енергичен град со динамична младинска сцена и култура на храна. Додека си таму, пробај шопска салата, едноставна салата од краставици, домати, пролетен лук, пиперки и солено сирење или таратор, кремаста смеса од краставици и јогурт, сервирана ладна, или кисело млеко, вид на бугарски јогурт познат по својот остар вкус и густа текстура и за кој се смета дека има бројни здравствени придобивки. Посети ja и Централните софиски хали, една од најстарите згради на пазарот што сè уште се користи или неодамна реновираниот женски пазар, за да купиш свежи зеленчуци и самостојно да ги подготвиш јадењата. Софија моментално поминува низ зелена ренесанса; Софија го има надминато своето индустриско минато, и во 2022 година беше финалист за наградите за Европски зелена метропола. 

Image
Софија - Бугарија
Coordinates
42.6954026,23.2415466
Tags with icon
European Green Capital
Tasty Food