Ако бидеш избран/а, ќе добиеш пристап до онлајн центар за помош со одговори на сите логистички аспекти поврзани со патувањето и информации како да стапиш во контакт со надворешниот изведувач.
Во случај да ти се потребни информации, поддршка или совет во текот на патувањето, постојат неколку точки за контакт:
Во случај на некаков проблем
- Повикај 112, за да стапиш во контакт со итните служби на било која земја на ЕУ од било кој телефон, фиксен или мобилен. Тие повици се бесплатни.
- Во случај на губење или кражба на лични предмети, треба да ја известиш локалната полиција. Мора да поднесеш полициски извештај кога поднесуваш барање за осигурување или за оштета.
- Веднаш откажи ги сите изгубени или украдени дебитни или кредитни картички.
- Ако твојот пасош и/или лична карта, извести го конзулатот или амбасадата на твојата земја, како и полицијата.
Контакт со ЕУ
- Лично, по телефон или преку е-пошта: ЕУ соработува со националните агенции за да ја доближи програмата Еразмус+ што е можно поблиску до учесниците/чките. Националните агенции имаат седишта во земјите поврзани со програмата Еразмус+. Во рамки на иницијативата DiscoverEU, тие организираат средби со учесниците кои патуваат во земјата, пред и за време на патувањето. Види ја листата на Национални агенции и нивните детали за контакт.
- За било какви други специфични проблеми или прашања, учесниците треба да се обратат до изведувачот.
- На телефон или преку е-пошта: Еуродеск е младинска информативна услуга за информирање на младите за можностите кои им се нудат во Европа (на пр. за европските програми за волонтирање, студирање или стажирање во странство). Напоменуваме дека Еуродеск не е надлежен за решавање на технички проблеми поврзани со патувањата во рамки на DiscoverEU. За тоа е надлежен надворешниот изведувач, кога ќе те контактира (ако бидеш избран/а). Можеш да се поврзеш со најблискиот центар за информации на Еуродеск преку интерактивна мапа.
- На интернет: Информации на сите официјални јазици на Европската унија се достапни на веб страницата на Европа.
- Лично: Низ цела Европа постојат стотици локални центри за информации на Европската унија. Можете тука да ја најдете адресата од најблискиот центар.
- На телефон или преку е-пошта: Europe Direct е служба за одговори на прашања за Европската унија. Можеш да и се обратиш на оваа служба преку бесплатниот телефон: 00 800 67 89 10 11 (одредени мобилни оператори не дозволуваат пристап до броевите кои започнуваат со 00800 или таквите повици се наплатуваат) или преку е-пошта.
- Прочитај за Европа: Публикациите за ЕУ се достапни на страницата ЕУ Публикации.
- Претставништва на Eвропската комисија: Канцелариите на представништвата ја застапуваат Европската комисија и го набљудуваат јавното мислење во земјата домаќин. Тие обезбедуваат информации за ЕУ преку настани и делење на брошури, флаери и слични материјали за ЕУ.
- Канцеларии за врска на Европскиот парламент:: Нивната улога е да ја информираат јавноста за Европскиот парламент и Европската унија, како и да ги поттикнат граѓаните да гласаат на изборите за Европски парламент.
Г. РЕЛЕВАНТНИ КОНТАКТНИ ТОЧКИ
Weight
2